Автор Тема: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008  (Прочитано 17873 пати)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #120 на: 21 Јуни 2024, 15:09:54 pm »
21.06.2024 направен мал сервис на 170228км во домашна атмосфера. Цена на сите делови со масло 2497 денари. Работна рака 0 денари.


Имав малце неинтересна ситуација во меѓувреме, колата рандом знаеше да вергла подолго или пак во возење да изгуби сила и не одеше над 4000 рпм. Со гасење палење проблемот се решаваше. Се случуваше 1 во 2 дена или пак 3 пати во ден....Проблемот беше што не појавуваше никаква грешка. Ја однесов на неколку мајстори и никој неможеше да идентификува што точно е проблемот бидејќи не појавуваше никаква грешка ниту пак во тој момент ги имаше наведените симптоми. После 2 недели конечно се реши да светне Check Engine сијаличката и да ми покаже проблем со сензорот на радилица. Набавен нов од Киа по цена од 3800.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #121 на: 21 Јуни 2024, 15:42:15 pm »
Сензор на радилица 3800... кај отиде светов...

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #122 на: 21 Јуни 2024, 16:31:33 pm »
Сензор на радилица 3800... кај отиде светов...
Имав понуда за

Japco- 740 денари
Meat & Doria - 1275 денари
Autolog - 800 и нешто денари беше.

Да бидам искрен незнам што би била разликата помеѓу било кој од овие 4(вклучувајќи го и тој од Киа) и дали воопшто би имало некаква разлика кој и да се стави, ама ете сепак се решив од овластен од причина што мислам дека не е некоја голема инвестиција а ете по претпоставка дека би бил подобар од другите...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #123 на: 21 Јуни 2024, 22:10:39 pm »
Искрено веќе не верувам на официјални сервиси. Кај нас сé се преваранти ама ете никогаш повеќе да не се расипе. Ќе го платиш да знаеш.