Автор Тема: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style  (Прочитано 73955 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #105 на: 13 Декември 2016, 08:48:35 am »
Која бензиска препорачувате за бензин 95, макпетрол или лукоил ?

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk



Двете се добри, а и Супертрејд е добра. Пробај по 3-4 резервоари од сите, ќе видиш која е најдобра за твојот мотор. Порано хундаи бензинците најдобро работеа со Лукоил бензин.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #106 на: 13 Декември 2016, 10:46:51 am »
плин си во план да монтираш?

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #107 на: 13 Декември 2016, 10:55:05 am »
Lugjevo po forumi mnogu lesno si kazuvaat, zemi si ova i ova-najdobro e. A budzet ne e vklucen nigde vo muabetite. Zatoa ti najdobro si znaes sto sakas i sto mozes da si dozvolis.
Muabetot najdobro e dobri zimski i dobri letni site go zneme. A bas tie sto najlesno go pisuvaat vozat skart gumi. Dobri zimski 22.000 den, dobri letni 18.000 den. Ako se menjaat na 4-5 godini (vo zavisnost kolku se vozi kolata) toa se nov set na gumi na 2-2,5 godini, po 20.000 den prosek.
Michelin crossclimate nikako ne e evtina guma, no e daleku poeftina od dva seta na dobri gumi. Spored testovi treba da e ista ili podobra od 80% od letnite gumi sto se vozat kaj nas, na sneg e sigurno poslaba od site zimski gumi, no ako ne moras na nekoi snegovi da vozis (sto e i normalno i site nadlezni go preporacuvaat-izvestuvanjata od AMSM obicno glasat "dokolku ne morate, izbegnuvajte podolgi patuvanja"), za normalni zimi kaj nas so slobodno bi rekol 80% suvi patista-znaci 80% od vremeto nema da bide voopsto polosa od najdobrite zimski gumi.
Bidejki ne e ni 5% od zimata (samo od zimskite 5 meseci) so sneg kaj nas, celosno ako gledas (so leto vkluceno) imas guma koja e ednakva so najdobrite letni i zimski gumi, a samo 2% ili samo 5-6-7 dena vo godinata ako ima sneg si inferioren vo odnos na zimskite gumi. No so povnimatelno vozenje nema da bide nikakov problem-sepak se sertificirani za koristenje na sneg i daaaaleku od letna guma na sneg.

PS. I jas sum takov sto na nova kola da mi sveti nekoja sijalicka, nema teorija. Vo nikoj slucaj ne bi go dozvolil toa, iako i za stara da stanuva zbor, povtorno ke bide istiot muabet.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #108 на: 13 Декември 2016, 11:03:57 am »
На i30ката 1.4 DOHC ставав најчесто од Макпетрол, сум немал никакви проблеми.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #109 на: 13 Декември 2016, 11:53:04 am »
Muabetot najdobro e dobri zimski i dobri letni site go zneme. A bas tie sto najlesno go pisuvaat vozat skart gumi.

Имаше еден многу лош муабет на форумов кој гласеше „доста збориш за Х колата, си се видел што возиш?“. Ова е само еволуција на тој муабет. Ако јас возам 12 години стар Цитроен, тоа значи дека сум лицемерен ако кажам дека сакам да поседувам Volvo V90? НЕ! Тоа значи дека разбирам што е добро, и го препорачувам, но во моментов имам само за кола која вреди колку сет тркала од колата која ја сакам.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #110 на: 13 Декември 2016, 12:43:49 pm »
Што ќе ти е тебе V90? ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #111 на: 13 Декември 2016, 13:08:34 pm »

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #112 на: 13 Декември 2016, 13:11:56 pm »
И јас ставам на Лукоил еве сега втор резервоар го полнам. За дизел едно време много лош беше на лукоил и ми се случи филтерот за нафта полн со вода и тогаш сменив на Макпетрол и подобро идеше кола и помалце трошеше. Пред некое време почна многу да тресе и вибрира моторот и сменив пак на Лукоил и се смири моторот. Чудна работа е со нафтата кај нас.

Сега во новата кола сакам да ставам квалитетен бензин, посебно сега додека се разработува моторот, да не си имам проблеми.

@ogledalo
Фала за одговорот. Не ми се проблем толку финансии, сакам кога купувам да ми е по мерак. Реално сијаличката многу многу ке ме нервира, таков сум човек јбг. Има доста искусни членови тука и немора да значи дека ако нешто они го немаат дека неможат да дадат совет. Има многу работи што знаеме дека се добри ама џебот не стигнува толку високо.  :) :)

Инаку за овие Cross Climate има 2 модела што се продаваат кај нас Cross Climate и Cross Climate XL. Има некоја разлика или само некаде испуштиле XL?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #113 на: 13 Декември 2016, 14:44:27 pm »
XL-extra load, со зајакнати страници се и можеби се подобар избор за нашите патишта

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #114 на: 13 Декември 2016, 15:26:04 pm »
Што ќе ти е тебе V90? ;D

И тебе не ти треба Фиатчето па го сакаш и имаш. ;D

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #115 на: 13 Декември 2016, 15:53:34 pm »

Инаку за овие Cross Climate има 2 модела што се продаваат кај нас Cross Climate и Cross Climate XL. Има некоја разлика или само некаде испуштиле XL?
Mislam deka 205 55 16 crossclimate se proizveduvaat samo XL varijanta.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #116 на: 19 Декември 2016, 13:25:50 pm »
Се одлучив за Cross Climate, резервирав во сабота во МотоЦентар да ги сменам и овие летни ке идат на продажба. Патосници уште не најдов гумени оргинал за колата.. На неколку места ме излажаа ке донесат и сега ке донеле после нова година.... Изгледа ке треба да си земам теписонки. Во самад прават они теписонки по нарачка. Има некој искуство со квалитет ?

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #117 на: 19 Декември 2016, 13:26:41 pm »
Се одлучив за Cross Climate, резервирав во сабота во МотоЦентар да ги сменам и овие летни ке идат на продажба. Патосници уште не најдов гумени оргинал за колата.. На неколку места ме излажаа ке донесат и сега ке донеле после нова година.... Изгледа ке треба да си земам теписонки. Во самад прават они теписонки по нарачка. Има некој искуство со квалитет ?

А зашо не си земеш оргинал од Хјундаи?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #118 на: 19 Декември 2016, 13:28:02 pm »
Зошто да зема кога може Самад поубави да му средат :) башка ќе ги преплати од Хјундаи.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #119 на: 19 Декември 2016, 13:33:17 pm »
Се одлучив за Cross Climate, резервирав во сабота во МотоЦентар да ги сменам и овие летни ке идат на продажба. Патосници уште не најдов гумени оргинал за колата.. На неколку места ме излажаа ке донесат и сега ке донеле после нова година.... Изгледа ке треба да си земам теписонки. Во самад прават они теписонки по нарачка. Има некој искуство со квалитет ?

А зашо не си земеш оргинал од Хјундаи?

4500 ги продаваат... Мислев да пројдам нешто поефтино, некако многу пари ко за патосници.