Автор Тема: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style  (Прочитано 73161 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1014
Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« на: 27 Ноември 2016, 18:11:24 pm »
Конечно да ја претставам и мојата кола. Да се заблагодарам за сите што ми помогнаа во изборот од тука. После многу многу проби на половни коли и нови коли се одлучив за Hyundai Elantra.

Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style темно сива минерална/металик боја.

Мотор: 1.6 MPI, 128ks бензин со 6 брзини.

Опрема:  
 дневни лед светла, подесиви фарови со леќи
 автоматска двозонска клима со сензор за автоматско одмаглување на шовершајмна
 темпомат
 паркинг сензори со камера
 5" дисплај со тач скрин
 блутут
 команди на волан
 тонирани стакла
 централна брава
 електрика на сите прозори
 автоматско преклопување на ретровизори, греење на ретровозиро и трепкачи на ретровизори
 сензор за светло
 сензор за дожд
 аларм
 серво волан со висинско и длабинско подесување
 кожен волан и менувач
 CDMP3 + USB + iPod приклучок
 патен компјутер
 потпирач на рака
 кваки во боја на каросерија
 светла за магла
 16’’ фелни 205/55 гуми
 резервна гума со алуминиумскa фелнa
 деллива задна клупа


Безбедност:
 АВЅ+EBD+TCS+ЕЅР
 воздушни перници х 4
 воздушни завеси

Уште немам таблици посериозно да ја повозам, од тоа што успеав од мерак сум задоволен. Комфортна кола, многу простор внатре, лесно се управува, огромен багажен простор. Седиштата се одлични напред со многу простор за патници позади. Моторот несакав да го форсирам, по упатство треба да се вози 2000-4000 вртежи првите 1000км ама убаво повлекува и речиси и да не се слуша. На семафор неколку пати помислив дека колата ми има угаснато. Звукот е одличен и многу ми се допаѓа тоа што има неколку приклучоци за усб полнач.

Неколку забелешки, ми кажаа дека има hill start assist control а јас не успеав да го активирам, автоматската клима ако ја наместам на 22 степени незнам дали дува 22 степени или пробува да стигне до 22 степени во кабина и дува многу топло. Автоматско преклопување на ретровизори не е паралелено а иста големина се и на едниот му треба повеќе време да се отвори/затвори.
Овие забелешки не ги карактерзирам како лоши работи, може јас нешто лошо правам, може треба време се да дојде на своето место.

Планови за иднина:
 Наредна недела ке ставам нови зимски гуми на овие бандажи а следната сезона ке купам посебно веројатно челични.
 Ксенон светла
 Навлаки на седишта
 

Доколку пропуштив нешто ке допишам. За сите прашања сум тука. Ми треба патосници по можност оргинал гумени, дајте препорака. Прашував Дог Секјурити и Самад немаат на лагер.

Еве нешто слики.







« Последно менување: 28 Ноември 2016, 10:04:58 am BraneMKD »

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #1 на: 27 Ноември 2016, 18:15:25 pm »
Честитки, предобар избор,

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг:
« Одговори #2 на: 27 Ноември 2016, 18:20:10 pm »
Со среќа да си ја возиш, одличен избор!


Sent from my SM-N920C using Tapatalk


Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #3 на: 27 Ноември 2016, 18:21:41 pm »
Одличен избор си направил, прекрасна е Elantra-ва. Со здравје да се вози и многу безгрижни километри!

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #4 на: 27 Ноември 2016, 18:24:50 pm »
Со здравје да се вози. Ми се свиѓа што бандажите се потемна сребрена боја...  или сликата е само таква излезена ?  ??? ???
Зини да ти кажу.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8644
  • Пичлеме
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #5 на: 27 Ноември 2016, 18:25:48 pm »
:(

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #6 на: 27 Ноември 2016, 18:36:41 pm »
Е ОВА Е МНОГУ УБАВА НОВА КОЛА. Надворешен изглед, мисица 2016. Чиста 10ка за изборот, со среќа да си ја возеш и безгрижни километри! Колку години имаш бесплатен сервис(претпоставувам има)? Тоа што не се синхронизирани сигурно е некој глуп дефект(не толку битен, можда едното моторче е дефект на ретровизорот), но сепак е нова кола и треба да си го средеш додека е време, да не испадне после твоја грешка. Она UPHOLD претпоставувам е нешто како старт/стоп енџин, кога застанеш на семафор да се гасе(зошто воопшто) што според мене е жива глупост и фала богу некако и јас научив како да не го уклучувам(кај мене при палење на колата ако држеш само кумплуг се активира, ако држеш и кочница истовремено кога ја палам, не се активира).

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #7 на: 27 Ноември 2016, 18:50:22 pm »
Честито! Одлична кола, со здравје да ја возиш! :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #8 на: 27 Ноември 2016, 18:59:29 pm »
Uphold претпоставувам дека е некаков Hill Start Assist. Кога си на угорница, држиш кочница. Во моментот кога ќе ја пуштиш кочницата, не ја отпушта колата одма, него ја задржува уште секунда-две, да имаш време да ставиш во прва и да тргнеш. Практична работа е.

Тоа со климата нека не те буни - кога е на автоматски и на 22, климата се обидува да постигне температура 22 во колата, и ќе дува потопло додека да згрее. Сосема нормално е. Тоа за ретровизорот, прашај си на време, ако треба да се среди, нека се среди.

Одлична кола! Честито, со здравје и со мерак да си ја возиш! Огромна разлика прави екранчето во средина во однос на тест возилото што ние го возевме.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1014
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #9 на: 27 Ноември 2016, 19:09:20 pm »
Благодарам на сите за честитките, па поубави коли да си купите. :) :)

Да, Uphold assist е на угорница автоматски ја држи кочницата уште 2 секунди, сосема доволно да немора ручна да се дига. Лично ги прашав од Хјундаи дали ја има таа опција и ми кажаа дека ја има ама не успеав никако да ја активирам, читав и упатство во книга и ништо.

Да земам сега таблици па ке ја носам кај нив да ги наместат ( требало бушење ) и ке прашам за овие неколку работи.

Фала Зеро за тоа за климата, баш ме нервираше вчера. :) :) :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #10 на: 27 Ноември 2016, 19:17:48 pm »
Само нека ти ја наместат задната таблица убаво, ако треба со по повеќе штрафчиња и можеби некаква подлошка. Сите ги местат таблиците ужасно и траска и тропа на затварање. Ќе ти оди на нерви цело време.

Би требало Hill Start Assist (или како и да го викаат Hyundai) да си е активирано по дифолт. Нека ѕирнат.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17449
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #11 на: 27 Ноември 2016, 19:18:57 pm »
Честитам, „глушец“ сивава боја убаво стои :)

Ако веќе бушат браник за таблиците, барем и таблиците нека ги избушат, па монтирај ги без пластики. :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #12 на: 27 Ноември 2016, 19:20:20 pm »
Бушење ако сакаш без рамка да бидат инаку нема потреба... Како што гледам има штрафчиња за рамката. А имаш и друга опција ако сакаш без рамка, не со бушење туку со лепење.

Нема да траскаат на затварање, само да се намести табличката на рамката убаво да биде стегната.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1014
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #13 на: 27 Ноември 2016, 19:23:31 pm »
Моја грешка, не се вика UPHOLD assist, правилно е HAC - Hill-start Assist Control.

Ке ги прашам на кој начин они можат да ги наместат и дали може и таблиците да ги избушат.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #14 на: 27 Ноември 2016, 19:25:48 pm »
Ааа за напред ли мислите сеа гледам, да чудно е изгледа нема штрафчиња... Залепи ги, не ги буши...