- сите мораат да бидат врзани, и тие позади, во колата со која се возам, без оглед дали сум возач и колата е моја, или сум во туѓа кола и ме вози некој друг. 2-3 пати сум се враќал со такси затоа што возачот кој требал да ме вози го фатил инат „ти ли ќе ми кажуваш бе у моја кола кој ќе се врзува а кој не? ене ти такси ако не ти се свиѓа“. ОК. Такси. Се разбира, исклучок од ова правило е - такси. :-)
- „Алергичен“ сум на кеси, торби, ранци и друг товар во внатрешноста на патничката кабина. Сето тоа треба да оди во гепек, дури и при кратки градски релации. Исклучок се мали, меки женски ташничиња.
- Не поднесувам тивко пуштено безумно радио, некој спикер блебета нешто во позадина а никој не го слуша или некои моронски топ-10 хитчиња. Или ќе слушаме музика, одбрана и соодветно гласно пуштена, или ништо. Дури и кога влагам како патник во туѓа кола барам или да се изгаси тивко пуштеното радиото, или да се пушти погласно. Ме нервира радио во позадина.
- Климата секогаш треба да дувка во ветробранското стакло, без оглед на надворешната температура. Ако не шушка вентилаторот, звукот ми фали и тоа ме деконцентрира. Ја користам како "white noise machine".
- Неразумно и претерано често проверувам притисок во гумите. Нема никакво разумно оправдување за толку често проверување притисок во нови, исправни, вчера проверени гуми. Мора да бидат точно, у замислена втора децимала точно, како што пишува на вратата. Другар ми вика дека сум опсесив-компалзив со гумите и притисокот, откако во рамки на едно исто возење од сарај до аеродром два пати застанував да проверувам притисок пошто на мојата одвејана, луда глава и се чинело дека нешто не е во ред.
- На патарина секогаш викам „фала“ и „пријатно“, на македонски, без оглед дали патарината е во македонија, грција, германија, скандинавија или америка (на ретките патарини кои не се роботизирани).
- ако коловозот е лизгав и ако најдам соодветна празна делница, намерно закочувам нагло или нагло тргнувам за да видам колку отприлика тракција имаат тркалата. Ова е, иначе, прилично глупаво и неразумно од моја страна, затоа што а) ако возам полека ќе имам доволно тракција со зимски гуми и б) мојот експеримент е ризичен и може да се извртам некаде.