На што да се внимава при купување на стан во изградба? Што во предоговорот за предбележување?
На какви работи да се внимава при станбем кредит, јас помнам има само 2 типа со денари и евра а сеа направиле 5 различни.
Колку се трошоците за катастар, нотари, адвокати...
Инаку Елена Лука се 1150 а и нема некој со распоред што бараме.
Знам дека зградата е ма сам булевар, али конкретниот стан шо го гледам е на добр местоположба, мене логиката ми е подобро на булевар барем колку толку нема простор за зграда пред мене отколку меѓу згради па ни ветер ни ништо.
Инаку од логистички причини ми одговара таа локација, нешто што подобро би одговарало е Центар али таму е ептен г'з преку глава.
Иначе ова е лудило со пазарот на недвижности кај нас. Ако ги сменат стапките на данок на имот (а ќе биде, порано или подоцна) ќе се добие реалната понуда на станбен простор. Незнам кој повеќе се преценува, овие нови или половни што продаваат. Башка со терасите што ги рачунаат како простор за живеење.
Да не беа толку несоодветни во Џевахир распоредите за становите околу 70кв таму ќе си земев нит да се замарам со копита нит станарски заедници.
@AllMightyMe Во случај кога зимаш кредит, во фаза изградба, предбележување и сл. банката и нотарот (преку катастар) ги прават сите нужни и детални проверки, а посебно е чиста ситуацијата ако се работи за фирма што е „златен“ клиент на некоја банка (пр: Елена Лука што ја спомна). тебе ти е битно, во таа фаза, како што кажа, да си одбереш локација и распоред што ти одговара, и други работи по можност (ориентација, кат). Ако се решиш да одиш пр Елена Лука, побарај (јас бев) да те однесат во готова градба за да видиш како изгледа финално станот (јас, за цената што ми ја нудеа во Аеродром, не бев одушевен од нив).
Во мојот случај, нотарскиот трошок (упис на хипотека во лист за предбележување) беше 400 евра, што заради цената (не се сеќавам кој беше ценовниот праг, мислам 50.000 е), што поради фактот што впишавме 2 хипотеки (и на гарсоњерата во која сега живееме) и очекувај после (солемизација) уште 200-300 е. Адвокатски трошоци немав, тоа беше на трошок на фирмата (Офис ком).
Околу средување на стапките на данок што спомна, моментално има повластена стапка на данок за недвижности од 5% (инаку би била 18%) и ќе трае до 2020 година ама мислам дека ќе ја продолжат, во спротивно ќе се деси крах во градежништвото, односно ќе скокне цената за м2. А околу цените на старите станови, сметајќи тука дека треба да се додаде и данокот со промет на недвижности од 2-3 % и плус по некое реновирање, ме одврати од можноста да земам стар стан.
Убава е локацијата на Дабар и Елена Лука на кејот, ама разликата во квадратот ќе ме фатеше 120 е, сега сум кнап со кредитот а не па со 6-7000 евра плус.
Ме бендиса и спорната зграда на ЗСФ кај Мајчин дом ама најмала квадратура со 2 спални беше 70 м2 (по цена од 1050) а јас барав до 60 м2, баш поради лимитот на буџетот.