Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 356909 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Куќа имаат моите, ама населбата драстично се смени за 20 години, од преполна градинка и школо со деца, стана елитна населба за викендици на иселеници од норвешка, швицарска, златари итн. Третина куќи се празни, никој не живее.
Мене ми е идеално, супер миме сеа, ама утреден некој треба да има социјален живот. Таа нигде не бега, сеа за сеа. Башка убаво е и да знаеш дека си создал плус ндшто од тоа што ќе ти остават.

Не постои идеално нешто за сите, секој согласно условите и потребите си го бара тоа.

60*1100 = 66000 €
66000 € = 100m2 куќа + 500м2 плац + намештај +кешче ќе остане ..

Шознам, треба младиве да сменат филозофија ..

Баш се ? ќе најдеш плац и куќа за 60к. Само комуналии се 100 евра од квадрат најефтино. Плацот каде, уџум, за аптека да возам 20 мин, педијатар на 20 км, за менталитетот на околината па да не почнам, убаво пиша марјанот.
Кога си со 2 деца, времето слободно е 0 минути, а јас гледам да бидам што повеќе со нив а не во кола. Имало зошто порано кога граделе населба по земјотресот, вомрадиус од 2 км имало основно, градинка, болница, автобуска линија, атмосферска фекална канализација, трансформатор за струја итн.
Ене го Волково, во зима 150в струја. А таму 500 кв плац не можеш за 50к да купиш а не па куќа уште да изградиш.
« Последно менување: 24 Јануари 2019, 20:40:23 pm AllMightyMe »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Куќа?
Порано кога се работеше од-до, викенди, празници, се имаше време да се одржува куќата. Стандардот беше подобар, имаше за сметки и остануваше за да се вложи во куќата.

Денес, куќа не е за работник.
Тоа што го гледавме по филмови, дојде и кај нас. Се знае кој, каде може да си дозволи да живее.

Обичен работник, под кирија.
Ако ти тргне со плата, купуваш стан.
Ако ти тргне кариера нагоре, ајде куќа.
Ако си газда, хациенда.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 240
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.

Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.
Каква е структурата на луѓе на наведените места?  Демек таму е интелектуалниот крем и моралниот стожер на општеството? И да претпоставам, живееш токму во едно од двете наведени места, така?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Каква е структурата на луѓе на наведените места?  Демек таму е интелектуалниот крем и моралниот стожер на општеството? И да претпоставам, живееш токму во едно од двете наведени места, така?

Јас би бегал подалеку од тоа место.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Куќа?
Порано кога се работеше од-до, викенди, празници, се имаше време да се одржува куќата. Стандардот беше подобар, имаше за сметки и остануваше за да се вложи во куќата.

Денес, куќа не е за работник.
Тоа што го гледавме по филмови, дојде и кај нас. Се знае кој, каде може да си дозволи да живее.

Обичен работник, под кирија.
Ако ти тргне со плата, купуваш стан.
Ако ти тргне кариера нагоре, ајде куќа.
Ако си газда, хациенда.
Многу паметно кажано, само најтешко е човек да се помири со тоа кој е и каде припаѓа.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Куќа?
Порано кога се работеше од-до, викенди, празници, се имаше време да се одржува куќата. Стандардот беше подобар, имаше за сметки и остануваше за да се вложи во куќата.

Денес, куќа не е за работник.
Тоа што го гледавме по филмови, дојде и кај нас. Се знае кој, каде може да си дозволи да живее.

Обичен работник, под кирија.
Ако ти тргне со плата, купуваш стан.
Ако ти тргне кариера нагоре, ајде куќа.
Ако си газда, хациенда.


Сега ќе те демантираат дека порано не било како што мислиме. Дека било лошо, дека не можеле куќа да изѕидаат, дека не можеле на одмор на отидат, дека не можеле цела југославија да ја свртат. И што. Уште живееме, во куќи/станови што ги изградиле дедовците/татковците, уплаќаме за одмор во март а одиме во јуни (поефтино), живееме мизерно а први сме за чаталење/курч. И тоа е тоа. Времето минува, држата ќе ни биде секогаш крива, важно и најбитно во грчка сум бил на море, ајфонот вади предобри слики, па здравје следната годината ќе ја фасадирам пола куќа.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.

Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.
Каква е структурата на луѓе на наведените места?  Демек таму е интелектуалниот крем и моралниот стожер на општеството? И да претпоставам, живееш токму во едно од двете наведени места, така?
У право е дечкото за тоа што го кажува, не се џилитај без потреба. Во приградските населби нема ни 5 првачиња. Си видел какви реднеци живеат по приградскиве населби? Копачаана неписмена? Има и нормални луѓе, но углавном ја не би сакал детето да ми учи у Страчинци само затоа што има убав поглед и чист воздух.
И може колку сакате да се препуцавате на темата ама едно е село друго е град. У секој поглед.

Едно е приградска уредена населба шо глеаме на интернет по америка и австралија, друго е ванаби елитна населба у Сопиште и Припор.
Кафетин да ти снема, да не знаеш дали да трпиш или да акаш 20 км до прва аптека. Да има плански населби ко онаа Јака што беше замислена у Илинден, се исклучуваш на автопат и за 7 минути си дома, по асфалтирана улица, со амбуланта, супермаркети што работат до 22ч, паркови и слично, пеки, и ја би одбрал. Ама ситуацијата у скопска приградска околина не е уопште таква.
Ќе платиш комуналии, довод и одвод ќе молиш да ти донесат. Ќе потплаќаш и ќе мољакаш. Струја зимно време може да се деси 4 дена да немаш. Замисли да се грееш на струја. Си го е*ал ежот.
« Последно менување: 24 Јануари 2019, 23:27:05 pm Bravo »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Немам намера да се препуцавам ниту на некој да му докажувам. Јас го кажав моето мислење, членот aronmacedon претпостави што мислам, си направи муабет и тоа е тоа :)
Ниту имам против ако некој живее во центар, ниту имам против ако некој живее во Свирипичино, ниту пак дали е паметен, прост, ук, неук. Јас за себе си одлучувам според можностите и моето лично размислување каде ќе живеам, нормално дека не наметнувам мислење дека сите треба како мене да размислуваат.

Мене највеќе ми пречи што на секој градоначалник до сега единствено му било битно што повеќе згради да се направат на м2, без при тоа да се запазат минимални урбанистички услови и правила.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Бидејќи живеам во куќа на некои си 20-тина километри од СК, да ги набројам предностите/недостатоците според мене.
 
Предности на живеење во куќа и на поголема далечина од градот:
 - Живееш во куќа, се е твое и објектот и дворот и сам си се грижиш за него, не се замараш со куќни совети и кошмии што оставаат ѓубре на скали
 - Имаш двор, кога сакаш излегуваш и си кулираш, немаш милион луѓе околу тебе како кога би излегол од зграда во парк (Субјективно за мене ова е подобро, може затоа што не сакам многу луѓе)
 - Чист воздух, гледаме градот колку е загаден, критично е по здравје ама само пишуваме на фб и форуми кој загадувал а реално ништо не се превзема (Како беше оноа абе кои и да се пак ќе крадат, не им се замарај)
 
Негативности:
 - Куќите се најчесто барем 3-4 пати поголеми од просечен стан во СК, си бара повеќе време за одржување, дополнително дворот
 - Живеење на поголема далечина од СК, ноќен живот додека не можеш да возиш навечер еднакво на 0
 - Ако користиш јавен превоз, автобуси на пола саат, најчесто преполни и се возиш 40-50 минути
 - Заебанции од типот кај живееш, од вечер треба да тргнеш за да стигнеш сабајле ( За МК 20-25 км растојание како daily commute е Земја-Марс)
 - Крш патишта бидејќи сме Македонија (барем сега за сега), кои те успоруваат наместо да ти обезбедат брз транспорт бидејќи нема сообраќај

Работите како немање маркети/продавници, градинки, училишта со 2-3 деца во прво одделение, аптеки и слично за мене се чиста глупост, не живееш во планина, во 90% од местата надвор од СК има народ околу тебе, 3-4 продавници, градинка, аптека (барем кај мене), може немаш тинекс и веро, ама ваљда можеш после работа да отидеш да купиш што ти треба од тие маркети за тој ден.

Сега за сега тоа ми текна, според мене негативност на Скопје е тоа што делови од градот ги направија Индија, уште малку само со моторчиња ќе може да се вози од гужви и немање паркинг простор. Згради за живеење се прават на локации што главно треба да бидат бизнис објекти, зграда а до тебе главни булевари, трговски, продавници и други глупости, наместо по изолирани населби каде што има мир за живеење. За последново кривицата ја наоѓам кај самите жители, кај ќе палам кола сега да возам 5-6 км до маркет или до аптека, еве кај ми е излегувам од зграда и преку улица имам се ...

