Радиаторот е пред сите клапни и да е до пола затнат, помалце парно ќе имаш, ама поденакво сегде ќе е. Тоа со краток долг патот не ми има логика. Баш ме интересира исходот.
Така де, ако пола радијатор е ладен, односно млак, ќе има помало греење на едната страна, но доколку клапната за топло/ладно не затвара убаво ќе има секаде намалено греење, затоа беше пологично првото, особено откако дознав дека радијаторчето не е десно кај филтерот за полен (појма немам од каде таква идеја) па така си мислев дека од таму до средишната конзола воздухот би требало да се измеша по тој пат.
Вака изгледа целиот склоп кај i10
https://www.ilcats.ru/hyundai/?function=getParts&market=GEN&model=TEURPB917&group=EL&subgroup=9797111&clid=14582&pid=74808&language=en
Тоа со централен систем во зграда кој никој не го одржува, и систем во кола кој познавајќите си го одржуваш како треба ти е мешање баби и жаби.
Пак ќе речам, типувам на клапна некоја низ која поминува воздух од надвор, со тоа што на отворено кога си возел по инерција поголем проток на воздух имало.
Да, го видов склопот, плус уште поубава скица во боја ми покажаа во Кореа
И јас типував на клапна, ем поради тие неколку парченца као сунгер што беа застанати во вентилациониот отвор.
Инаку, некни не стигнав да ја повозам на отворено, туку во Автокоманда свртев кон Кореа
А невестата дури сабајлево примети дека не грее убаво, откако и спомнав во саботата
Прееска се јавија дека е готова колата, отидов, пуца жешко од сите отвори подеднакво, дури и низ десните отвори сега дува пожешко.
Сега се присетувам како уште пред неколку години сопругата ми побара гребало за смрзнатата шофершајбна бидејки и после 5-6 минути не се одрзнувала, што значи дека постепено низ годините се таложел проблемот дур не ескалирал деновиве.
Решен проблем за 2.500 денари, без губење антифриз, наводно во радијаторчето собирало цели 50 мл течност.