Имам едно прашање - пред некој ден потпишав договор на нотар за станбениот кредит и хипотеката, се потпишале и инвеститорот и банката.
Сега во листовите за предбележување (за станот, за подземното паркинг место, за подрумот) има забелешка дека на нотар тој и тој, договор за залог-хипотека тој и тој и ги пишува доверител - банката, а хипотекарен должник - инвеститорот. Мене не ме пишува сеуште.
Белешката ќе се смени кога ќе се исплати целата сума на инвеститорот претпоставувам? Досега го имам платено учеството кон инвеститорот, остана уште станбениот банката да го исплати кон инвеститорот.
Па потоа се оди да се потпише купопродажниот договор и да се солемнизира на нотар, па тој нотар ќе ја смени белешката во катастар?