Автор Тема: Чудни возачки навики  (Прочитано 36720 пати)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #105 на: 22 Јуни 2017, 18:02:13 pm »
Чудна навика ми е ако излезам на аутопут, одма волан фаќам со две раце и навалувам тело во полежерна состојба, а низ град со една, обично лева, десната се одмара на армрест и мењач и најчесто служи за чепкање по радио/клима/вентилации, пропратно пушам цигара, ужасно ме нервираат дрангулии на задна полица/3 човек во средина на задна клупа
No turbo, no fun :)

Отсутен mambo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #106 на: 22 Јуни 2017, 22:24:45 pm »
мене најмногу ме нервира камења да барам, зато јас си носам два камења во багажник за тоа пусто паркирање на удолница

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #107 на: 23 Јуни 2017, 00:23:27 am »
На некое дрво ќе ја потприш :)
Интересни теории за ова со рачна/брзина.
Инаку мислам дека колку и да е нова колата и да има 1:1000 компресиски сооднос, не може идеално да се затвори просторот во комората, само може да е не забележотелно или силите на фрикција да се поголеми од теретот т.е. удолницата. Нели ако сте вртеле мотор рачно со клуч или на тркало, цела мака е додека да се мрдне моторот, па потоа се движи некако многу полесно, најдобро се приметува при извадени свеќици/греачи.
И да се вратам на темата по мое мислење рачната прави беља најчесто при повлекување, али што ја знам кога ќе пушти, па ако е во брзина сигурно штетата ќе биде многу помала, а башка некако му доаѓа и како припомо. Кумплунг, рачна па во брзина, моторот да е " лабав ". Така практикувам.
Друга рабора кога сум на семафори, поготово со бројчани 5-6 секунди ја ставам прва, со едната нога куплунг со другата гас до даске за побрзо да тргнам :) се зезам, со фругата кочница по потреба и/или рачна.
Порано ми беше растиман шалтерот, па ми се мешаа 1-ва и рикверц, па полека пронував на кај ќе киниса колата, еднаш ми се деси назад да киниса, али нрзо изреагирав, па поминав без последици, може од тука оваа навика. Голф си е голф, од кај знаеш што му текнало во моментот :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #108 на: 24 Јуни 2017, 01:07:14 am »
Најнискиот степен на пренос (прва брзина) врши редукција на вртежите на моторот со цел да се добие поголем излезен момент од моторот на погонските тркала. Ако преносниот однос во првиос степен е 3.7 тоа значи дека излезното погонско вратило од моторот треба да направи 3.7 кругови за на излезот од менувачот на погонското вратило да има еден вртеж.
(Главниот редуктор го занемарувам заради полесно објаснување на проблематиката)

Да речеме дека сме ја ставиле колата на надолнина, во првиот степен на пренос, без крената рачна.
Се додека отпорите внатре во механичките склопови на возилото (лежишетата од тркалата, отпорите на триење кај запчениците во менувачот, отпорот на триење помеќу клипниот лост (клипњача) и коленестото вратило (радилицата), отпорот на триење помеѓу клипниот маслен прстен (карика) и ѕидот од цилиндерот, отпорот на ременот што го погонува алтернаторот, компресот за клима и тн.) се поголеми од силата која што дејствува да го задвижи возилото, возилото ќе стои.
Силата која што дејствува врз возилото е тежината на возилото помножена со косинусот од аголот на нагорнината.
Бидејќи тежината на возилото е константна, аголот на нагорнината е тој што влијае кога возилото ќе почне да се движи, затоа што косинусот од тој агол директно ја множи силата, и во оној момент кога производот на тие два параметри ќе ја надмине реактивната сила на отпорите, возилото ќе се стреми да се задвижи.

