Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 426010 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2444

Намерно или случајно не се разбираме? Нормално кабли се пуштаат кога е на цигла ама ти со мајсторите ќе пушташ кабли или ќе видеш тек после кога е средено се?
И после ако некој штек не е таму каде што треба или наместо 3 ставиле 1 штек ќе им кажеш тука имаше со креда обележано?

Друже, ај вака да поедноставиме. Јас на мајстор му пуштив на слика како да ми намести плочка за дизајнот како да изглеа. Потоа го почекав и со плочката во раце уште еднаш му објаснив. ОБРАТНО ја стави. После имав опција да ја кршам плочката или да влегувам во тепачка. Одбрав да не се замарам. Друг дебил не поплави на невселен стан бидејќи “заборавил” да стави штопна. Дали стварно заборавил или си дужеле пари е друга приказ а. Немој да мислиш дека било кој мајстор сака паметување. Земи метро, земи креда, обележи и живеј го животот среќно и весело.  Мајстор ако сака ќе те заебе и ќе испадне дека ти така си сакал.

Тука пак доаѓаме до она зависи со кого си фатил работа. Ако се мајсторите врзани со инвеститорот на лична основа, што сакаш прави.

Сум имал ситуација каде буквално не сум се замарал, а се било како што треба. Ама на старт сум се договорил со тој што требало да се договорам.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
  • Хюндай Тюсон
Јас ако сум сакал да се замарам со мајстор ќе сум градел куќа пример. Во случајов јас сум купил стан од инвеститор и тој е должен да го контролира мајсторот. Може мајсторот кај мене у стан ќе мести струја во среда во 2 саат кога јас ќе сум во италија пример.
Кај мене процесот идеше вака. Јас идам кај инвеститор и со архитекта/проектантка и кажувам сакам ваму ваму и ваму да има штек. Она си внесува со нивни анотации во документот за скицата за струја што им е. Од тука нивниот тим за продажба спрема понуда и потоа легалната служба прави предлог анекс на договорот за станот кој јас можам да го потпишам или одбијам.
Не разбирам како би влегол во станот и на мајсторот би му кажал ај сега тука пушти ми кабел за штек.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7704

Toa moжеби во теорија, во пракса е друга работа. Ако не им стоиш на глава, во состојба се WC школка во сред ходник да ти инсталираат. Секој ден идев да видам до каде се, и пак заебаа работа на неколку места. Само висење на глава.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2444
Јас ако сум сакал да се замарам со мајстор ќе сум градел куќа пример. Во случајов јас сум купил стан од инвеститор и тој е должен да го контролира мајсторот. Може мајсторот кај мене у стан ќе мести струја во среда во 2 саат кога јас ќе сум во италија пример.
Кај мене процесот идеше вака. Јас идам кај инвеститор и со архитекта/проектантка и кажувам сакам ваму ваму и ваму да има штек. Она си внесува со нивни анотации во документот за скицата за струја што им е. Од тука нивниот тим за продажба спрема понуда и потоа легалната служба прави предлог анекс на договорот за станот кој јас можам да го потпишам или одбијам.
Не разбирам како би влегол во станот и на мајсторот би му кажал ај сега тука пушти ми кабел за штек.

А јас што реков некој пост погоре? Зависи со кој си фатил работа. Ако е Шкљеким ДООЕЛ од Арачиново, или Љупче Газда ДООЕЛ од Виница, инвеститор,  ондак што сакаш прави, па по нивно ќе биде.

Ако не разбираш како ти ќе си ставиш со креда, еве јас ќе ти кажам. Идеш кај инвеститорот, тој те упатува кај тие на градилиште, тие ти викаат иди стави кај сакаш да има штекери. Пола згради у Скопје надзор немаат.  Ги заболе за моите или твоите штекери. Додека не дадеш пари, после шалили смо се.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3512
Нема потреба да им стоите на глава. Постојат и други начини тоа се регулира во преддоговорот. Можете да го обврзете инвеститорот секој месец да ве известува до каде е изградбата на зградата, заедничките простории и станот, односно во која фаза се наоѓаат со слики.емаил-вацап.

