Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50611 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #240 на: 08 Ноември 2021, 20:37:42 pm »
Кај салата Борис, поточно до самата самоуслужна перална.

370 денари за димензии 55 и 40

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #241 на: 08 Ноември 2021, 21:03:54 pm »
Готово јасно каде е. Ке ги посетам деновиве.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #242 на: 22 Ноември 2021, 16:50:10 pm »
Викендов го монтирав зимскиот сет Ескимо с3+, ова ќе им биде 11та зима, со поминати  12 до 13.000 км.
Никакви пукнатини, отцепени парчиња, или било каква деградација.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #243 на: 22 Ноември 2021, 22:43:20 pm »
Coek ti za volku cuvanje gumi si trebal nekoe mischeli-ce da opalish :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #244 на: 22 Ноември 2021, 23:03:25 pm »
Sava?
Ça va!

 ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #245 на: 18 Декември 2021, 12:31:22 pm »
После подолг период се одлучив да ги извадам коњчињата малку на обиколница, да протегнат нога, да изгалопираат малку, да не се угушат у градска вожња :)
Тргнав и...никако да дувне топло. Под влијание на скорешните муабети, почнав да се сомневам на термостатот, кога всушност приметив дека од левиот отвор за вентилација од шалтаблата дува камен ладно, за разлика од централните 2 отвори и десниот кај совозачот каде дуваше потопло, но не жешко.
Се сетив дека пролетва, во централниот лев отвор на крилцата имаше заглавени некои парченца порозен материјал сличен на сунгер, едвај ги извадив пошто се распаѓаа.
Свртев кон сервис, таму вклучија рециркулација и почна потопло да дува.
Очигледно дека влегува однекаде фалш ладен воздух во отворите од вентилација.

Се сомневам дека кога пред 6/7 години се вадеше шалтаблата за да се смени снопот електрична инсталација, нешто не е наместено добро, ќе видиме понеделнички.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #246 на: 18 Декември 2021, 14:42:51 pm »
I odma u ovlasten servis, ne mu ebes majkata prven na forum da baras sovet, pa po lokalni majstorcinja, nego dzglab dobar den servisce 😁

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #247 на: 18 Декември 2021, 15:30:26 pm »
Сеа пред недела дена вадев цeла маска на голф, ни на душман не му ја посакувам онаа мака... мотор се вади и се враќа назад побрзо :D Дај го на оглас, земи си исто само друга боја, побезболно ќе поминиш :D
« Последно менување: 18 Декември 2021, 15:52:35 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #248 на: 18 Декември 2021, 18:01:32 pm »
I odma u ovlasten servis, ne mu ebes majkata prven na forum da baras sovet, pa po lokalni majstorcinja, nego dzglab dobar den servisce 😁
Година и кусур не се веќе овластени :)
А по локални мајсторчиња да се чудат каде се скриени штрафовите, не ми се носи. Впрочем, ако ми се потврдат сомнежите, ќе си ја оправат грешката.
Единствено што не ми е логично е зошто од левиот отвор шиба поладен воздух, по некоја логика би требало низ сите четири бидејки не ми се верува да се засебни, односно после радијаторчето мислам дека е еден централен канал кој потоа се дифузира со прегради на кои стојат клапни (шофершајбна, шалтабла, нозе и комбинации)

А најинтересно е што невестата си "трпи" :-X
Као, паааа шо знам, си грее, нешо послабо ама си грее....(баш како што спомна Симо некни) ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #249 на: 19 Декември 2021, 14:12:09 pm »
Денес на убаво загреана, малку испитував шо дува, кај дува, како дува, вртејки ги позициите за дување, со и без рециркулација.
Најжешко дува на скроз десниот отвор од шалтаблата,  па помалку на десниот централен, не левиот централен само топло, на скроз левиот едвај топло, колку да не се каже ладно.
Слично и кај вентилационите отвори за нозе, десниот потопло од левиот.
Отворите за одмаглување странични стакла исто, десниот вруќо, левиот едвај топло, не ми текна да проверам што дува од отворите за шофершајбна.
Со рециркулација дува нешто потопло, што е и нормално, но сепак на левата страна е помалку топол воздухот. 

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #250 на: 20 Декември 2021, 12:53:58 pm »
Ajde cekam update na temava 😁

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #251 на: 20 Декември 2021, 13:30:02 pm »
Наводно затнато радијаторчето.
Ме пратија во Чаир, некојси Авдил сервис, ќе го прочистувале без да го вадат радијаторчето, демек 85% успешно би било, во спротивно ќе треба ново радијаторче.

Самошто ја оставив таму колата, имаше гужва, ќе видиме подоцна.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #252 на: 20 Декември 2021, 13:59:07 pm »
Па нели кажа дека отворите се затнати?

Или ти мислеше дека е до тоа?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #253 на: 20 Декември 2021, 14:04:14 pm »
Те мафтаат, ако е затнато секаде ќе заебава топлината не на една страна само, вероватно некоја клапна е поебана, на голфот тие клапните имаа дупки на средина и со сунгер покриени дупките, изеден беше сунгерот и се отскрија дупките и ти влегува воздух иако е затворена. На сите имаше така и скоро сите беа сјебани, пример и да го затвориш ладниот воздух пак ќе ти влегува и автоматски млако парното или ладно, или па можи на таа страна да е заебана некоја клапна. Тоа казанчето го чистат со вода ама во обратна насока пуштена, а за дали е затнато види и сам, ако е тогаш цевката кај што влегува антифризот ќе биди топла, другата до неа млака или ладна. Ама по твоето ти имаш парно во колата освен на една страна ако добро прочитав. Нема логика да е казанчето.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #254 на: 20 Декември 2021, 14:12:49 pm »
Радијаторчето бар лесно се приметува дали има проток, довод и поврат цревата со рака фати ги дали се топли.
И јас мислам дека е нешто со клапни.