Сепак и тоа да се случи, возилото нема да може така лесно да се движи по удолница ако е оставено во првиот степен на пренос. Моторите со внатрешно согорување кога се задвижувани без да се иницира експлозија на гориво во цилиндерот, работат како компресор. Па во нашата ситуација, доколку возилото паркирано на надолниа се задвижи ќе се јави компресија на воздух во цилиндрите кој што ќе треба да избега надвор низ вентилот за одвод на издувни гасови од цилиндерот, а ќе треба да повлече воздух од вентилот за всис на воздух и гориво (процесот е обратен од процесот на согорување). Тоа значи од филтерот за воздух до цилиндерот не треба да има никаква пречка за да процесот на компресија се одвива непречено и моторот, во случајот компресор да може да се движи нормално. А пречка има (не објаснувам како и што за да не биде текстов огромен)

Еве да речеме дека моторот не ги додржал оптоварувањата кои што возилото ги има заради поставеноста на удолница. Возилото е паркирано на ужасно стрмна надолнина која е несвојствена и неможе да се сретне во реалност. Возилото се задвижува. Ако е во прв степен на пренос, погонското тркало треба да направи 1 вртеж (преносен степен во првиот пренос на менувачот 3.7) за да коленестото вратило да се сврти 3.7 пати. Еден вртеж на коленестото вратило треба да оствари 4 такта барем кај еден цилиндер на моторот. Моторот ќе почне да пуфка воздух, и да работи како компресор, ама бидејќи сте биде доволно црепови да го паркирате возилото на толку стрмен пат, најверојатно возилото ќе биде поместено неколку метри подолу или залепено во некој предмет, објект или претумбано во ендек.



Секоја нагорнина која што возилото и моторот може да ја совладаат во прв степен на пренос, возилото може да ја издржи ако го оставиме паркирано кон надолнината во прв степен на пренос. Просто е како грав.

Кога се проектира возило, менувач, мотор се води сметка за овие работи и затоа најчесто патиштата се проектираат да имаат агол на наклон од 45степени или 100%. Соодветно на тоа овие наклони се земаат како константи при проектирање на возилото, и соодветно на тоа се возилото се димензионира истите наклони да може да ги совлада.





Заклучок: Возилото паркирано на надолнина, може да ги издржи оптоварувањата и да не се задвижи, доколку е ставено во прв степен и рачната сопирачка не е крената. НО, оптоварувањата кои што влијаат врз моторот и возилото во целина се доста големи и се јавува напрегање на витални елементи од моторот. Ова напрегање е константо и само во една положба, па на пример, ременот што го задвижува алтернаторот ќе биде оптегнат со константна сила се додека возилото стои паркирано на удолница во прв степен, и да не набројувам понатаму. Ременот е димензиониран да биде динамички оптоварен во текот на експлоатација, со ваквиот режим на тегнење, векот му се намалува, и самиот ремен се “разлабавува”. Оптоварен е со статички оптоварувања.

Препорака: Секогаш кога паркирате на надолнина, кренете ја паркинг сопирачката (ручна), па потоа уфрете во првиот степен на пренос.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #109 на: 24 Јуни 2017, 01:23:29 am »
Секоја нагорнина која што возилото и моторот може да ја совладаат во прв степен на пренос, возилото може да ја издржи ако го оставиме паркирано кон надолнината во прв степен на пренос. Просто е како грав.

