Постојат повеќе „математики“ при ваква изведба. На пример, имаш ниво -3 подземен паркинг, каде што на секое место има само обележано простор за автомобил. Тоа не е гаража како во старите солитери, каде што се правеа боксови, прегради и посебни простории.
Овде имаш само обележани паркинг места и тоа е тоа. Не се прават индивидуални гаражи, ниту дополнителни конструкции за секое возило. Да се прави посебна инсталација и приклучоци за секое место посебно е доста покомплицирано, бидејќи не се прави така по тој систем и во пракса нема некоја голема исплатливост.
Наједноставно е: се излева плоча, се обележува и се користи како паркинг. Секако, треба модернизација, но има разлика меѓу паркинг и гаража но сите милуваме да кажеме гаража , не е гаража исцртани 2 линии 10до 15 илјади евра и тоа е тоа е сега како ти твоето ауто ке го полниш некаде е не изводливо тоа нема од каде едноставно.Бидејки за такво нешто е потребна баш гаража барем 10 квадрати И да имаш ролетна и клуч во Скопје такво нешто скоро и да нема во по нови градби Ако некаде има споделете