Со фабрика карпош некој да има искуство? Комплекс Александрија
Кога баравме стан со невестата лани март-април месец, јер нели одговара локација(јас од Влае, цел живот навака сме а и моментална близина на работа и за мене и неа, а најбитно ни беше дека е на градско парно) договараме “состанок”, доаѓаме таму за да чекаме саат ипол да се одржи состаноков но нејсе почнуваат они, го нудат станов, кажуваат цена/материјали/рокови, океј.
Ние кажуваме услови за плаќање се супер, и пред крајот, бидејќи знам многу луѓе што купиле стан таму, и не се баш задоволни со изработка и материјали, но и ми рекоа пази на имотен лист, добиваме после многу години(братучедка ми во првата зграда нивна кај онаа скапата игротека добија имотен после 4 или 5 години, другиве нешто побрзо) им викам абе знаете, се слуша дека имотните листови доцнат, и одговорот беше “Абе знаете тоа така се случи со првата и втората зграда, сега е побрзо” викам добро ајде така нека е.
Продолжува муабетот и бараа(т) станот да биде исплатен 90% до крај на 25та година а рок на завршување 27крај викам добро ајде небитно, но барањето за плаќање беше како дај ми ги парите па е*и си матер, и пред крајот прашуваме околу градското парно и на тоа добиваме одговор “Ќе бидете приклучени кон крајот на 2029та година, можеби малку порано”, на што госпожата доби одговор фала многу, ќе размислиме, пријатно, по што во кола следуваше реакција од неестата “Батали, нека биде греењето/ладењето на клима”
Од оваа гледна точка, највеќе ми сметаше бирократијата со имотните и приклучокот за парно, да купам стан и да не спијам вечери и да мислам ќе има ли сега имотен или не-не фала, па после можеби и дрскиот и алчниот пристап, а највеќе ми е драго што не се одлучивме за Александрија и поради хаосот кој е таму, можеби за дете да безбедно е меѓу зградиве и ќе расте на тревници, ама мене ми е премногу, јас доаѓам од куќа и треба да се збутам во стан со 6-7-8 згради околу мене, ту мач ми е
Sent from my iPhone using Tapatalk