Моето возило може да ја совлада нагорнината со втор степен на пренос на која тестирав, и сепак во прва брзина не додржува, веднаш по ставањето во прва, почнува да се движи, најпрви на сец, потоа после неколку сецкања (тргнување, па краткотрајно застанување, па пак тргнување), започнува да се движи. Не брзо, ама се движи.
Моторот си има компресија, си пали без проблем на клуч, може и на плин да ја постигне декларираната брзина според упатството.
И може да совладува нагорнини од 10-12% со трет степен на пренос, брзина негде околу 75 км/ч на плин, а 55 коња е. (конкретната нагорнина е по Припор)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #110 на: 24 Јуни 2017, 01:30:01 am »
Секоја нагорнина која што возилото и моторот може да ја совладаат во прв степен на пренос, возилото може да ја издржи ако го оставиме паркирано кон надолнината во прв степен на пренос. Просто е како грав.
Не ќе да држи вода, затоа што при совладување нагорнина со упален мотор, претвораме огромно количество хемиска енергија од горивото во механичка, која служи за совладување на угорнината. Оставена во брзина надолу, кинетичката енергија на возилото треба само да ги совлада силите на отпор при компресија во цилиндерот, на обичен воздух (зборуваме за ист однос на редукција, и.е. прва брзина или рикверц), а тоа е релативно лесно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #111 на: 24 Јуни 2017, 01:35:05 am »
Секоја нагорнина која што возилото и моторот може да ја совладаат во прв степен на пренос, возилото може да ја издржи ако го оставиме паркирано кон надолнината во прв степен на пренос. Просто е како грав.
Не ќе да држи вода, затоа што при совладување нагорнина со упален мотор, претвораме огромно количество хемиска енергија од горивото во механичка, која служи за совладување на угорнината. Оставена во брзина надолу, кинетичката енергија на возилото треба само да ги совлада силите на отпор при компресија во цилиндерот, на обичен воздух (зборуваме за ист однос на редукција, и.е. прва брзина или рикверц), а тоа е релативно лесно.

Се обидов да ја релативизирам цела пробематика во една проста логична реченица. Знам дека не држи вода, ама мора да најдеш аналогија некоја за да му ја објасниш на просечен човек "на удолница во прва без ручна."

Ако сакаш да ја тераме на дугачко со математики, може и така ама ќе бидеме офтопик, и гарант ќе дојдеме до докажување дека дизелот, може на удолница у прва, бензинците неможат. И има пациенти на форумот, се ложат на таа проблематика и ќе ја отреаме у три лепе дискусијата...


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #112 на: 24 Јуни 2017, 01:37:08 am »
Се согласувам :) А и не е тоа тема на муабет. Просто ко пасуљ: Застани, дигни ручна, угаси, стај у прва/рикверц (во зависност од сексуална ориентација) ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #113 на: 24 Јуни 2017, 01:37:49 am »
Секоја нагорнина која што возилото и моторот може да ја совладаат во прв степен на пренос, возилото може да ја издржи ако го оставиме паркирано кон надолнината во прв степен на пренос. Просто е како грав.

Моето возило може да ја совлада нагорнината со втор степен на пренос на која тестирав, и сепак во прва брзина не додржува, веднаш по ставањето во прва, почнува да се движи, најпрви на сец, потоа после неколку сецкања (тргнување, па краткотрајно застанување, па пак тргнување), започнува да се движи. Не брзо, ама се движи.
Моторот си има компресија, си пали без проблем на клуч, може и на плин да ја постигне декларираната брзина според упатството.
И може да совладува нагорнини од 10-12% со трет степен на пренос, брзина негде околу 75 км/ч на плин, а 55 коња е. (конкретната нагорнина е по Припор)

Ламелата и потисната кога ти се менувани последен пат? Имаш проблем со нив?

Едит: Мислам дека имаш проблем со зазорот на вентили, најверојатно имаш гареж нафатено на нив и не ти затвараат целосно, затоа и возилото лесно се задвижува кога е паркирано на удолница. Единствено тоа може да е причинител ако моторот влече и има компресија.
« Последно менување: 24 Јуни 2017, 01:43:08 am zlatkoa »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #114 на: 24 Јуни 2017, 01:43:28 am »
Незнам кога се менувани и колку км има поминато. На табла пишува 150 800 моментално, дали се оригинални или не незнам (фелиција е иначе, не верувам дека некој би се замарал со таква кола да врака км).
Кога ја земав пред 2 год прилично високо факаше кумплугот, на сајлата олабавив, малку подоле фака сега, негде околу половина, можда малку над половина, еве веке 2 години функционира идентично откако ја олабавив малку сајлата.
При тргнување по стрмни нагорнини не чувствувам никакви симптоми, ниту ми замирисува, дури и редовно ми пролизгуваат предните тркала при пострмни нагорнини.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #115 на: 24 Јуни 2017, 02:05:53 am »
Извинете за дупли пост.
Никогаш кога ке го изгаснеш моторот, немаш 4 клипови во втор такт (тоа е компресиониот такт). Секогаш ке имаш само по 1 клип во втор такт, така ?
Пример го гасиш моторот, и пример прв клип со четврти ти е на најниска точка, а втор и трет ти се на највисока.
Да претпоставиме дека првиот клип завршил со прв такт, спремен е за втор такт. Вториот клип во тој момент веке е спремен за трет такт, значи завршил со компресиониот такт, третиот клип ке го започнува првиот такт, а четвртиот клип ке го започнува четвртиот такт.
Значи никогаш немаш 4 клипови во ист момент што ке бидат во втор такт и ке ти прават компресија, туку само по 1 клип ке биде што ке прави компресија.
« Последно менување: 24 Јуни 2017, 02:14:31 am FiLo »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #116 на: 24 Јуни 2017, 10:22:40 am »
Се согласувам :) А и не е тоа тема на муабет. Просто ко пасуљ: Застани, дигни ручна, угаси, стај у прва/рикверц (во зависност од сексуална ориентација) ;D
Замисли да оставиш кола на 45 степени во 1ва брзина. Без рачна според муабетов. :) Ќе снимаш 0-100 клипче по се изгледа. :) :) :) :) Ако мислиш дека ќе држи бар снимај клипче за да го видиме тумбањето сите. :) :) :)

Легендарно. :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3423
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #117 на: 24 Јуни 2017, 11:04:50 am »
Теоријата на Златко е 99% малтене 100% точна, затоа што сите кажувате како е што е, а никој не седнал да прочита, се едуцирате на чичко гугл, поминете од машински од копирница и земете си книги за мотори со внатрешно согорување, за преносни односи и ним слични, ако ја разбирате проблематиката и ако ве интересира лесно ќе разберете што сакал писателот да каже во книгата. Златко спомна дека и математички ќе ви објасни, ама зошто да се малтретира човекот, кога вие секако ќе го побиете математичкиот доказ.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #118 на: 24 Јуни 2017, 11:19:38 am »
Речиси и да нема возило што неможе да совлада наклони во опсегот 40-100% (според аголот 20-45 степени) во прва брзина. И твоето југо без проблем ке ги совлада во прв степен на пренос.
Е сега погледни ги на сликата со агломерот и увиди дека тоа е сериозно стрмен наклон. Нашите планински превои рецимо се со наклон од 8-12%, или во според агол 4-7 степени.

Пробај практично, јас сум пробал практично, и исто така и на друго возило пробано практично на наклон од 15-тина проценти (8 степени агол според агломерот), итекако се придвижува.

Баш сакам да пробате на 45 степени агол/100% наклон само во прва да го оставите, па да ја видиме теоријата во пракса. Ја велам доволно е само над 7-8% наклон за да возилото се движи, камоли за 100% наклон.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3423
Одг: Чудни возачки навики
« Одговори #119 на: 24 Јуни 2017, 11:51:07 am »
Еве за муабетот од пракса, лани бев во Црна Гора, има едно плажиче блиску до Будва дробни пијесак (42.233720, 18.907216) се вика, е сега удолницата според моја проценка е некаде 40+,- % сигурен сум во тоа, со слаба ламела, но со тазе ремонтиран мотор цца 5000км стоеше без ручна во прва баш пробав, арно ама јер отидена ламела имав проблем кога требаше да се качам, па се залетував па се враќав и така 2-3 пати, ама тоа е друга прича... :D