Ако ти кажам дека на некои маркети им е наредено да „крадат“, ќе речеш не е точно. Ама јас лично имам разговарано со претпоставена во еден маркет и ми кажа дека за 1,2,3,4,5 денари кусур пробуваат да не враќаат „немам ситно“ и слично.
Сега замислете колкав обрт се прави на толку ситнеж кога тоа се случува секој ден на илјадници луѓе. Некому 2-3 денари не му значат ништо, ама кога ќе се собере од сите муштерии, излегуваат сериозни пари.
Во Аеродром во еден од маркетите истата приказна „леле немаме 2 денари кусур“, „немам ситно“. На тоа мојот одговор е: јави се кај газдите што ти даваат плата и кажи им дека немаш ситни пари за работа, нека ви обезбедат кусур за смена едноставно е ке ги роди двата диНара и оро ке игра. А не на рулет да се вртат наши пари , па ке нема кусур па ке нема.
И да се разбереме, немам ништо против вработените. Имам против неспособни и неодговорни газди и систем што дозволува вакви работи. И пак ќе речам ако не влеземе во ЕУ, нема да има ни ред ни бутур во државава