Автор Тема: Чудни возачки навики  (Прочитано 36709 пати)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #150 на: 13 Октомври 2017, 13:50:54 pm »
Treble, tremble е трепери или нешто слично. Австралијанец еден :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #151 на: 13 Октомври 2017, 15:48:20 pm »
Ми се треси душата бе од високотонци ;D


Да беа сеа видов што напишав! ;D ;D


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #152 на: 13 Октомври 2017, 17:19:09 pm »

- ако коловозот е лизгав и ако најдам соодветна празна делница, намерно закочувам нагло или нагло тргнувам за да видам колку отприлика тракција имаат тркалата. Ова е, иначе, прилично глупаво и неразумно од моја страна, затоа што а) ако возам полека ќе имам доволно тракција со зимски гуми и б) мојот експеримент е ризичен и може да се извртам некаде.

Ако го правиш намрно, значи спремен си да реагираш соодветно на можното пролизгување. Предвидуваш што може да се случи. Ем дознаваш колку може колата. Не гледам тука ништо глупаво и неразумно.  Може да се извртиш некаде, ако праиш глупости (јас еднаш со Стилото, од водно на замрзнато „акнав“ ручна надолу, тоа беше глупост, ќе завршев у бандера), ама кочење со ABS и/или ESP и остала помагала, на празен пат, без да загрозуваш нниикого, не е глупост...
Тргнување нагло, никому не може да наштети :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1352
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #153 на: 18 Декември 2017, 02:55:38 am »
Да ја оживеам темата. ;D
1. Седнувам у кола
2. Врзувам каиш
3. Стискам кумплуг (без разлика лер или брзина) и палам
4. Пуштам светла (пред да ми цркне стариот акумулатор ко државна кола со све уклучено палев)
5. Пуштам радио (освен кога ја вадам од двор)
Преферирам да рока гласна музика барем кога сум сам, кога има некој со мене ја прилагодувам гласноста според другите. Пушење забрането. Совозачот мора да врзе каиш. Пред подолг пат ја пумпам предната десна гума, испушта некако обавезно е на 1,8 и ми одметнува на десно, ако не ме мрзи ги проверувам и другите. Претежно возам според знаци. Ако ми ѕвони телефон по можност застанувам ако не не кревам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #154 на: 18 Декември 2017, 03:01:59 am »
Оди провери ја гумата што пушта, можда имаш крив бандаж. :)

Нова навика што ја создадов (и ја наметнав на татко ми) откако сменив држачи на мотор и мењач е да паркирам во лер со крената рачна 2-3 крцкања. Читав негде дека паркирање во брзина ги става под непотребен стрес држачите, и ми имаше смисла па сега си паркирам со рачна...

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1352
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #155 на: 18 Декември 2017, 14:06:59 pm »
Ќе проверам, само нека се стопи снегот. И јас обично кревам ручна освен кога заборавам, па како у виница минатиот понеделник ја оставам у лер и без ручна ;D ;D . И уште една да речам чудна навика, пошо немам централна брава ако има патници со мене чекам да излезат да заклучам од внатре, па после јас излегувам и ја заклучувам возачката врата.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #156 на: 18 Декември 2017, 14:18:54 pm »
Каде има снег и кога наврна ?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #157 на: 18 Декември 2017, 14:42:56 pm »
Каде има снег и кога наврна ?

Маврово, вчера вечер и денес сабајле. Претпоставувам и во Пехчево кај @Ѓорѓи, тие на планињето се. :)

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1352
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #158 на: 18 Декември 2017, 15:13:37 pm »
Од вчера врне во пехчево  ::)

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #159 на: 18 Декември 2017, 15:23:39 pm »
Најверојатно сум го утнал за малку. Вчера си отидов од Гогов. ;D

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #160 на: 18 Декември 2017, 23:43:03 pm »
Јас изгледа треба да ги оправам високотонците во кола или сум приглув. Пуштени ми се вкрај. Ама може да не ги бива пошо никој не ми се побунил....

Глупава навика ми е да се паркирам како да возам кола од сто миљони долари. Ги предвидувам сите можни ситуации за да не сметам и за да не ме закачи некој ако другите излегуваат покрај мене. Имам сигурно околу 3-4 минусни саати на работа од каснење поради ова. И ја сликам за да ги имам таблиците и бојата на тие до мене ако ме закачат.

Го намалувам радиото на тивко за да не ме изненади кога ќе влезам нареден пат.

И ги прибирам ретровизорите за да не сметаат дури и кога не сметаат односно ако сум сам на паркинг за 10.000 луѓе. (Ова ми е влезено во инстинкт и неможам против тоа)

Почнав да правам revmatch при промена во пониска брзина а не сум добар во тоа и на неколку наврати сум морал да закочам понагло пошо сум потрошил време на тоа ама ми стана глупа навика.
« Последно менување: 18 Декември 2017, 23:51:31 pm masterficx »
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1352
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #161 на: 19 Декември 2017, 00:14:53 am »
Јас по 3 пати препаркирам, ако има слободно место гледам што подалеку од други коли да не закачам некој случајно.
Најверојатно сум го утнал за малку. Вчера си отидов од Гогов. ;D

Веројатно рано си заминал, јас кога станав кај 12-13 саат се беше побелено ;D
« Последно менување: 19 Декември 2017, 00:28:03 am Ѓорѓи »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #162 на: 20 Декември 2017, 11:50:56 am »
И ја сликам за да ги имам таблиците и бојата на тие до мене ако ме закачат.

И тогаш кога нема да ја сликаш, тогаш ќе ти ја закачат

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #163 на: 20 Декември 2017, 13:57:23 pm »
И ја сликам за да ги имам таблиците и бојата на тие до мене ако ме закачат.

И тогаш кога нема да ја сликаш, тогаш ќе ти ја закачат
Немам некакви намери да гонам некого или да се припотресувам за ситници. Ниедна кола не е идеална нити пак ќе остане идеално офарбана долго низ Скопјево. Ете едноставно навика ми има останато глупава од периодот кога и се тресев на колата пред да сватам дека не е крај на светот ако ја гребнеш.
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #164 на: 24 Декември 2017, 13:37:12 pm »
Стекнав нова чудна возачка навика во изминатиов период.  :D
На татко ми му падна железната врата од гаража точно кога ја пикна колата внатре, и среќа у несреќа е што се скрши прскалката на задното ветробранско стакло а и пластиката што ја покрива. И сега не прска на стаклото него позади ко пиштолче за вода.  ;D

Сеа ако некој ми се лепи за браник, а доста често среќавам такви, прво пробувам да им укажам да држат прописно растојание со тоа што ги вклучувам сите четири трепкачи, али ако нема никаква реакција, работи прскалката и во краен случај ги користам задните магленки кои очи вадат, и мора да кочи будалава зад мене.  ;D
 
А оваа навика ја имам испуштено да ја пишам: дека е караванка и има завеса позади во багажниот простор, шубе ми е да возам ако не е повлечена над багажот, т.е „искористена“ за намената.  :P