Јас лично немам потреба да му стојам над глава ако направи некаква грешка, тој ќе си сноси одговорност. Запаметете, кога купувате стан во градба, инвеститорот гради со наши пари.

Во Треска, откако уплатив, целиот период сум бил само двапати. Ако некој направи пропуст, нека си ја сноси одговорноста и нека плаќа последици. Посериозни фирми не би си дозволиле да ја нарушат својата репутација и да губат енормни пари, особено во ова време кога цените на недвижностите енормно пораснаа.
И не се купува во градба од секој зборено милион пати тука и потенцирано.

Во ист гејт не дозволуваат корекции на преддоговорт тие се ненормални какви преддоговри имаат составени...
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10509

Намерно или случајно не се разбираме? Нормално кабли се пуштаат кога е на цигла ама ти со мајсторите ќе пушташ кабли или ќе видеш тек после кога е средено се?
И после ако некој штек не е таму каде што треба или наместо 3 ставиле 1 штек ќе им кажеш тука имаше со креда обележано?

Друже, ај вака да поедноставиме. Јас на мајстор му пуштив на слика како да ми намести плочка за дизајнот како да изглеа. Потоа го почекав и со плочката во раце уште еднаш му објаснив. ОБРАТНО ја стави. После имав опција да ја кршам плочката или да влегувам во тепачка. Одбрав да не се замарам. Друг дебил не поплави на невселен стан бидејќи “заборавил” да стави штопна. Дали стварно заборавил или си дужеле пари е друга приказ а. Немој да мислиш дека било кој мајстор сака паметување. Земи метро, земи креда, обележи и живеј го животот среќно и весело.  Мајстор ако сака ќе те заебе и ќе испадне дека ти така си сакал.

Тука пак доаѓаме до она зависи со кого си фатил работа. Ако се мајсторите врзани со инвеститорот на лична основа, што сакаш прави.

Сум имал ситуација каде буквално не сум се замарал, а се било како што треба. Ама на старт сум се договорил со тој што требало да се договорам.
Денес рекламирајќи пропуст...кретенот на крај мртов ладен ми рече дека јас така сум сакал.
Се е отидено у...

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
Аспираторите за во кујна - на штек се или со кабел се врзуваат (како плотната, на пример)?

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • Бенве сие бенве
Кога одите да надгледувате им носите ли на мајсторите благо, сок, бурек, еклери итн итн?

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9132
  • Пичлеме
Аспираторите за во кујна - на штек се или со кабел се врзуваат (како плотната, на пример)?
Претежно на штекер, ама и да се како плотните, лесно се средува за на штекер.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4095
Аспираторите за во кујна - на штек се или со кабел се врзуваат (како плотната, на пример)?

На штек се фабрички, ама го кинеш шуко приклучокот  си ставаш WAGO клеми на кабелот од ѕид (не ставаат штеќер вообичаено), или со божур црево ги стегаш и терај наредни 20години до селдниот аспиратор.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2076

Вака беше и кај мене само кабел пуштен па ја сам викнав иштемав дупка дозна мала ставив и си поврзав штеќер да имам, иначе можеш и на овој начин со вагото

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4095
Тоа сакав да ти кажам ама си удрил на потешкиот начин. Инаку аспираторот нема да го мрднеш дур работи. Обично од таму ја вадам и струјата за лед осветлување кај горните елементи кога ќе се монтира кујна.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2444
Кога одите да надгледувате им носите ли на мајсторите благо, сок, бурек, еклери итн итн?

Sent from my iPhone using Tapatalk

Ако се наши, ракија, ако се нивни, Фанта ШОКата.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8216
  • Плинаш!!!
Имаше еден мајстор, викаше јас од кока кола само фанта пијам

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2756
Лошо е ако сами си носат ракија во шише од Фанта  ;D
Своерачен потпис ;)