Ако ти кажам дека на некои маркети им е наредено да „крадат“, ќе речеш не е точно. Ама јас лично имам разговарано со претпоставена во еден маркет и ми кажа дека за 1,2,3,4,5 денари кусур пробуваат да не враќаат „немам ситно“ и слично.
Сега замислете колкав обрт се прави на толку ситнеж кога тоа се случува секој ден на илјадници луѓе. Некому 2-3 денари не му значат ништо, ама кога ќе се собере од сите муштерии, излегуваат сериозни пари.
Во Аеродром во еден од маркетите истата приказна „леле немаме 2 денари кусур“, „немам ситно“. На тоа мојот одговор е: јави се кај газдите што ти даваат плата и кажи им дека немаш ситни пари за работа, нека ви обезбедат кусур за смена едноставно е ке ги роди двата диНара и оро ке игра. А не на рулет да се вртат наши пари , па ке нема кусур па ке нема.
И да се разбереме, немам ништо против вработените. Имам против неспособни и неодговорни газди и систем што дозволува вакви работи. И пак ќе речам ако не влеземе во ЕУ, нема да има ни ред ни бутур во државава
И заборави да кажеш дека ако треба да вратат 8-9 денари, враќаат цела десетка, и така се пребиваат.
Мислам, ако мислиш дека ти ги крадат твоите 2-3 денари, можда треба да пробаш без контактно плаќање.
Колку ли само треба да ти биде досадно во животот да се расправаш за два денари?
Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk
Не мора да ми врати ќе си врати и ќе работи/работат како што треба. Значи, сите останати се будали по светов , а само кај нас газот место глава и најпаметни сме за сè почнувајќи од ментален склоп, култура, етика, однос итн.
Каде и да сум плаќал нешто со мои пари, нормално е да ми вратат кусур. Имам избор: кеш или картичка. А ако треба и тоа да го разглабиме нема проблем, ќе научиме нешто ново. Спиј на тоа дека само со интернет што го имаш ќе плаќаш бесплатно. Запамти: нема ништо бесплатно.
Гарант нема јас да останам должен на маркетот, ниту пак вработена на територија на Македонија вработена во маркет ке вади писанка/тетратка како во 1942 година за да ме запишува - вересија. Мислам 21 век 2026 година.
Денот мојот, твојот и на сите луѓе на планетава трае исто 24h. Некој сега легнува, некој сега станува. Тоа што некој избрал каде ќе се буди на планетава, ниту го прави досаден, ниту забавен.Сите умираме со секој нов ден, жив човек соочување со себе и околу себе дека не сме бесмртни ако можеме позитвно да влијаеме во ред некој ке го препознае тоа , али не може јас пак нема да дозволам нормализирање на нешто што не неможе да се нормализира, не треба да стоиме ништо не стои ни време, галаксии па не и човечки ум.Ако одиме напред одиме ако не еве бујрум окрени се околу себе и гледај каде сме.Да повоториме не сме 42 втора па кусур имало немало писанки/вересии, бедно е тоа што мајндсетот е таков каков е и после многу многу години во одредени сфери на пример ова ако нормализираш ова и дека ти е океј и не се работи за кусур од денар,два и четири...