Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 356884 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Поставеноста и распоредот може пре-пре-премногу да промени во една квадратура.

60м2 каде има соба без прозор, вц без прозор, и кујна без прозор. Real Feel 44m2
60м2 каде има спална со прозор, детска со прозор, кујна со прозор, дневна со француски балкон. Real Feel 69m2

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Да и јас гледав станови од 54-55м2 со 2 спални дури и со 2 купатила, и без мебел е прдеш место, не можеш да се разминеш со друг во собата, башка што од влезна врата директно влагаш во дневна, а од дневна влагаш во сите соби/купатила, све е како во една соба.

Ко што вика Марјан, за 3 собен бар 70м2 требаат и тоа добро искористен треба да биде просторот.

Трета работа е тераса, новиве зградулиња со по миљон станови како елена лука елит премиум престиж супер турбо нитро екстра гранд ултра немаат воопшто тераси или имаат француско балконче на кое едвај собира 1-2ца стоечки. Тоа и неиспланиран паркинг најмногу ми пречи кај новите згради.

Гледав едно кај центар за странски/сокаче, фино станче, добра изведба, добро искористен простор...паркинг/гаража? Се снаоѓаме кај стигнеме, јас немам кола со моторче сум, нема гаражи во зградава, можда можеш да купиш гаража во соседните згради. На улицата едвај една кола поминува од паркираните на страна, место за пешаци нема, а испонаправиле зградичиња со по 5-10 стана на секое метро.

Поставеноста и распоредот може пре-пре-премногу да промени во една квадратура.

60м2 каде има соба без прозор, вц без прозор, и кујна без прозор. Real Feel 44m2
60м2 каде има спална со прозор, детска со прозор, кујна со прозор, дневна со француски балкон. Real Feel 69m2
Можда ќе личи ко 69 ама пак ќе биде тесно. Ко ќе ставиш тросед, спална, плакар, комода ќе треба да рипаш преку мебел да поминеш.


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
60*1100 = 66000 €
66000 € = 100m2 куќа + 500м2 плац + намештај +кешче ќе остане ..

Шознам, треба младиве да сменат филозофија ..

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
И тоа е опција. Само треба да се види и колку пари кошта живеење и одржување на куќа во однос на стан од 60м2. Претпоставувам локацијата на куќата ќе биде на полошо место од локацијата на станот, полошо во смисла повеќе оддалечено од работа/школо/секојдневни активности.

Да не биде после како по селата наши, живеат во куќи од 300м2 ама без фасада и се греат две соби. Фрлиле пари на комуналии и градежен материјал :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Конкретно јас избегав на страна, 15км ми е до работа (10мин со кола, гужва никаква). Според пресметките, вкупно куќата во изминативе години додека се градела, заедно со нејзино внатрешно опремување досега чини неполни 80.000€, плацот е 1000м2, куќата е 180м2. Горенаведената цена е за се комплет со купување на земјиште, платени комуналии, приклучок за струја, вода итн, односно од корен.


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Држи вода, мојата кука е 90м2 и 50м2 поткровје за да се средува некогаш, за малиот или малата, дворот ми е 400м2 и цело лето сме надвор, ужуванција, кога е ладно сите сме во салон 30м2 90% од времето, децата имаат соби по 9м2 а јас и сопругата 12м2 спална, едно мало вц за гости и бања...
комшиите... еден 300м2, од крушео, цела зима една соба грее и цело лето се прчи пред кука колкаа му е,  ;D ;D ;D  да видат комшиите, а внатре 70% празна, несредена,
другиот од радовиш 600м2, дај боже да е хотел зашто ако е кука .... за трочлена фамилија е апсурд,

куката ме кошташе додека ја градев 28 000 евра (со сега за естетики кефои дворови средување и гаражи настрешници не рачунам, значи кука да се напраи плац да се купи после се друго полека сам), плац 550м2 во пинтија 13 500 евра, на 10км од центар, работам накај бриколаж, пазарам накај драчево во центар знам со месеци да не стапнам, и погледот ми е према зеленило не се ни вртам према зградиштана  ;D ;D ;D

и не знам што ви е на сите со желба да сте во центар, во гужва, плаќање паркинг, со изговор - ама близу ми е се, а пак со кола на работа и до продавница... аутдор ливинг е закон   ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Некој сака во Центар, некој надвор од град. Убаво е да има опција и инфраструктура и ваму и таму, па кој кај сака и кај може нека живее :)

Мене само муабетот ми е дека не е така едноставно со проста математика дека за 66000 евра во центар добиваш 60м2, а дека за истите пари некаде подалеку добиваш 160м2 и двор. Тој двор си бара одржување, тие 160м2 си бараат опремување и одржување, одалеченоста бара возило за секој возрасен член и повеќе километри, повеќе одржување и повеќе време потрошено во возење навака натака.

Не сакам да кажам дека куќа во Сопиште е полошо од станче во Центар, ниту пак обратно. Туку секој пред да одлучи, да си размисли што добива и губи со едното, а што добива и губи со другото и фала богу колку ќе го кошта живеењето на подолг рок.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Жално е кога имаш лоша инфраструктура и таа многу влијае дали ќе живееш во Центар или да бараш куќа некаде на 10-15км од центарот. Арно ама со катастрофални патишта до Соње или други некои места компромисот што треба да се направи е огромен. Куќа во Скопје само некаде кај амбасадиве што имаат резиденции накај Водно или Влае, не дека многу е нешто добро ама има каква таква патна инфракуструра, вода, греење, ѓубре итн. ама повеќето се стари куќи.

Јас сакам после работа кога ќе отидам дома да биде штама, да има шума наоколу да прошетам без многу галама и народ односно околината да биде само за живеење а не за приватни бизниси и установи. Но, секој со своето.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Јас пред 3год купив 900м2 на месо каде што ќе никне нова населба. Баш поради тоа раснесување на детето по активности се откажав од градба. А и додека ја направат инфраструктурата како што треба ќе поминат 20год.
Кога би бил од Скопје никогаш не би одбрал да живеам у центар, таму барем имате се во секоја од населбите. Кај нас со сите банки има само по една, мора да одиш до центар. Една брза помош, една болница, 1 бензиска итн итн

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.

Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Така е но мора тоа да се децентрализира некако. Живеам во Рига која што плус минус има исто жители како Скопје но сите приградски населби на некој начин го имаат она најважното, почнувајќи од градинки, болници, училишта, спорт (базен, баскет, хокеј, фудбал итн.) па се до супермакети, места за рекреација итн...е нема кафани мамицата.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
60*1100 = 66000 €
66000 € = 100m2 куќа + 500м2 плац + намештај +кешче ќе остане ..

Шознам, треба младиве да сменат филозофија ..

не е толку едноставна математиката
има тука и живцирање со Општина, пријави од соседи, ажурирање урбанистички планови, вода или струја низ плац, па дилокација, па чекање, па заверки, па доверки, па уште чекање, па немало канализација ама „за тебе ќе донесеме“....итн

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Има доста државно земјиште од пониска категорија кое не е рентабилно за земјоделие. Може да се организира амерички стил на населби ..


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Јас се решив на таков чекор бидејќи се имам во Илинден, иако постоеше опција да живеам во Автокоманда. Е сега немам сеуште деца, ама дур дојде ред да имам и да бидат пораснати ќе поминат 10-15год., до тогаш се надевам инфраструктурата ќе се развие доста.