Тоа е тоа што никогаш не можеш да го објасниш со продавачите на половни станови.
Го добил гага од државата или купил смешни пари преку фирма, не сменил сијалица 50 години, ѕидови неискречени, зејтосана кујна и дневна, за мувла муабет нема, вц ко од спот на мерлин менсон, прозорите дуваат ко на Џевахир на 40 кат, го продава 100 е поефтино од нова зграда.
Поготово тоа пензионерите што добиле гага, нив државата треба да им го реновира.
Ние младите сме барале многу, ама знаеш ова е квалитет, муабети колку сакаш. Башка се научија, терасите ги ставаат во вкупна кв. Абе до пред 30 години у Катастар не ги ни сметале за имот терасите. Денес тераса подразбира, плочки, стаклена или бетонска ограда.
Они сакаат да живеат 60 години во стан, денар да не вложат и да го продадат по цена скоро нов. Тоа само со Киа Цид и Голф 4 може
Ако би купувал половен стан, пред сѐ, зграда после '80.
Инаку има исклучоци, луѓе едноставно добро си го одржуваат и тоа вреди.
Ама повеќето се кај за својот стан па ни за зграда се замараат. Нејќат да дадат по 1000 евра за една термо фасада и нов кров.