Автор Тема: Чудни возачки навики  (Прочитано 37163 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Чудни возачки навики
« на: 20 Јуни 2017, 01:08:09 am »
Верувам дека сите имаме по некоја чудна навика кога се работи за автомобили и општо за возење, што колку и да сте се обидувале да ја промените - не ви успеало.  :P

Еве да го скршам мразот ќе почнам со мои две „чудни“ навики што ги поседувам: првата е кога седнувам во кола и нормално пуштам радио, гласот секогаш морам да го ставам на парни бројки (8,10,14,16 ми се најчести) и ако совозачот го намали/зголеми гласот, го пратам на која бројка ќе застане и ако не е на парна морам да го корегирам. Неможам ни да се сконцентрирам на возењето ако не е гласот на парна бројка.  ;D  ;D  ;D
А другата чудна навика е тоа што кога паркирам го намалувам гласот на радиото на 6 или 8 за подобро да пратам ситуација, и подобро да гледам.  ::)

Верувам дека е интересна тема, малку да се нашалиме на сопствена сметка и ако не е на вистинското место - нека премести администрација. Благодарам.

Пуцајте со навики, клабери!   :D

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #1 на: 20 Јуни 2017, 01:19:16 am »
Хахааааа а јас мислев дека сум сам со "парните" ама добро е сега ме утеши!
Истата опсесија, ако не е парен волјумот коса ми се крева :))

Едит:
Зеро ме потсети за копчиња А ретровизори, обавезно мора да ми се на средина, а вентилацијата секогаш права :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
« Последно менување: 20 Јуни 2017, 08:56:09 am deksa »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #2 на: 20 Јуни 2017, 07:10:06 am »
Незнам ова колку е навика ама на централен дисплеј мора да ми стои температура на масло. 99% од времето само тоа ми е уклучено на централен дисплеј, ретко кога го менувам да видам потрошувачка, брзина, сменам песна итн. И обично практикувам да паркирам со задницата прво, за да излезам полесно :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #3 на: 20 Јуни 2017, 08:25:44 am »
Ехее..

Тоа со парните бројки, кај мене е обично на интервали од 5 (5-10-15). Сите местенца за одлагање ситници што се затвараат мора да се затворени (да речеме отворот од централниот наслон во Голфот). Џоистиктчето за подесување ретровизори мора да е на средна позиција (не завртено ниту кон левиот, ниту кон десниот ретровизор). Порано сакав да се прави отворите за вентилација, сега не ми е толку важно.

Сигурно ќе ми текне уште нешто..

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #4 на: 20 Јуни 2017, 08:44:30 am »
Покрај веќе спомнатите работи како радиото и отворите, јас имам чуден OCD кога е во прашање средниот ретровизор и симетријата, ако не е перфектно еднакво видното поле на сите страни, се додека не го подесам само таму ми е паметот.

И исто така вечното расправање со жена ми, сите ситници што тропкаат, крцкаат, ташни и глупости оставени низ кола ги средувам пред пат.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #5 на: 20 Јуни 2017, 08:44:50 am »
Тоа со намалување на музиката кога си на паркинг или бараш некоја улица или место каде што си прв пат го прават сите, ваљда да не одзима внимание


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #6 на: 20 Јуни 2017, 08:45:38 am »
Воланот до крај накај мене. Би сакал да може уште 5цм да оди во сите коли накај возачот воланот.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #7 на: 20 Јуни 2017, 08:52:07 am »
Кога ќе влезе некој на задно и ќе почне да гази насекаде со прљави обувки, по кедери, пластики на седиштето, под него, на прагот меѓу седиштата, на самото седиште исто, и за да искочи гази на прагот на колата.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #8 на: 20 Јуни 2017, 09:06:55 am »
Прво влагање во кола морам се од џебови да извадам и да сместам, радиото е на интервал од +,-5 иначе, ако е за +,-1 разлика или ми е многу гласно или многу тивко, вентилацијата мора да биде во симетрија со линиите на шалтаблата иначе проблем, пред качување на патници позади и покрај повремено предупредување, џабе не функционира пластиките испогазени, косата четка и крпата у рака... :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #9 на: 20 Јуни 2017, 09:08:44 am »
Мене ме нервира кога патниците што се возат позади ќе остават ѓубре во џебовите позади предните седишта.

Кога паркирам на обележано место обавезно мора да сум паркиран на средина од обележаниот простор, лево и десно од возилото и линиите да има симетрично исто растојание.

Секогаш паркирам со рикверц.

Никогаш не отварам прозори од кола после перење зашто ме нервира мрља од вода што го прави влажниот кедер од прозорот.

Ако нешто ми тропка или крцка додека возам застанувам го барам копилето пто крцка и го средувам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #10 на: 20 Јуни 2017, 09:10:11 am »
@zlatkoa Све ова, све. Освен тоа со ѓубрето во џебови - не ми се десило до сега, ама па и не возам луѓе позади често.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #11 на: 20 Јуни 2017, 10:11:47 am »
Ехее..

Тоа со парните бројки, кај мене е обично на интервали од 5 (5-10-15). Сите местенца за одлагање ситници што се затвараат мора да се затворени (да речеме отворот од централниот наслон во Голфот). Џоистиктчето за подесување ретровизори мора да е на средна позиција (не завртено ниту кон левиот, ниту кон десниот ретровизор). Порано сакав да се прави отворите за вентилација, сега не ми е толку важно.

Сигурно ќе ми текне уште нешто..

Што да кажеме ние кои немаме опција за средна позиција на џоистичето за ретровизори  :(



Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #12 на: 20 Јуни 2017, 10:12:54 am »
Со сила на средина. Нек цркне. :D

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #13 на: 20 Јуни 2017, 10:39:34 am »
Ехее..

Тоа со парните бројки, кај мене е обично на интервали од 5 (5-10-15). Сите местенца за одлагање ситници што се затвараат мора да се затворени (да речеме отворот од централниот наслон во Голфот). Џоистиктчето за подесување ретровизори мора да е на средна позиција (не завртено ниту кон левиот, ниту кон десниот ретровизор). Порано сакав да се прави отворите за вентилација, сега не ми е толку важно.

Сигурно ќе ми текне уште нешто..

Што да кажеме ние кои немаме опција за средна позиција на џоистичето за ретровизори  :(
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Багови.... :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #14 на: 20 Јуни 2017, 10:41:22 am »
Појас ставам и назад кога седам, демек назад не морало, матуфа работа