Здраво дечки, ме интересираат двете нови згради Порта Резиденс 1 и 2, некој да каже нешто повеќе за инвеститорот? Претходната што ја прават Порта Аеродром дали е квалитетна градба, да не е некој информиран околу материјалите што ги ставаат, роковите дали ги почитуваат? Исто така ме интересира мислење за околината на зградите, ако знае некој нешто повеќе. Ви благодарам.
Јас се распрашував за Порта уште кога почнаа со Порта Аеродром.
Како што можеш да видиш, зградата има уште година дена за градење, иако првичниот рок е до месецов.
Цените не ги спуштаат надолу ако планираш да се ценкаш, паркинзите им се од 3000-4000 евра.
Кој како стои зад компанијата не знам, од тоа што се распрашав знам дека од сите станови, они имаат само 20-30 стана за продавање, другото се им е во компензација. На некој начин, не се градежна фирма, менаџери.
Предговорот е нешто што е најзезнато со нив, бараат добар процент на уплата 30%, (банка не дава кредит додека не се затвори карабина освен ако не одиш преку нивните КБ и НЛБ) а за пробивање на рокот можат да те обештетат најмногу до 3 месеци.
Ако дадеш капар а се предомислиш, они додека не најдат купувач, не ти ги враќаат. Ако најдат и ако постојат.
Даваат идеален дел од градежна парцела, не од катастарска, што во превод значи, ти имаш право само на земјиште околу зграда не и околу неа. Да купиш куќа а дворот да не е твој.
Никаде во предоговорот не стои технички спецификации на станот, која е нето висина на станот, какви материјали ќе се користат, каков е системот на преградни ѕидови, каков паркет итн итн. Тие имаат на веб страната ама тоа не е тоа, пример имаат дека ќе ставаат графитен стиропор а помини кај Порта ќе видиш дека не е.
Гаранцијата за станот не е на нивно име, по мубаетот, секој што ставал со него дирекно, они немаат врска. И превод, ако негде тече, ебавај се дали е крив плочкарот, дали е водоводџија итн
Местото, како место, џабе ќе ти кажувам, најдобро отиди таму и прошетај саат време. По мене, сѐ што една населба не треба да биде.
Толку ми текнува.