Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 391831 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14873
  • Пудингот на шоферството
Абе тоа шо порано то поубо,ама како шо е проблем за под кирија да се најди уште похолем проблем е и за купување...Јас да можев бемаше 30К ецра да ги "фрлам" во кирија досега...
Ојде еден Ц63 половен. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Среќна околност што пресековме со сопругата пред околу 2,5 години и конечно земавме стан (на кредит секако) по некоја понормална цена, пишав тогаш 1.030 е/м2, а уште подобро што пред два месеци го сменив договорот со банката и направивме да биде фиксна камата од 3,5% во следните 10 години, да сме живи и здрави. Поготово сега кога почнаа малку по малку да ги качуваат каматните стапки за да ја „зауздаат“ инфлацијата, со интервенција на Народна банка.

На почетокот ми беше со повластена стапка, ама ми истече тој период. Сами никако нема да се сетат да ти понудат подобри услови, па им кажав, или помала фиксна камата или одам во друга банка, следниот ден ми се јавија со нови подобрени услови.  Месечниот износ ми остана ист, временскиот период го намалив за 5 години и на камата (за целиот период) намалив за околу 25.000 е.

Немаше одма да ми светне да одам да барам нови услови ако не ми истечеше повластениот период и ги споредив ратите од амортизациониот план, по истекот, од вкупната рата, приближно, главница ми беше само 25%, а камата 75%. Брутално е со банките, ама немавме друг избор.

Кај тебе @MecheTo пред кризата биле стварно добри услови со камата помала од 2%. Во Данска едно врмеме имаа негативна стапка на камата за станбени кредити.
Своерачен потпис ;)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 720
Не сум сигурен ама мислам дека скоро секоја банка има вметнато во договорот клаузула дека ако одиш во друга банка, ќе ти наплатат еднократно провизија од 5% од вкупниот износ на кредитот (процентот можеби варира од банка до банка).
Тоа е услов ако станбениот кредит во тековната банка го затвориш со кредит од друга банка.
Не се наплаќа ако го затвориш со сопствени средства.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
@Lhasa Green Во мојот договор со НЛБ имаше клаузула дека ако одам во друга банка треба да се плати 3% од преостанатиот износ на кредитот. Со направената математика, и да одев во друга банка и да ги платев тие 3% пак ќе ми се исплатеше. Добро е што од НЛБ ми понудија подобри услови и од тие што ги добив од конкурентската банка, па не морав да плаќам ништо, освен за нов договор и амортизационен план што платив околу 300 е.
Своерачен потпис ;)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11105
  • Ќybriт Pro Max
@Filip MK не те задолжија дополнително за рефинансирање на кредитот?
Кај мене условот беше да земам дополнително 5К и повторно осигурување и да почнам од 0

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
@marjanot Не бев условен со такво нешто, како на пр дополнителни средства да земам од банката. Не би знаел да ти одговорам за осигурувањето затоа што мојот кредит е без осигурување.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Малку слична проблематика поврзана со згради и сл, знам дека имаше некој од форум во тој бизнис, па ме интересира мислење.

Се работи за градежно изградено земјиште во Куманово, кое опфаќа 4 парцели и на кое согласно извод од ДУП-от е предвидена зграда.

Од тие 4 парцели, на две има куќи во кои никој не живее (едната е на моето семејство), во едната живее семејство со 2 домаќинства, а на едната парцела има стара двоспратна зграда со 6 стана и еден деловен простор која датира некаде од 1950/60 година.

