Што се „логички показатели“? Имав 8 семестри „логика“, никад не сретнав „логички показател“.
dh3?
повторнo: ова не е несолгасување, туку прашање. Прашувам: што се логички показатели. За прашања не важи dhx. Важи само и исклучиво за несогласување, за „не е така вака е“.
Ебем му матер, а баш се помачив да нацртам, преведам, постирам линкови, објаснам. Па прочитајте мајку му...
Дваеспет пути пишав дека dhx е за несогласување, но, не, нема прием и тоа е.
Прашањата понекогаш се поставени на начин кој прикажува одреден став.
Таа реплика јас би ја сместил во dh1, затоа што се обидува да се дискредитира соговорникот, преку истакнување на вокабуларни грешки, поткрепени од приказни за искуство на тоа поле, а всушност сето тоа е тотално неважно за дискусијата.
Онак прашуваше за критериум за одредување на максимално дозволената брзина на одреден пат. Ако го знаеш одговорот, требаше да му покажеш линкови од каде си го научил истото, заедно со сите објаснувања за критериумите, за и тој да се обиде да ги научи.
Непотребното занимавање со лексички грешки во ситуации кога е јасно на што мисли авторот, се смета за нечесен чин, на кој веројатно му е дадено име кое се учи на Филосовски, кое не мора да го знаеме за да разбереме дека не треба да се користи.
Тоа е една од причините поради која често ти замеруваат и викаат дека филозофираш непотребно.
Не сака секој да дискутира на такво ниво и цело време да му се разглобуваат и класифицираат речениците по некои стандарди на квалитет.
За квалитетна дискусија треба да се држиме што поблизу до проблемот и да се обидеме да пронајдеме заеднички јазик, почетна точка која двете страни ја прифаќаат, јазик и терминологија која е позната и прифатлива за двете страни. Важен е и тонот, сериозноста, несериозноста, почитта која ја имаат останатите кон соговорникот. Знаеш, оние социјалните ефекти.
Мислам дека треба крајно сериозно да размислиш за коментарот на Тајсон од 1:09 до 1:52.