Автор Тема: Дискусија за дискутирањето  (Прочитано 50331 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #45 на: 30 Ноември 2014, 14:07:31 pm »
За дискусијата да биде корисна, треба дискутантите да бидат подготвени да ги сменат своите мислења

Апсолутно! Ако некој не е подготвен да го смени мислењето под притисокот на валидните противаргументи и/или новите сознанија, докази итн... тогаш нема што воопшто да дискутира.

Дискусија не е кога секој просто ќе си го каже своето мислење и толку. Тоа е анкета.

Најважното прашање кое секој учесник во дискусијата треба да си го постави на самиот себе е „што би можело да ме натера да го сменам мислењето?“. Ако искрениот одговор е „ништо“, тогаш не учествувај во дискусијата. Ќе заштедиш многу време и нерви.

Упорно држење, ама по секоја цена, до својот претходно прифатен став не е ниту доблест, ниту принципиелност, ниту цврста одлучност и мажественост. Таа особина има друго име: инает.

Вистинската храброст е во признанието „досега мислев вака, но благодарение на ова што го читам од тебе го сменив мислењето“. Тоа не е знак на слабост туку на вистинска силина на духот.

Ме чуди како тоа си свесен за овие работи а пак фундаментално грешиш. Не те разбирам.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #46 на: 30 Ноември 2014, 14:15:37 pm »
што грешам?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #47 на: 30 Ноември 2014, 14:20:37 pm »
Немам намера да ти објаснувам по 100 пати. Врати се назад и прочитај. Секако немој да се мачиш ако не си подготвен да го смениш своето мислење под притисок на валидни аргументи, повалидни од твоите.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #48 на: 30 Ноември 2014, 14:23:05 pm »
Немам намера да ти објаснувам по 100 пати. Врати се назад и прочитај. Секако немој да се мачиш ако не си подготвен да го смениш своето мислење под притисок на валидни аргументи, повалидни од твоите.

Не знам за што зборуваш.

Секогаш сум спремен и со голем ќеф и радост ќе го сменам мислењето под притисок на валидни аргументи. Едвај чекам да го сменам мислењето. Што повеќе го менувам мислењето, толку повеќе учам. Кога би знаел дека до крај на живот нема да сменам ниту едно мислење - ќе се убијам веднаш.

Ајде да видиме што имаш на ум?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #49 на: 30 Ноември 2014, 14:27:08 pm »
Па види де што имам на ум. Ти не читаш. Односно читаш само тоа што ти е во прилог на намерата.

Еве почни од овде:
Цитат
што побрзо сфатиш дека податокот „кожажа“ е мерка за максималната моќност, која не ја добивате при секојдневно возење, толку подобро за вас
Сосем истото се однесува у за 300-те НМ кај дизелот од 1600 кубика на пример. Во 99% од времето и онака не ги добиваш. И тогаш кога ги добиваш дизелот ТРОШИ скоро исто колку и бензинецот.

што побрзо сфатиш дека типичната торк крива на дизелашот е каде-каде попогодна за возење во 99% од ситуациите наспорти торк кривата на типичниот бензинец толку подобро за вас
Во ништо значајно не се разликува од кривата на торк кај просечен турбо бензинец, освен што е пократка. Јебига, тоа е лимитот на рубо-дизелот како технологија. Затоа примената му е во товарни возила од различни типови.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #50 на: 30 Ноември 2014, 14:35:51 pm »

Не разбирам. Каде е тука несогласувањето? Не сум ти ни одговорил на ова. Каде е dhx?

Од друга страна, ТИ имаш изнесено тврдења без поткрепа (dh3) како на пример дека „300 нм од 1600 дизел не се добиваат во 99% од времето“ (нешто што треба да покажеш дека е навистина така, а не само да го шљакнеш памет. Башка што е неточно: секој пат кога на 1700 рпм ќе ја притиснам педалата за гас до крај ги имам СИТЕ 300 нм, но тоа не е важно за овој муабет).

Другото тврдење за обликот на торк кривата кај турбобензинец не е оспорено, па не ни има несогласување.

Третото тврдење дека „примената на турбодизели е во товарни возила“ е исто така неоспорно.

Замисли ја ти раскажувам за торк кривата на дизелаш и на крај ти кажам „примената на бензинци е во скутери и косилици“. Тоа тврдење е точно (косилици и скутери навистина имаат бензински мотори), но не придонесува на дискусијата, т.е. не презентирам тврдење кое ми е аргумент за што било. Што ако дизели се користат во камиони? Што ако бензинци се користат кај скутери? На кој начин тоа ни помага во дискусијата? Никако.

Што требаше да научам од постот кој го цитираш?

- Дека 99% од времето не ги добивам сите 300 нм? Дубиозно. dh3.
- Дека торк кривата на бензинецот е ваква-и-ваква? Фала, знам како излгеда, сум ја видел 100 пати.
- Дека камиони користат дизел мотори? Фала, и тоа знам.

И, Миле? Кое е тоа мое мислење кое требаше да го сменам?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #51 на: 30 Ноември 2014, 14:49:30 pm »
:)

Цитат
што побрзо сфатиш дека типичната торк крива на дизелашот е каде-каде попогодна за возење во 99% од ситуациите наспорти торк кривата на типичниот бензинец толку подобро за вас

Што ме тераш ти мене да сфатам кога и јас истото ти го кажувам? Но ти не го јаеш колачот цел туку само оној дел кој тебе ти помага да наметнеш нешто.

Цитат
Од друга страна, ТИ имаш изнесено тврдења без поткрепа (dh3) како на пример дека „300 нм од 1600 дизел не се добиваат во 99% од времето“ (нешто што треба да покажеш дека е навистина така, а не само да го шљакнеш памет. Башка што е неточно: секој пат кога на 1700 рпм ќе ја притиснам педалата за гас до крај ги имам СИТЕ 300 нм, но тоа не е важно за овој муабет).

Па мислам дека очигледно е зошто сум во право. Значи освен ако не ја притиснеш педалата до крај ти не добиваш 300нм при 1700 вртежи, а во 99% од времето ти не возиш со притисната педала до крај. Доказ за ова е твојата просечна потрошувачка од карикирам 6 литри во град. Зошто кога би возел со педалата стисната до крај би имал потрошувачка од карикирам 15 литри.

Сума сумарум, не мораш да смениш мислење ако не сакаш. Можно е и да не мораш, бидејќи се сложуваш со истото. Ама ако сакаш да бидеш продуктивен дискутант, реален и „мажествен“ тогаш имај муда јади го колачот цел и немој да бидеш хипокрит. Ги критикуваш сите и за најмалите пропусти а и самиот не го практикуваш тоа за што даваш критика, што не е оикеј и затоа имаш толку противници.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #52 на: 30 Ноември 2014, 14:53:28 pm »
едноставно нели.... иритантно е... не прифаќањето на другите забелешки и непофторливиот начин кој се практикува цело време... јас се знам... тоа иритира и тоа многу...

кој факинг број е тоа по скалата филипче? а?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #53 на: 30 Ноември 2014, 16:03:37 pm »
:)

Цитат
што побрзо сфатиш дека типичната торк крива на дизелашот е каде-каде попогодна за возење во 99% од ситуациите наспорти торк кривата на типичниот бензинец толку подобро за вас

Што ме тераш ти мене да сфатам кога и јас истото ти го кажувам? