Fala za iscrpniot odgovor plimont. Koja e razlikata megu Lovato i Landi Maks ( mislite Landirenzo Maks?) sistemot za G. Punto i koi tip na injektori koristi Landi Maks (lovato ili Med kako Omegas?)
Bidejki motorot na G.Punto e mnogu slab (65KS) dali moze pri kalibriranjeto da se zgolemi silata i da bide postarten?
pozdrav
Разликата меѓу Ловато и Ланди Плус Макс е во повеќе елементи, електроника, компјутер, софтвер, испарувач итн. Двата уреди користат исти (Ловатови) инјектори.
Ланди Рензо своите секвенционални уреди ги пласира под следните брендови:
-Landi Renzo (Omegas, Evolution)
-Landi (Blu, Maks Plus)
-Lovato (Smart)
Landi Renzo Omegas и Landi Blu се опремени со MED инјектори,
Landi Maks Plus и Lovatо Smart имаат Lovato инјектори,
Landi Renzo Evolution има AEB инјектори.
(сите погоре спомнати брендови се сопственост на Ланди Рензо)
MED и AEB инјекторите се брзи инјектори и тие ги користиме кај возила кои имаат ниски времиња на отворање на бензиските инјектори, и кај кои бензиската мапа е во широк опсег. Тоа се најчесто возила со мала кубикажа и голема моќ, на пр: АМГ Мерцедес (пр. зафатнина 1.8 и сила 140 kw) и BMW M.
Конкретно за Пунто, има релативно високо и стабилно време на отворање на бензиските инјектори а вредностите на бензиската мапа се во мал опсег, така да со поставување на уред со брзи инјектори не се добива ништо повеќе отколку да се постави уред со поспори ловатови инјектори.
Ланди Плус Макс и Ловато Смарт се уреди кои се произеведни по превземањето на Ловато од страна на Ланди Рензо. Кај Ловато Смарт се направени низа подобрувања на компонентите и на софтверот, а Ловатовиот МАП сензор е заменет со сензор кој се користи во уредите на Ланди Рензо.
Ланди Плус Макс е целосно нов уред кој го развиваа задно тимовите на Ланди Рензо и Ловато. Целта беше да се дизајнира и произведе уред со стабилно функционирање, добри перформанси, голема издржливост во различни услови на експлоатација и со различен квалитет на гориво, а притоа да нема превисока цена за набавка и одржување.
Разликата во сила и брзина според податоците на производителот е околу 2%, а потрошувачката е до 10% повисока од таа на бензин.
При калибрација на плинскиот уред целта е да се добие работа на плински погон најблиску можно до таа на бензиски погон. Обид за додавање на сила на плински погон би бил непрофесионалнен и во секој случај неуспешен. Ќе мора да се збогати смесата плин воздух над оптималната, што ќе го регистрира бензискиот компјутер, ќе се активира check-engine и софтверот ќе се префрли во service mode. Значи, ќе добиеме само компликации и додатни проблеми за бришење на грешките во бензискиот компјутер.