
што побрзо сфатиш дека типичната торк крива на дизелашот е каде-каде попогодна за возење во 99% од ситуациите наспорти торк кривата на типичниот бензинец толку подобро за вас
Што ме тераш ти мене да сфатам кога и јас истото ти го кажувам? Но ти не го јаеш колачот цел туку само оној дел кој тебе ти помага да наметнеш нешто.
Зарем не е очигледно? На тривијално тврдење ти одговарам со тривијално тврдење за да ја согледаш тривијалноста. Мироринг. Преку имитирање на тежината на твојот аргумент сакам да ти помогнам да ја согледаш тежината на сопствениот.
Внимавај, тука сега не се расправаме дали е навистина вака како што велам јас или како што велиш ти што се однесува до бензинци и дизели. За тоа ќе зборуваме во соодветната „б вс д“ тема. Сега само ја анализираме структурата на нашето несогласување. Затоа ќе ги изоставам неколкуте „б вс д“ тврдења кои ги изнесе погоре и на нив ако сакаш ќе се навратиме во соодветната тема. Тука за друго збориме.
Сума сумарум, не мораш да смениш мислење ако не сакаш.
Точно. Тоа би било трагично за мене, но за среќа, ете јас сакам. И?
Можно е и да не мораш, бидејќи се сложуваш со истото. Ама ако сакаш да бидеш продуктивен дискутант, реален и „мажествен“ тогаш имај муда јади го колачот цел и немој да бидеш хипокрит.
Гледам и сакам да го јадам цел*, не се сеќирај. И хипокрит не сум повеќе од кој било рандом дискутант. Тоа што вам ви стана навика така да ме викате за да се ослободите од гневот од соочувањето со сопствените dh0-3 аргументи, тое е друга работа и мене не ме прави ни повеќе ни помалку хипокрит. Размисли: дали си хипокрит ако му викаш на син ти „сине, немој да пушиш, не чини“, а ти самиот пушиш? Си или не си?
Ги критикуваш сите и за најмалите пропусти
Ниту ги критикувам сите, ниту ги критикувам и за најмалите пропусти. Напротив, ги критикувам само оние кои сум оценил дека имаат нешто меѓу ушите и ги критикувам само за крупните, нааа оолкави дефекти во резонот ИЛИ за фактографски грешки поврзани со безбедноста во сообраќајот.
а и самиот не го практикуваш тоа за што даваш критика, што не е оикеј
Што тоа не практикувам, Миле? Кажи кратко и концизно, да се разбереме.
и затоа имаш толку противници.
Имам многу противници затоа што многу луѓе се научени само на dh0, 1, 2 и 3. На пример, за повеќето луѓе критиката „ти ли најде да збориш за брзо возење кога и самиот брзо возиш“ е суперлегитимна, најоправдана, крај-на-муабетот критика. Мисли дека ме закопал, дека немам право „а“ да кажам. Но, кога ќе приметат дека таквата критика мене не им вреди пет пари - нормално дека ќе се лутат. Сум навикнал. Овој форум не е ниту првото ниту последното место, не се сеќирај. Оваа „борба“ ја водам уште од средно школо. На повеќето луѓе не им го признавам маалско-семкарскиот начин на комуницирање кој е единствениот кој го познаваат, затоа што така се научени од мали, а преку телевизијата и медиумите само им се зацементирал. Она што ми влева надеж и ми дава сила е дека барем некој ќе сфати дека таквата комуникација е лоша и не води никаде, освен во чемер, непријателство и фрустрации.
едноставно нели.... иритантно е... не прифаќањето на другите забелешки и непофторливиот начин кој се практикува цело време... јас се знам... тоа иритира и тоа многу...
кој факинг број е тоа по скалата филипче? а?
кое?
__
*) Томе колт, еве ти уште еден брилијантен извадок за да си го стаиш у таглајн под пораките.