Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 356663 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
:)

Мн гужва или? Пиши, сопругата живееше кај Бисер па отприлика ми е познат тој дел, знам мн се изгради таму. Пиши шо ти смета?
Зашто би купил стан на булевар, на сама раскрсница, на 10 метри до друга зграда и спроти неа градежна парцела со исто идентична зграда што уште не е ни почната да се гради? Бонус доле деловни простори, кафичи, ресторани, кафани и курварници.
« Последно менување: 17 Јануари 2019, 11:44:11 am achtung »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Јас живеам во зграда со 63 стана. 70% земени гага од другарот тито. Станот го купив пред 5 год, го изреновирав "од темел" негде околу 15к еур си дадов за реновирање и мебел. Нема паркинг, никој не се грижи за ништо затоа што мислат дека другарот пак ќе воскресне и ќе им даде нови станови. Никому не му посакувам да живее во таква заедница. Идиотите пушат цигари у лифтот, и еве сеуште не е исчистен снегот пред зграда затоа што никој не сака да се организираме. Фрлав сол затоа што го носам детето во раце и ако паднам ќе го повредам или сам ќе се повредам, ме гледаат и ми се чудат на паметот со зборовите ќе ги ебаам ја ќе им се замарам. Ми требаше соба плус од овие 56м2 што ги имам, седнав дома разговараме со сопругата и одлучивме да земеме стан на 50м воздушно од нас во зграда што скоро до пола е изградена. Најдовме 82м2 и се надевам дека ќе ги решам проблемите што ги имав до сега. Бонус е што ќе имам сопствено парно па греењето со клима ќе биде минато.

Мој совет е доколку можете да купите некаде каде што знаете која класа на луѓе ќе ви бидат комшии, понастрана од сељаци кои што немаат осет за колективно домување.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Клабери, знаете чива фирма е што ја градат Порта Аеродром?
Колку најниско одат по м2, ја шо слушнав 1050?
Како се со квалитет?

Зошто би земал стан на сам булевар, каде што нема да можете цела фамилија да спиете од бучава и мотори, воздухот ке мириса на издувнии ќе биде ненормална гужва?
Исто пари како и кај Елена Лука покрај Вардар кај Сити мол.

Јас би зел таму.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506

Исто пари како и кај Елена Лука покрај Вардар кај Сити мол.

Јас би зел таму.

Не знам дали е таа зграда што ја гледав, на самата раскрсница, ама надворешните ѕидови како да беа со 16ка цигла.

Друга работа, како со подземни води од Вардар

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Елена Лука беа 1.300еур/м2
што се десило за ваков попус?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
И јас мислам дека Елена Лука кај Сити мол е најмалку 1150, освен ако некој по некоја основа добие уште подобра цена, инаку Порта Аеродром е ептен на голема раскрсница, буквално над булевар, јас се одлучув за Офис ком, малку повнатре, не ми се допаѓа што се толку збиени зградите, без парк измеѓу ама идеална комбинација едноствано не можеш да најдеш без да платиш убава цена, инаку во Офис ком стигнав до цена од 1030, ако ти значи нешто
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Супсер се Офис Ком.
Моја препорака за нив.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
На што да се внимава при купување на стан во изградба? Што во предоговорот за предбележување?

На какви работи да се внимава при станбем кредит, јас помнам има само 2 типа со денари и евра а сеа направиле 5 различни.
Колку се трошоците за катастар, нотари, адвокати...

Инаку Елена Лука се 1150 а и нема некој со распоред што бараме.

Знам дека зградата е ма сам булевар, али конкретниот стан шо го гледам е на добр местоположба, мене логиката ми е подобро на булевар барем колку толку нема простор за зграда пред мене отколку меѓу згради па ни ветер ни ништо.
Инаку од логистички причини ми одговара таа локација, нешто што подобро би одговарало е Центар али таму е ептен г'з преку глава.

Иначе ова е лудило со пазарот на недвижности кај нас. Ако ги сменат стапките на данок на имот (а ќе биде, порано или подоцна) ќе се добие реалната понуда на станбен простор. Незнам кој повеќе се преценува, овие нови или половни што продаваат. Башка со терасите што ги рачунаат како простор за живеење.

Да не беа толку несоодветни во Џевахир распоредите за становите околу 70кв таму ќе си земев нит да се замарам со копита нит станарски заедници.
« Последно менување: 23 Јануари 2019, 19:34:13 pm AllMightyMe »

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Џевахир е се ок, но некако со имотните листови пролонгираат. Ако си ок со месечните трошоци, тогаш нема други минуси таму. Тип Б3 не ти одговара?

Инаку трошоците за нотар ако зимаш стан со кредит ти се околу 300еур за заверка на кредитот, освен ако во договор со банката они не ги превземат тие трошоци. Понатака имаш и солемнизација, тоа исто околу 200-300 Еур.

Би ти препорачал правна совет пред да потпишеш преддоговор. Одличен совет имаш кај @Banzai

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
@hanacloud
Убаво е 14 кв спална ама за 4 члено семејство, поважно ми е секеое дете да има своја соба :)
Тој од 103 кв мислам дека четврт стан е ходник. Мн лош распоред али самата висококатница диктира претпоставувам распоред.

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Аха, значи 3 спални соби. Имам впечаток дека токму тие станови (70-90м2) во сите згради тешко се продаваат, па затоа 80% од новоизградените станови се со 55 или помалку м2.

Тој во Џевахир со 103 е со многу "чудни" балкони. :)

Отсутен The-spiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
    • spiki.mk
@hanacloud
Тој од 103 кв мислам дека четврт стан е ходник.

Добро мислиш.
Поточно имаш два ходници кои заедно се таа четвртина од вкупна квадратура.

Цитат
Тој во Џевахир со 103 е со многу "чудни" балкони. :)

Има 3 балкони, но два се добри само за чување по едно балонче вода од 20 литра вода.
Третиот балкон е ок за две души на цигара да излезат. *1

Инаку помалите станови имаат поголеми балкони.

OK е Џеваир.
Ц1 стан (103 m2) можеш да го користиш како 3 спални + големата соба за кујна/трпезарија/дневна комбинација.

Поради добра изолација итн, трошоци за управување + сметка за енергија (струја, ладење, грејање) доаѓаат на исто како на друго место само за струја и затоплување.



*1. Но само едното лице да е ~100 кила. Не собира двајца мажи.
I sell frozen jogurt which i call frogurt

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
На што да се внимава при купување на стан во изградба? Што во предоговорот за предбележување?

На какви работи да се внимава при станбем кредит, јас помнам има само 2 типа со денари и евра а сеа направиле 5 различни.
Колку се трошоците за катастар, нотари, адвокати...

Инаку Елена Лука се 1150 а и нема некој со распоред што бараме.

Знам дека зградата е ма сам булевар, али конкретниот стан шо го гледам е на добр местоположба, мене логиката ми е подобро на булевар барем колку толку нема простор за зграда пред мене отколку меѓу згради па ни ветер ни ништо.
Инаку од логистички причини ми одговара таа локација, нешто што подобро би одговарало е Центар али таму е ептен г'з преку глава.

Иначе ова е лудило со пазарот на недвижности кај нас. Ако ги сменат стапките на данок на имот (а ќе биде, порано или подоцна) ќе се добие реалната понуда на станбен простор. Незнам кој повеќе се преценува, овие нови или половни што продаваат. Башка со терасите што ги рачунаат како простор за живеење.

Да не беа толку несоодветни во Џевахир распоредите за становите околу 70кв таму ќе си земев нит да се замарам со копита нит станарски заедници.

@AllMightyMe Во случај кога зимаш кредит, во фаза изградба, предбележување и сл. банката и нотарот (преку катастар) ги прават сите нужни и детални проверки, а посебно е чиста ситуацијата ако се работи за фирма што е „златен“ клиент на некоја банка (пр: Елена Лука што ја спомна). тебе ти е битно, во таа фаза, како што кажа, да си одбереш локација и распоред што ти одговара, и други работи по можност (ориентација, кат). Ако се решиш да одиш пр Елена Лука, побарај (јас бев) да те однесат во готова градба за да видиш како изгледа финално станот (јас, за цената што ми ја нудеа во Аеродром, не бев одушевен од нив).
Во мојот случај, нотарскиот трошок (упис на хипотека во лист за предбележување) беше 400 евра, што заради цената (не се сеќавам кој беше ценовниот  праг, мислам 50.000 е), што поради фактот што впишавме 2 хипотеки (и на гарсоњерата во која сега живееме) и очекувај после (солемизација) уште 200-300 е. Адвокатски трошоци немав, тоа беше на трошок на фирмата (Офис ком).
Околу средување на стапките на данок што спомна, моментално има повластена стапка на данок за недвижности од 5% (инаку би била 18%) и ќе трае до 2020 година ама мислам дека ќе ја продолжат, во спротивно ќе се деси крах во градежништвото, односно ќе скокне цената за м2. А околу цените на старите станови, сметајќи тука дека треба да се додаде и данокот со промет на недвижности од 2-3 % и плус по некое реновирање, ме одврати од можноста да земам стар стан.
Убава е локацијата на Дабар и Елена Лука на кејот, ама разликата во квадратот ќе ме фатеше 120 е, сега сум кнап со кредитот а не па со 6-7000 евра плус.
Ме бендиса и спорната зграда на ЗСФ кај Мајчин дом ама најмала квадратура со 2 спални беше 70 м2 (по цена од 1050) а јас барав до 60  м2, баш поради лимитот на буџетот.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Тие стане и стан од 45 - 50м2 кој што има детска спална вц кујна трпезарија и дневна не личи на ништо. На хартија имаш соба за се, а у пракса треба со грбот покрај ѕидот да одиш низ собите. Сум влегол сум видел. Затоа овој во кој што моментално сум го купив да има голема дневна трпезарија и кујна, и една спална иако и таа е мала. За 3 члено семејство 75-80м2, за 4 околу 100 за секој да си има свое место у домот.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Буџетот е ограничен, а желбата е да се живее во одредена населба. Затоа и највеќе се продаваат станови од 50-60 м2 со две спални.

Ова ти погоре што го напиша сите знаеме дека е подобро :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.