Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50673 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Hyundai i10 1.1mpi 2011
« на: 07 Април 2018, 11:03:04 am »
За љубителите на хјундаи, да го збогатам форумов со i10
Купено е без никакви предиспозиции кон одреден бренд. Се бараше количе од тој сегмент за сопругата, за низ град.
Фактори за одлука беа:
1.возачка позиција
2.клима
3,цена/возни својства
4.тест возење


Под точка 1 е неприкосновен, благодарение на повисоко поставеното седиште. Конкурент беше само Фиат Панда, но немаа тест возило.

Под точка 3 единствено Шевролет Спарк беше поевтин и со побогата опрема, но во возни својства беше слаб. Имено, Спарковиот 4цилиндри со вклучена клима беше доста тром, додека Сузуки Алтовиот 3цилиндри одлично се справуваше со задачите, но затоа беше поскап и понеудобен од аспект возачка позиција.

Резиме, i10kata беше најудобна, со доста простор на задни седишта, најголем гепек во класа, лесни команди (квачило, мењач, рачна, волан ) , најевтина, со послаба опрема (без музика и далечинско отклучување) и потрома во однос на Алтото. Така падна одлука за i10.

Ставено музиче и далечинско отклучување, купени зимски Ескимо.

Потрошувачка во град 7,5 до 8,5 при слични дестинации, во зависност од временски услови. Морам да напоменам дека малку дигаат просек 400 метри во 2-ра и 100 метри во 1-ва по угорници до дома, и работа во лер на 800 вртежи со вклучени светла. Без светла на 700, со клима 800rpm. Со светла и клима 800rpm.

Досега поминати 35.000
Сервиси само масло и филтри.
Филтерот за полен е пожелно да се смени пред летна сезона за убаво ладење( осетлива е климата на запрљан филтер) а наесен едно чистење со усисавач, да издржи до лето.

Е сега, на почеток имавме извесен проблем кој се манифестираше во различни облици, во размак од по повеќе месеци. Претежно со варирање лер гас, некогаш гушење, некогаш немирна работа, гасење итн Понекогаш беше регистрирана грешка, но претежно немаше. Да не тупам, по извесен број на изведени егзорцизми, пронајдено е каде роварел Гремлинот. Електрична инсталација од хардвер до TPS и други сензори.

Од Куќата добиена 10 годишна гаранција со бесплатни сервисни интервали, како обештетување за "претрпена душевна болка" и мое трпение.

Ден денес, благодарение на еластичниот мотор, и лесните команди, кога ќе ми падне во рака уживам во леснотијата на пробивањето низ градскиот метеж.

Еве и неколку слики, другите нешто не излегоа убаво.










« Последно менување: 07 Април 2018, 13:33:44 pm zeroSignal »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #1 на: 07 Април 2018, 11:27:10 am »
Од толку поезија не сфатив, за кој модел точно се работи? Која година модел?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #2 на: 07 Април 2018, 11:40:22 am »
Прочитај наслов еате мрзата :)

Честито количе!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #3 на: 07 Април 2018, 11:45:58 am »
А и немет слики. :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #4 на: 07 Април 2018, 12:20:15 pm »
Сеуште не ми е јасно како директно да ставам слики од мобилен?

Отсутен duffymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
  • Noob
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #5 на: 07 Април 2018, 12:57:55 pm »
Со среќа количе, јас првата кола шо ја имав беше i10ка 1.0 2007ма ја земав. Јас ја возев едно 7-8години сега ја вози брат ми и до сега поголеми проблеми немала колата. 2 пати се има десено да не запали у овие 11години, еднаш ради акумулатор вторпат нешо околу бравата имаше 2000ден проблем и тоа се вкупни трошоци настрана од филтри и масло за 11 години.

За слики види ова: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5055.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #6 на: 07 Април 2018, 13:02:37 pm »
Еве слики

https://imgur.com/a/ntPNs

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #7 на: 07 Април 2018, 13:08:55 pm »
Со среќа количе, јас првата кола шо ја имав беше i10ка 1.0 2007ма ја земав. Јас ја возев едно 7-8години сега ја вози брат ми и до сега поголеми проблеми немала колата. 2 пати се има десено да не запали у овие 11години, еднаш ради акумулатор вторпат нешо околу бравата имаше 2000ден проблем и тоа се вкупни трошоци настрана од филтри и масло за 11 години.

За слики види ова: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5055.0.html
Мислев на директно постирање слики како што гледам дека се ставаат. Се прибрав дома и ги ставив преку имгур иако нешто смениле не е како во примерот.

Јас сум од генерацијата што се шетаа со касети и шрафцигерче за глави во џеб. Не се снаоѓам најдобро ама има и бетер. Не се срамам да прашам ако нешто не знам.

Во секој случај фала.
Фала и за честитките

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #8 на: 07 Април 2018, 13:13:37 pm »
Директно од телефон можеш преку тапаток апликацијата.
Со здравје да се вози :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #9 на: 07 Април 2018, 13:29:03 pm »
Фала сега ќе го инсталирам.

Не сум навел, колата е купена нова од салон, и споредбите со другите се однесуваа за нови возила.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #10 на: 07 Април 2018, 13:34:24 pm »
Ти ги додадов сликите во оргиналниот пост. :)

Одлично количе, не си згрешил. Многу се практични за низ град.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #11 на: 07 Април 2018, 14:05:25 pm »
Hey, Zero! Thanks.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #12 на: 07 Април 2018, 20:14:40 pm »
убаво количе, со здравје да се вози

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #13 на: 07 Април 2018, 20:50:05 pm »
So zdravje da se vozi odlicen izbor ,nie imame na rabota i gi ubija od drnkanje

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #14 на: 08 Април 2018, 10:14:51 am »
Па, со километражата што ја поминува сопругата, ќе тера.

Акумулаторот ме изненадува, од лани очекувам да рикне, посебно зимава со снегот и ниските температури ама убаво си верглаше( 7 години).

Доста е испочешана од браници и врати од други коли по паркинзи. Нема бегање од тоа.

Фатила женава, една невеста со службена кола како лакира нокти на нозе. Ногата потпрена на врата, а вратата потпрена на i10 и си струже при мрдање...да ти застане памет.