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Што ни направи глупавата централизација на нештата во „метрополата“...

Читајќи ве, се чудам на тоа дека на 10-15/20 км од Скопје е всушност дивурија, нема услови за живот, то ест има ама заебани. Ропаци на 20 км од „метрополата“...

Ќе земам еден пример за битолско село оддалечено десетина километри од градот. Се води и како општина на околните села, ама тоа не значи дека патот не е цел испосран од крави :)
Мојот најдобар другар е од таму, се знаеме од пред некои 20 години, сум одел често, запознат сум горе-долу со ритамот на „општината“ :)

Батали кравите. Во тоа село има училиште осмолетка, во склоп на училиштето си има игралиште (каде што еднаш годишно се одржуваат турнири во мал фудбал), во склоп на училиштето има и спортска сала. Има аптека, амбуланта, пошта, има  кафани, кафичи, продавници, сендвичари, пицерија, обложувалница. Има и игралиште за голем фудбал. Многу интересен момент ми е што има и библиотека :)
Своевремено, кога беше популарно, имаше пристојно интернет кафе, а кога воведоја интернет за секој селанец, престана со работа и прерасна во паб :)
Не сум сосема сигурен, ама мислам дека и теретана да не има. За локални фризерски салончиња, педикири и маникири... Фб: Мимоза хаир неилс стајл Пичуловска нов профил :)

Многу интересен податок до кој јас сум стигнал дека во Скопје има само двајца или тројца заминато да живеат (едниот програмер, другиот педер, пардон, стилист, а за третиот не знам) и исто толку студенти, моментално... дури неверојатно нели, Скопје чуече не им е предизвик :)

Нешто поблиску до градот, населбата во која што јас сум живеел триесетина години (во зависност од ситуациите, немам некоја одбивност пак да си живеам таму) изобилува со жители кој од кај стигнал. Приградска населба, 1.5 км од влез на Битола, 3,5 км до центар на Битола (е толкава е Битола дамуеам :) ).

Како што ме држи сеќавањето, од мал, немало недостаток на продавници, маркети... Имаше училиште до 4 одд, пред петнаесетина години станува осмолетка. Од тоцкав одевме со брат ми да изнајмуваме филмови со карате, со нинџи, имаше два видео клуба. На времето кога беа актуелни нинџите и каратистите, во склоп на салата од сколијата имаше и тренер по карате (ајде бе) :).

Кафанчиња, меанчиња, биртивчиња од кога памтам за себе си. Неколку биљад клуба, флиперници, неколку кафичи (моментално ниеден не функционира, јебига, премногу блиску се грацките кафичи и ноќни клубови (санким двесте ги имаме, еден е, Расчекор :) ). Своевремено 2 или три интернет кафиња. Амбуланта, аптека, пошта... додека пишував ми текна дека и градинка има и перална за коли. Игралиште кое гледам е доста популарно навечер, се збеираат дечиштата и играат под рефлектори. Кој игра, кој се пијани...). Не ми текнува дали сеуште работи/работат кладилниците.

Немам точен податок колку се отселиле привремено или за постојано во Скопје, ама не е некоја мала бројка :)

Примериве ги спомнав затоа што ми е чудно што во околината на метрополата животот некако е опишан како пештерски :)





« Последно менување: 25 Јануари 2019, 09:10:29 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Реално во Скопје има 4-5 делници што го прават проблемот со цел град.





И уште 5-10 ситнурајки. Толку е целата работа. Да седнат ќе ги решат за 3 месеци.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Кензо Танге се врти у гроб ко штрафилица у гипс картон.

Браос.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Сите овие шо ги имате цртано се во проект ставени во ГУП на град скопје 2012-2022.

Еден проблем се парите. Втор проблем е имотно правни односи.
Заради овај вториот многу работи останале забаталени.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Јас мислам сите треба да живееме во центар, најдалеку да е ленинова, а од другата страна собрание. Сите у едно школо деца да учат, да може да се социјализираат, у една иста градинка, а у средно у Јосип Броз Тито.
Шоубокебиди.
Поубоздравје.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.