Плимонт фала на вашиот одговор
Со монтажа на два испарувачи кај турбо мотор какво искуство имате, дали во целиот режим на оптеретување работи на плин или се вклучуваат и бензинските прскалки, или ова зависи од мотор до мотор?
Поздрв
Кај BMW X5 4.4 на пример ( на фотографиите подоле), кое исто така е возило со моќен мотор, со многу коњи, вградуваме два стандардни редуктори (обележани со црвени ознаки).
Поточно, во пракса, веќе подолго време кај моќните мотори вградуваме (доколку дозволува просторот во моторниот дел), два стандардни редуктори. Овој тип на монтажа се покажа како подобро решение заради тоа што кај комбинацијата од два редуктори појавата на проблеми и потребата од нивно сервисирање многукратно се намалува, а самите интервали за замена на мембраните на редукторите се многу подолги отколку кога ќе се постави еден,,Major” редуктор.
,,Мајор” Редуктор (за секвенционален уред) – Landi RenzoНа фотографијата се дефинирани како ,,Major" верзија и ,,Turbo" верзија. Се работи за истиот редуктор, кај турбо верзијата се менува пружината во редукторот.
Стандарден редуктор (за секвенционален уред) - Landi RenzoМорам да напоменам дека со новиот ,,Major” редуктор, од брендот Lovato, имаме одлично искуство
Кај Landi Omegas plus, возилото во сите режими на работа ќе користи плински погон. Причината е брзиот ,,med” инјектор (
www.medautomotive.it - компанија во склоп на Landi Renzo) .
Кај Lovato, во режим на високи вртежи под оптоварување (open loop), моторот ќе работи на плински погон, меѓутоа ќе се дохранува со мала количина бензин.
Поздрав
.