Автор Тема: Чудни возачки навики  (Прочитано 36724 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #120 на: 24 Јуни 2017, 12:06:10 pm »
Заклучок: Возилото паркирано на надолнина, може да ги издржи оптоварувањата и да не се задвижи, доколку е ставено во прв степен и рачната сопирачка не е крената. НО, оптоварувањата кои што влијаат врз моторот и возилото во целина се доста големи и се јавува напрегање на витални елементи од моторот. Ова напрегање е константо и само во една положба, па на пример, ременот што го задвижува алтернаторот ќе биде оптегнат со константна сила се додека возилото стои паркирано на удолница во прв степен, и да не набројувам понатаму. Ременот е димензиониран да биде динамички оптоварен во текот на експлоатација, со ваквиот режим на тегнење, векот му се намалува, и самиот ремен се “разлабавува”. Оптоварен е со статички оптоварувања.

Препорака: Секогаш кога паркирате на надолнина, кренете ја паркинг сопирачката (ручна), па потоа уфрете во првиот степен на пренос.

Еден другар колата дома си ја паркира пред гаража, која му е како подрум, надоле значи, удолница. И тоа прилично стрмна. Аутоматик, паркира, мењачот го остава во P, па отпосле крева рачна. После неколку години паркирање така, аутоматикот му се расипува и мајсторот му кажува нешто во стил дека менувачот премногу се напрегал додека колата била паркирана и се заебал некој дел кој го чинеше околу 500 евра.  Сега паркира, крева рачна, колата "легнува" на рачната, па после става во P менјачот.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #121 на: 24 Јуни 2017, 13:22:01 pm »
Како легнува колата на рачната ? Во N ? ...или можеби во D ?!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #122 на: 24 Јуни 2017, 13:27:59 pm »
N. Фино пиша златкоа. значи брзината е за секој случај, а не да ослониме на моторот. На по екстемни удолници добро би било некој камен ( не мора меѓник ) :D
@S16-HGT се мајтапиш или...? :)


Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #123 на: 24 Јуни 2017, 13:31:13 pm »
Како да легнеш кола која по ставање во N автоматски ја деактивира рачната ?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #124 на: 24 Јуни 2017, 13:39:43 pm »
Сигурно има некоја финта :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #125 на: 24 Јуни 2017, 13:42:05 pm »
Стави N па крени рачна :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #126 на: 24 Јуни 2017, 16:12:23 pm »
Како легнува колата на рачната ? Во N ? ...или можеби во D ?!

Нели може да кренеш рачна, да се укочи колата нели, па после да ставиш во P ?  Не сум возел аутоматик, не знам како е. Ама фората е у тоа што мењачот многу се напрегал од такво паркирање и си го земал данокот. :D

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #127 на: 10 Јули 2017, 22:05:10 pm »
1. Палење и гаснење на мотор задолжително со притиснат кумплунг во лер.

2. Генерално муабетам со тие што ги возам во кола ама многу ме нервира кога некој ме дави со некој безвезе муабет. Значи црна смрт ми е тоа и избегавам да возам на подолга релација луѓе што знам дека се давежи.  ;D

3. Освен ако апсолутно мора, никогаш не паркирам измеѓу две коли. Мразам кога ми ја лупаат колата со врати од страна. Едноставно толку е свеста кај нас и не ми е проблем да паркирам 20 метра подалеку само да не ми ја лупаат колата.

Тоа во глобала.  :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #128 на: 10 Август 2017, 10:02:56 am »
У последно време почна да ми преминува во навика кога ќе видам некој од спротива со „квалитетен“ ксенон кој очи вади, му блендирам и ако му е соборено светло тоа веднаш пуштам долги.

Друго, на некоја опасна кривина поднамалувам и цело време ногата ми е спремна за кочење дека знам ќе има некој шумахер шо ја сечи кривината и обавезно легнувам на свирка.

Синоќа ми се случи тоа, се возев со моите и така направив, татко ми ми вика шо свириш имаш место да поминиш, јес да имам место ама да му текни на тој шо е работава, ехе ќе му текни, пази секакви будали има, ќе ја заврти колата и по тебе, тепачки, остај ти таа работа. И искрено ме подзамисли, у иднина по смирено, не толку агресивно спрема такви будали.  :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #129 на: 12 Август 2017, 01:58:05 am »
Па мислам гадно ќе се зезнеш ако удриш кочноца в кривина, во секој случај триењето ќе се зголеми т.е. теретот на гумите и асфалтот што нели може да допринесе со пролизгување. Поарно намали пред кривина. А тоа да, секакви будали имат.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #130 на: 12 Август 2017, 02:15:07 am »
Предните гуми ќе ти добијат повеќе тракција затоа што тежината ќе се префрли врз нив и поголема е шансата да свртиш, се излетува/пролизува заради преголема брзина или затоа што предните гуми немаат доволно тракција.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #131 на: 12 Август 2017, 02:22:09 am »
Ако ги закочиш сроз во паниката утре ќе свртиш...

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #132 на: 12 Август 2017, 09:32:24 am »
Алоуу не да кочам до блокирање на тркалата (мада има абс) во сред кривина - не сум до толку изврвен во паметот.
Значи зборам за некоја ептен остра кривина која треба да ја фатиш со макс еве 60, јас возам таму со 50 а некои мали коли или незнам комбиња треба под 40. Има будали шо ја сечат цела кривина, кај е непрегледно, кривина па и ја сече. Зошто? Едноставно нема потреба, како јас можам да бегам скрос во крајот. Тоа ме вади од такт.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #133 на: 12 Август 2017, 10:01:26 am »
Умерено кочење во кривина не е ништо посебно опасно на сув асвалт со добри, солидни гуми. Сега нормално има граница со брзина...ако се вози 50+ од дозволено може и без кочница да се извртиш.  ;)


Инаку дека има пациенти што сечат има и то како. Еднаш на барбарас едно чиче како опасно сечеше кривини надолу со фацкинг ТИКО од сите можни коли. Како не се претумба и сам не знам, по него одев и то оставив доста место зад него, демек да не му правам притисок да вози побрзо.   :(

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #134 на: 12 Август 2017, 10:13:52 am »
На закинтос еден постар со четирицикл пред мене на 20-30 метри сечеше кривини по еден пат од лаганас за накај наваџио и така се опна во еден акцент па трчање, вадење, помагање додека не дојдоа уште некоја кола и умре човекот тука на раце.... и ми се расипа одморот