Дечки ја отварам темата (се надевам на вистинско место, како што видов нема иста или слична тема), соочен со вакви "предизвици".
Имав одличен хаус мајстор (универзал за се), кој не ми беше тешко да го носам од Куманово до Скопје за да ми заврши работа, ама човекот, за жал, моментално има здравствени проблеми, па морав во 5 до 12 да барам електричари, водоводџии.
Електричарот беше добар ама водоводџијата направи пропуст. Требаше само да намести чешма (со сифон) и бојлерче, ама следниот ден гледам има вода на подот од кујната, пушта негде отпозади (најверојатно од одводот, каде влегува сифонот во одводот). Фатија празници, утре сакам да барам друг, повелете препорачајте добар водоводџија за едноставна работа, ја не се плеткам во тоа, нити знам ниту имам алат, затоа барав мајстор. Фала за секоја информација.