Zdravo Plimonrt, koj plinski ured go preporacuvate za Grande Punto 1.2 8v od 2009 i Opel Astra 1.6 8v od 1995 i zosto?
pozdrav.
Здраво
За Гранде Пунто 1.2 го препорачуваме Ланди Макс уредот во комбинација со торусна плинска боца која се поставува на место на резевно тркало.Цената за вградување на ваков уред изнесува 570 евра.
Опел Астра 1.6 од 1995 година може да е опремена со моно-поинт или мулти-поинт инџексион тип на мотор.
Доколку моторот е моно-поинт, ќе се постави електронски уред Ланди Рензо ЛЦ01 кој е со цена од 405 евра – со цилиндрична плинска боца, односно 435 евра со торусна плинска боца која се поставува на место на резевно тркало.
Доколку моторот е мулти-поинт инџексион, наша препорака е да се постави АЦ уредот. Тоа е секвенционален уред од полско производство кој се покажа како оптимално решение за мулти-поинт возилата опремени со постар тип на електронско вбризгување на горивото (Full Group Injection). Неговата цена е 500 евра – со цилиндрична плинска боца, односно 530 евра со торусна плинска боца која се поставува на место на резевно тркало. Може да се постави и Ланди Блу уредот, но тој е со повисока цена (595 со цилиндрична / 625 со торусна боца).
Во текот на утрешниот ден ќе Ви постирам и фотографии од Гранде Пунто и Астра со вграден плински уред, денес поголемиот дел од денот го поминав на предавање за имплементација на нова европска легислатива која меѓудругото ќе се применува и на нашата дејност.
Накратко зошто Ви го препорачуваме овој уред. Се работи за квалитетен и стабилен секвенционален уред со многу солидна цена. Ние можеме да Ви понудиме и уред со повисока цена, како што е Омегас (цена за вградување 915 евра) но на вашето Пунто и двата уреди ќе функционираат идентично и во пракса нема да добиете нешто повеќе за доплатената сума пари.
Друга причина зашто во текот на изминатите месеци често го препорачуваме овој уред се ниските трошоци за негово одржување, од една страна заради поевтините резервни делови а од друга страна затоа што се покажа максимално издржлив во наши услови на експлоатација. За разлика од Landi plus max, резервните делови кај скапите плински уреди (PRINS, Landi renzo omegas) имаат цени кој се превисоки за македонскиот стандард. Потрошувачката ќе биде 10 проценти повисока од таа на бензин.
Благодарност од екипата на Плимонт до Џиџи и АлександарБТ за убавите зборови