Малку слична проблематика поврзана со згради и сл, знам дека имаше некој од форум во тој бизнис, па ме интересира мислење.
Се работи за градежно изградено земјиште во Куманово, кое опфаќа 4 парцели и на кое согласно извод од ДУП-от е предвидена зграда.
Од тие 4 парцели, на две има куќи во кои никој не живее (едната е на моето семејство), во едната живее семејство со 2 домаќинства, а на едната парцела има стара двоспратна зграда со 6 стана и еден деловен простор која датира некаде од 1950/60 година.
Подолу се гледа старата зграда и десно од неа нашата парцела и најдесно уште една куќа:
https://www.google.com/maps/@42.1294486,21.7229588,3a,75y,204.15h,91.5t/data=!3m6!1e1!3m4!1s92uUZZDBjYZI6toi0UN6cA!2e0!7i13312!8i6656Лево од таа стара зграда на место од една куќа (се гледа од линкот) веќе се гради нова мала зграда, обележано е местото подолу:
https://www.google.com/maps/place/%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD+%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%9C+4,+%D0%9A%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE/@42.1291504,21.7228497,89m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x13544e30dc69fb19:0x194e5ea1f47b3f6b!8m2!3d42.1290058!4d21.7232016На потенцијалните инвеститори мислам дека им комплицира тоа што треба да се руши (претходно нормално да се договорат со сите станари и со сопственикот на деловниот простор) старата зграда. Кога се работи за куќа има формула (25% од нето изградена површина), меѓутоа не знам што може да им се понуди на станарите од старата зграда (освен што би добиле нов стан).
Ако соработувате со некој посаглам инвеститор, градежна фирма, која работи или би работела во Куманово, на кого овој проект со вакви специфики не би му бил проблем, да исконтактираме, да му се даде извод од планот, па да видиме дали може да произлезе некоај соработка.
Не знам дали на сето ова ќе влијае одлуката на општина Куманово, со која процентот на искористеност на градежната парцела се намалува од 50% на 30%, имаше големи реакции во Куманово. Дали оваа одлука би важела за идните планови или ќе важи и онаму каде што уште не е почнала градба, ниту е побарано одобрение и сл.
Во мојот случај кога е направен планот (ДУП) стои, односно вцртана е зграда со основа од 50% искористеност од вкупната гадежна парцела, дали сега ќе може да се извади одобрение за градба со овој габарит или ќе мора корекција, односно намалување на процентот на искористеност? Не би требало ретроактивно да важи ама дека уште не е отпочната никаква процедура па случајно да не треба корекција.
Благодарам за секој совет