Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 67711 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10596
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #345 на: денес во 09:33:33 »
Гледам во темава прва сијалица рикнала во 2021 на 49.000. Нешто подоцна и втората за која не сум пишал.
Вчера на 73.000 дојде ред повторно на левиот фар да се менува сијаличка.
Бидејки беше доцна беше за на сервис, си реков сам ќе се обидам да сменам.
После толку години незамарање со нови коли и носење исклучиво на сервис, ми се избришала комплетно меморијата каде има продавници за автоделови.
После неколку минути мозгање ми текна на дуќаните спроти Џамбо. Си реков супер, ионака имав нешто за пазарење во Веро ќе скокнам и до дуќаните, (во денешно време треба мозгање и за паркирање).
Додека бев во Веро здогледав дека држат и сијалици на полиците за автомобили. Купив Лукас.
Денес се окозив додека го искорнав фарот, се отштрафено не сака да излезе.
На Јутјуб изгледа ептен лесно, но тешкиот дел го отсекле да им го турам.


Наназад низ темава болна точка биле метлици откако исчезнаа метлиците на Шампион.
 Да истакнам дека метлиците купени пред две години од Ауто Трејд сеуште добро бришат.
Полираните фарови заштитени со фолија не претрпеле никаква промена, односно немаат повторно маркирани.
« Последно менување: денес во 09:45:22 Mikius »