Дечки од Ченто сум ама имам израснато во Маџари ко копиљ. Дефинитивно не вреди да се купи стан на автопат од повеќе причини. Моментално има 2 згради од кои 1 се гради на Голден Арт Ентрада и на Бетон/Гранит некој од овие 2 фирми е готова почнаа да се уселуват.
Голден арт нема парно инвертер систем на гри. Локациски е лошо до автопат си иако нема нешто премногу гужва како што сите мислат живеам во куќите позади овие згради. Зошто би платил 950/1000 на голден кога можам со исти пари повеќе да добијам во мн по урбан дел и све да ми е на 5 мин.
Новата зграда на Бетон/Гранит се градеше 15 години имаше проблем со влезот од кај да биде и градоначалникот направи дубара јака им даде влез по Палмиро Тољати уличето нема простор 2 коли да се разминат. Плус нема зградата греење односно има ама нема бидејќи потстаницата за парно е пред 10год ако ја упалат инвеститорите ќе морало да платат уназад и сега кога ќе се продадде 100% мора 51% да се согласат да им се упали парното малце нон сенс е ова ама од човек што беше ко инвеститор кога се распрашував ми објасни ова.
Најбитното за мене Ченто полека станува мешана населба се населуваат автохтоните ко луди од 10 куќи продадени во Ченто 9 се они.
Зградава на Б.Стевковски е океј позиционирана имаш милиони автобуси кои поминуваат автобуска на 2 мин пеш, градинка на 2-3 мин пеш школото е 7-8 мин. Не е Маџари на ниво на Тафталиџе/Карпош/Центар ама ќе дојде полека и тоа како праат згради мислам ќе се досреди. И ја сакам да живеам у Карпош кај сцм ама 1300-1400 евра м2
Стар стан не се исплати, во аеродром бев во 3-4 стана стари кои што не ги пуштаа под 1050 или 1100 каде што мораш да инвестирам минимум 5-6 илјади евра да го дотераш до нормална состоја каде што прозори ќе смениш , подот мора да се преработи или нов , да се глетува вц да средиш а кај е средување од корен.
Моментални цени од вчера другар зема стан во Дени Интернационал ддс билдинг 1020 евра м2 на бивша Млекара плацот.