Пробав да најдам некои податоци на интернет, но не успеав, па бидејќи сте најстручни во Македонија би сакал да поставам неколку стручни прашања на екипата на ПЛИМОНТ:
1) Колкав е притисокот на дизните на уредите Landi Renzo OmegaS, LandiMax plus и PRINS?
2) Со колкава прецизност на вбризгување е секоја од нив и колкави се одстапките?
3) Каква е разликата при употреба на различните дизни?
4) Од што зависи минималното време потребно за префрлање од бензин на плин?
5) Дали секогаш има бенфит од употреба на поскапи дизни или има случаи каде нема бенефит
6) Дали постојат суштински разлики помеѓу уредот на PRINS и Landi Renzo OmegaS и дали уредот на PRINS e подобар од Landi Renzo
7) Дали е вистина дека уредот на PRINS има дупло поголем притисок на дизни, 10 пати по прецизни дизни, 100 пати е попрецизен во одредување на запалливата смеса во однос на уредите на Lovato, Landi Renzo и Marini?
Иако е прашањето до Плимонт, бидејќи не е во приватна комуникација, ќе си земам слобода да продискутирам малку:
Притисокот на дизни? Дизните на плинските уреди се уствари мини-електро-вентили, кои се отвораат и затвораат во одредени временски интервали. Притисокот го регулира (намалува-редуцира) редукторот или испарувачот, кој како си го вика, до вредност која е доволна плинот да премине од течност во гас, и плус тоа да обезбеди добро мешање со воздухот. Оттука, може да стане збор за временски интервал на отворање на дизните и притисок на редукторот. Временскиот интервал на отвореност на дизните, зависи од следниве параметри: отвор на дизната и притисок во рејлот после редукторот. Ако е дизната и притисокот се големи , времето на отвореност на дизните ќе биде пократок. Ако е тоа во преголема мерка, односно се бараат премали времиња на отвореност од системот, тогаш времето на циклусот отвори/затвори е премало, па може да се деси дизната да не пропушти доволно плин - не ваља!
Ако е обратна ситуација, премал притисок, премала дизна, при големи побарувања за гориво од страна на моторот, ќе настане ситуација во која дизната ќе биде предолго отворена па ќе помине всисниот циклус, а таа нема да испорача доволно плин во системот - повторно не бива!
Притисокот во рејлот треба да биде повисок од оној кој владее во усисната гранка, за всушност да има размена на гас од рејлот кон усисната гранка преку дизните. Значи ако е турбо мотор со некој одреден надпритисок, да речеме 0.5 бар, притисокот во рејлот треба да биде поголем од 1.5 бари (нели 1 бар како референтен воздушен притисок + надпритисокот од турбото).
Што се однесува до минималното време, најмногу зависи од температурата. Знаеме дека гасовите кои се компримирани, при брза експанзија се ладат. Температурата на моторот е тука, за да се обезбеди состојба во која нема да се дозволи разладување при експанзија, при што може да замрзнат некои делови, како мембраните кои се наоѓаат во редукторот, кој при ваква смрзната ситуација може да се оштети. Спрема тоа, минималното време за префлање од бенизн на плин зависи од тоа, кога системот може непречено да работи без да настанат оштетувања на деловите од системот. Многу фактори се тука битни, но најбитно е правилно да раобти системот за ладење на моторот, бидејќи топлината од системот за ладење се користи за загревање на плинот. На пример, јас имав проблем на почеток, поради лошиот проток на вода низ цревата за редукторот, па се случуваше системот да се префлри на бензин, бидејќи сензорот за температура на редукторот постигнал минимална зададена вредност. Потоа го решив тој проблем со редуцирање фи-то, на одредени црева. Исто така, ако ти е механичкиот термовентил (термостат) заглавен на отворено (недајбоже на затворено) поголемо количество на вода треба да се загрее и за тоа треба подолг временски период. Нормално, тука е и фаторот лето/зима, односно надворешна температура. Некои системи се подесуваат (така е со мојот), ако температурата ги задоволува потребните вредности, веднаш да се стартува колата на плин. Во некое инсталационо упатство, прочитав дека е згодно да се остави период од минимум 15 секунди, за ECU-то да ги отчита сите вредности дури работи на бензин, пред да префрли на плин, кај мене нема потреба од тој период.
За останатите прашања не се мешам - оставам на стручњаци
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)