Подолу се гледа старата зграда и десно од неа нашата парцела и најдесно уште една куќа:

https://www.google.com/maps/@42.1294486,21.7229588,3a,75y,204.15h,91.5t/data=!3m6!1e1!3m4!1s92uUZZDBjYZI6toi0UN6cA!2e0!7i13312!8i6656

Лево од таа стара зграда на место од една куќа (се гледа од линкот) веќе се гради нова мала зграда, обележано е местото подолу:
https://www.google.com/maps/place/%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD+%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%9C+4,+%D0%9A%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE/@42.1291504,21.7228497,89m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x13544e30dc69fb19:0x194e5ea1f47b3f6b!8m2!3d42.1290058!4d21.7232016

На потенцијалните инвеститори мислам дека им комплицира тоа што треба да се руши (претходно нормално да се договорат со сите станари и со сопственикот на деловниот простор) старата зграда. Кога се работи за куќа има формула (25% од нето изградена површина), меѓутоа не знам што може да им се понуди на станарите од старата зграда (освен што би добиле нов стан).

Ако соработувате со некој посаглам инвеститор, градежна фирма, која работи или би работела во Куманово, на кого овој проект со вакви специфики не би му бил проблем, да исконтактираме, да му се даде извод од планот, па да видиме дали може да произлезе некоај соработка.

Не знам дали на сето ова ќе влијае одлуката на општина Куманово, со која процентот на искористеност на градежната парцела се намалува од 50% на 30%, имаше големи реакции во Куманово. Дали оваа одлука би важела за идните планови или ќе важи и онаму каде што уште не е почнала градба, ниту е побарано одобрение и сл.

Во мојот случај кога е направен планот (ДУП) стои, односно вцртана е зграда со основа од 50% искористеност од вкупната гадежна парцела, дали сега ќе може да се извади одобрение за градба со овој габарит или ќе мора корекција, односно намалување на процентот на искористеност? Не би требало ретроактивно да важи ама дека уште не е отпочната никаква процедура па случајно да не треба корекција.

Благодарам за секој совет


Своерачен потпис ;)

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3832
  • Боинг 747
Искуства со купување на стан што сеуште не е започната изградба? Искуства и на што да се внимава?

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 645
@BokiCivic пред 6-7 години, станот го пазарив кога беше уште во темели само. Ама имав доверба во инвеститорот - Настел. Градбата ја завршија според договор, прецизно.
Причина што земав во градба, беше можноста за избор на спрат, стан, гаража… конкретно таа зграда беа сите продадени станови пред да биде целосно завршена.
Настел ги избрав бидејќи тогаш ми одговараа со цена, локација и знаев во однос на другите згради нивни што да очекувам.

Нови, мали инвеститори, голем ризик е за купуваење на стан во градба. Многу од нив почнуваат со градба без да имаат средства, па се надеваат дека ќе ги обезбедат со продажба на становите во градба. Знам случаеви каде што така се одолговлекува градбата со години…
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
@BokiCivic Јас би гледал таква опција само од поголемите градежни фирми, ама како и да е, ќе гледаш да се заштитиш со одредби во преддоговорот и главниот договор во однос на рокови, разлика во м2 (ако се појави после изградбата), плаќање на пенали ако се пробие рокотв и сл.
Своерачен потпис ;)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11843
  • Архитект
Како што ти кажаа R2D2 i Filip MK.
Стан во темели само од голема фирма која можи да ја изгради зградата без проблем.
Од некоја помала и нова оди си со резерва и со мнооогу добрар пред договор.

Во пред договорот/ договорот обавезно да си ставиш рок до кога ќе се вселиш, ако го пробијат рокот да ти плаќаат пенали/ кирија.

Иначе пиши ми во ПП за која зграда и инвеститор се работи, можи да ги знам.

Исто така очекувајте уште поскапување на становите.
мин за 100еур/м2

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Сите градат со кредитни рамки...
In an Alfa Romeo, looking good is more important than looking where you’re going.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4136
За 30 години во МК ќе живеаат макс 1.5 милиони жители. Кој балон ќе биди ова со становиве коа ќе пукни, страшно нешто.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10330
За 30 години во МК ќе живеаат макс 1.5 милиони жители. Кој балон ќе биди ова со становиве коа ќе пукни, страшно нешто.
Сега се толку :)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4136
Добро тогаш за 30години ќе бидиме 1,2 милиони и секој ќе поседува по барем еден стан :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"