Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50618 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #225 на: 24 Октомври 2021, 16:53:34 pm »
Вчера се пожали невестата од метлиците.
Гледам дека 2 години издржало моето имплантирање :)

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,22637.msg1113446.html#msg1113446

Шампионови метлици никаде ни за лек.
Од банани метлици дигнав раце па така изборот дополнително е стеснет, односно по бензинските на МП не ни видов метални метлици.
Скокнав до Карбокс во Ситимол, од Праксисот немаа 55ка, купив Фалкон (55 и 41 цм) по неверојатни 80 денари по комад (и да не чинат лесно ќе ги прежалам парите).

На прво монтирање убаво бришат, ќе видиме колку ќе издржат, но по таа цена нека се и само пола година добри.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #226 на: 29 Октомври 2021, 12:21:59 pm »
Фалконот издржал цели 2 дена :'(

Ми се јави прееска жената пошто заборавала да ми каже дека се исти како старите, можеби и бетер, а бришеа убаво во Недела кога ги купив.
Претпоставувам дека гумата се стврднала по неколку преспиени ноќи на 0 степени , ѓубре за 80 денари.

Видов Аутолукс шиткаат Бош, се јавив, имале само банани.
Се налутив, скокнав до Хубо и купив Мишелин од железните, подоцна ќе ги монтирам па ќе видиме.

Ако не бива ќе се вратам на трансплантација на гумата од Праксис бананите во метлицата од Шампион, како полани што направив.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #227 на: 29 Октомври 2021, 12:26:13 pm »
Абе Микиус... Има тема за брисачи, што не ја прочита :)

Го јадев тој стап со Мишелинките јас, ене ги во гепек се возат, фрлени 1300 денари за џабе демек за поскапите.

Генерален увозник за Bosch се BisOil, имаш неколку дуќанчиња низ градот меѓу кои најлесен за пристап е кај Борис Трајковски, одма до самоуслужната перална.

Се надевам ќе ве тераат многу подобро отколку мене (а и @Simo - Carrier159 мислам имаше купено и ги имаше изругано).

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #228 на: 29 Октомври 2021, 12:41:41 pm »
Знам дека има тема за брисачи :)
450 денари ги платив.

Од досегашното искуство со брисачи утврдив дека тие модерните банани не легнуваат убаво на секоја шофершајбна.
Барам исклучиво метални, кои исто така знаат да се погодат чурук, но се помалку ги има како избор.
И не е само до метлицата, и смесата на гумата треба да се погоди...
Со години користев Шампион кои беа без промашај, ама ги снема.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #229 на: 29 Октомври 2021, 13:03:26 pm »
Јас со Bosch сум исто како тебе задоволен, повеќе години. Ксарата два сета метални во 6 години, Пежото 9 месеци беспрекорно служеа, Алфата еве банани сега си доби и се преродив, зошто нервно оболев од Мишелинот, за 2 недели што ги имав ме полудеа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #230 на: 29 Октомври 2021, 13:06:50 pm »
Ако не ги бива Мишелинот ќе се потрудам да најдам од металните на Бош.
На прво пребарување за Бош ми се појави Аутолукс и пошто немаа метални се откажав.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #231 на: 29 Октомври 2021, 13:35:50 pm »
Има во БисОил и метални и бананести, ама држам среќа да се погоди Мишелинот. :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #232 на: 29 Октомври 2021, 14:55:15 pm »
А зошто не сакаш „бананасти“, не одговараат за твојата кола или овие метални имаат некоја предност?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #233 на: 29 Октомври 2021, 16:26:31 pm »
А зошто не сакаш „бананасти“, не одговараат за твојата кола или овие метални имаат некоја предност?
Еве зошто не сакам бананести

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,22637.msg1113446.html#msg1113446

И на Меганот пробав со банани, резултатот беше ист и си се вратив на метални Шампион.

На i30 легнаа бананите од Праксис, мада лани се искомпликува работата...имам пишано во таа тема.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #234 на: 29 Октомври 2021, 17:00:52 pm »
За Бош метални прашај и во Релирејсинг, јас од таму земав.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #235 на: 29 Октомври 2021, 19:28:19 pm »
Откако се вратив дома ги пробав Фалконот да видам како бришат, шља-ка-тар-ник.

Монтирав Мишелинот, на возачка страна баш во видно поле оставаа линија широка 2 милиметри низ цело поле на движење, на совозачка страна оставаа замаглено.

Видов дека каналите од гумата  се идентични и почнав со операција пресадување гумички, односно монтирање на гумата од Мишелинот во метлицата од Шампион.

Низ гумата стојат вметнати 2 шинички кои и даваат цврстина на гумата за да не испадне од жабиците од метлицата, а богами и форма додека не лежат на шофершајбната и најверојатно придонесува за коректно налегнување врз стаклото.

Еве слики од метлиците и шиничките.
Мишелинот е прав како пушка, Шампионот има благ лак, плус има разлика и во лостовите.

Шиничките што имаат лак се од Шампионовите метлици.


Ги поставив на кола Шампионовите метлици освежени со Мишелиновата гума, перфектно бришат.

Дали е само до шиничките, или само до лостовите, или и двете, не би знаел се додека не направам комбинаторики.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #236 на: 08 Ноември 2021, 16:40:39 pm »
Прееска купив од Бошот метлици (метални) од Бисоил, ем ме копкаше како ќе се погодат, ем ми требаше еден пар за резерва во гепек.

Ги монтирав, супер бришат од прва, сега за понатаму ќе знам што да купувам, пошто ми здосади трансплантирањето.
ШампионоМишелинките одат во резерва :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #237 на: 08 Ноември 2021, 18:47:21 pm »
Само метлици купи или комплет брисачи?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #238 на: 08 Ноември 2021, 19:19:02 pm »
Моторчето за брисачите работи, брисачите (шипките) се функционални, само треба метлиците (брисачите) да се променат поради стареење на гумичката што е на нив :)
Е сега, знам дека се продаваат и само гумички за метлици (брисачи) но ко божем да не се зезам со трансплантации :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #239 на: 08 Ноември 2021, 19:57:14 pm »
Ахахаххахаа, по детално објаснето амин. И викаш добри се а? И јас мака мачам со меривава со брисачи. Што не пробав од бензискиве сите кратко траат или од прва нечинат. Праксисот на пунтото тераа минимум по година дена, ама не и на меривата. Колку пари кажа? Бис оил не беше некаде пред Сарај или грешка сум?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk