Автор Тема: Дискусија за дискутирањето  (Прочитано 50323 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #75 на: 10 Декември 2014, 21:14:37 pm »
Кога би бил црногорец би се помачил да најдеш реплики кои биле dh1. У реалност не би требало ич да ти биде тешко ;D

Дали тебе би ти било тешко?

;D ;D ;D
Се изнасмеав, ме потсети филипв како на филмовите кога ќе легне пациентот на кревет и ќе го прашаат
- Каков е твојот однос со мајка ти?

Филипв што си по струка? Те приметувам дека имаш интересен пристап на анализа.
Плс само немој контра-прашање, ако сакаш да споделиш ок ако не разбирам.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #76 на: 11 Декември 2014, 12:51:40 pm »
Кога би бил црногорец би се помачил да најдеш реплики кои биле dh1. У реалност не би требало ич да ти биде тешко ;D

Дали тебе би ти било тешко?

;D ;D ;D
Се изнасмеав, ме потсети филипв како на филмовите кога ќе легне пациентот на кревет и ќе го прашаат
- Каков е твојот однос со мајка ти?

Не, воопшто не мислев така. Ако добро го разбрав, фалангич сугерираше дека лесно може да најде мои постови кои се dh1, па го поканив да го стори тоа. Ем ќе ми заштеди мене труд, ем ќе провериме дали навистина ги препознал. Како некоја вежба.

Филипв што си по струка? Те приметувам дека имаш интересен пристап на анализа.

Последниве 10 години работам инженерска работа во областа на телекомуникациите и водам тим од неколку луѓе. Малку канцеларија пред компјутер, малку идење на терен. Мешано.

Претходните 10 години работев графички, визуелен и аудио дизајн за познати издавачки и музички студија и редакции на весници. Ништо чудно да се вратам на тоа ако ми се укаже прилика, пошто преку стапов од оптики, бакари, антени, стубови, рутери, свичеви, биџипија, бродкаст домени, преку стапов стварно...

Инаку, по вокација сум дипломиран професор по филозофија, логика и психологија, но далеку сум од работа по струката (многу би сакал да предавам некаде, ама за жал нема камен у тоа. треба да магистрирам/докторирам за поише пари, а ме мрзи, срам да ми е). Студирав и физика на ПМФ бидејќи ми е најомилена наука, ама не завршив.

Плс само немој контра-прашање, ако сакаш да споделиш ок ако не разбирам.

Зошто мислиш дека би ти поставил контра-прашање наместо директен одговор???

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #77 на: 11 Декември 2014, 13:17:05 pm »
Па шо знам, некако така си помислив ...

Инаку секоја чест за кариерата и студиите. Муабетот со Фаланга онака ми се сврте како сцена од филм низ глава, најмалку побуден од тоа зошто си реплицирал :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #78 на: 03 Февруари 2015, 20:12:13 pm »
Со години. Плус, еве, да речеме - ја возам 160, крпеницата вози 80. Исто растојание ни треба да закочиме - и побезбедно е! Ако и двајцата возиме 80, ја ќе закочам за драстично помалку растојание и он ќе ме удри од позади!

затоа ќе возиш 100-120, ќе имаш доволно време да го исперципираш и да го претицаш порано, а ако немаш услови за претицање ќе намалиш 80 и ќе држиш убаво, големичко растојание. и решен проблем.

кај на к-ов си се забрзал со 160?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29806
    • CARclub.mk
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #79 на: 03 Февруари 2015, 20:13:04 pm »
На одмор.

Едит: Ааа, едитираме, едитираме.. После се љутиш кога ќе ти префрли некој..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #80 на: 03 Февруари 2015, 20:15:06 pm »
тоа беше реторско прашање

сега ти е на тебе ред :-)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #81 на: 03 Февруари 2015, 20:17:33 pm »
Едит: Ааа, едитираме, едитираме.. После се љутиш кога ќе ти префрли некој..

сигурно дека ќе се љутам кога ќе ми префрли за нечесно едитирање со менување на смислата. тоа никогаш ниту сум го направил ниту ќе го направам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29806
    • CARclub.mk
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #82 на: 03 Февруари 2015, 20:19:38 pm »
Као тоа што го направи сега, па го врати делот со „кај к*р си се забрзал со 160“ кога примети дека ти одговорив на тоа прашање баш? ;)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43949
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #83 на: 03 Февруари 2015, 20:20:10 pm »
Едит: Ааа, едитираме, едитираме.. После се љутиш кога ќе ти префрли некој..

сигурно дека ќе се љутам кога ќе ми префрли за нечесно едитирање со менување на смислата. тоа никогаш ниту сум го направил ниту ќе го направам.
Само ти љути се, наместо да престанеш суштински да ги менуваш постовите откако некој ќе ти одговори на нив.  

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #84 на: 03 Февруари 2015, 20:21:04 pm »
Као тоа што го направи сега, па го врати делот со „кај к*р си се забрзал со 160“ кога примети дека ти одговорив на тоа прашање баш? ;)

да

ништо од смислата не е сменето и дискусијата може да продолжи.

ако неќеш да продолжи, можеш да најдеш и подобар изговор

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #85 на: 03 Февруари 2015, 20:22:20 pm »
Само ти љути се, наместо да престанеш суштински да ги менуваш постовите откако некој ќе ти одговори на нив.  

Тоа никогаш не сум го направил, а самата твоја спремност ти така да мислиш и покрај тоа што никогаш не се случило ја наоѓам за крајно навредлива.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43949
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #86 на: 03 Февруари 2015, 20:23:33 pm »
Јас кога прочитав го немаше делот со прашањето, па се чудев на смислтата на одговорот на Зеро. Си реков „што сеа „на одмор“?!“ ама ете имало што. Али отсега на битните работи со тебе само целосно цитирање на она што си го кажал. Да не испадне после некој тука некого лаже или лажно обвинува.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29806
    • CARclub.mk
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #87 на: 03 Февруари 2015, 20:27:51 pm »
Као тоа што го направи сега, па го врати делот со „кај к*р си се забрзал со 160“ кога примети дека ти одговорив на тоа прашање баш? ;)

да

ништо од смислата не е сменето и дискусијата може да продолжи.

ако неќеш да продолжи, можеш да најдеш и подобар изговор

Па не баш. Прво ти беше смислата „зашто брзаш, кој кур 160“, а во едитираниот пост беше „вози 120, перцепирање, претицање“. Суштински е изменет постот, дури ми е криво што не успеав првиот да го исцитирам. Штета.

Енивеј, еве, for the sake of argument.

Ситуација 1.

Јас возам со мојата кола 160. На мојата кола и се потребни (измислувам) 100 метри да застане од таа брзина. Некоја скапаница со отидени кочници вози 120. И на неа и се потребни 100 метри да застане од таа брзина. Се погодува во тој момент да го претицувам и мораме нагло да закочиме пред препрека што е 110 метри пред нас. Успеваме да закочиме без проблеми со полно (агресивно, инстинктивно) кочење.

Ситуација 2.

Јас возам со мојата кола 120, n метри пред скапаница со отидени кочници која исто така вози 120.. Мораме да закочиме нагло пред препрека што е колку-и-да-е метри пред нас. Јас кочам нагло, закочувам за 60 метри. Он кочи нагло, не успева да закочи на време и ме удира мене од позади, и потенцијално ми го повредува семејството/кучето/пивото у багажник.

Која ситуација би ја одбрал ти?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #88 на: 03 Февруари 2015, 20:28:44 pm »
Јас кога прочитав го немаше делот со прашањето, па се чудев на смислтата на одговорот на Зеро. Си реков „што сеа „на одмор“?!“

1. тоа не е суштинска измена. суштинска измена е кога се менува поентата на кажаното за да се избегне противаргументот. На пример, суштинска измена би било:

Филип: Главен град на САД е Њујорк
Симо: Не е.

Филип чита што пишал Симо, па откако прочитал го едитира горниот пост, брише Њујорк и пишува Вашинготн.

Па добиваме:

Филип: Главен град на САД е Вашинготн
Симо: Не.

2. и покрај тоа што не беше суштинска измена, ја вратив назад за да не му виси коментарот на зеро. Тоа не морав да го направам пошто пораката несуштински ја едитирав ПРЕД да видам дека некој ми одговорил, но беше чин на добра воља.

Али отсега на битните работи со тебе само целосно цитирање на она што си го кажал. Да не испадне после некој тука некого лаже или лажно обвинува.

Еееее да си жив и здрав, љубави, на тоа требаше да се сетиш пред неколку пати да ме обвинуваш за суштински преварантски менувања на пораките откако сум го прочитал одговорот на нив. Нешто што, повторувам, ниту сум го направил ниту ќе го направам пошто го рачунам за педерски.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #89 на: 03 Февруари 2015, 20:32:22 pm »
Па не баш. Прво ти беше смислата „зашто брзаш, кој кур 160“, а во едитираниот пост беше „вози 120, перцепирање, претицање“. Суштински е изменет постот, дури ми е криво што не успеав првиот да го исцитирам. Штета.

Навистина штета.

Јас возам со мојата кола 120, n метри пред скапаница со отидени кочници која исто така вози 120.. Мораме да закочиме нагло пред препрека што е колку-и-да-е метри пред нас. Јас кочам нагло, закочувам за 60 метри. Он кочи нагло, не успева да закочи на време и ме удира мене од позади, и потенцијално ми го повредува семејството/кучето/пивото у багажник.

И? Што предлагаш? Сите со подобри коли да возиме 160 затоа што не знаеме у какво стање се кочниците на тој позади?

Наместо тоа, таа скапаницата со отидени кочници не треба да учествува во сообраќај, чим кочниците се до толку скапани да не може да докочи при прописно држено растојание.

ЕДИТ Од сеа па натаму ќе даблпостирам пошто немам начин да дополнам нешто што ми текнало откако ќе стиснам „испрати“ без да едитирам постови.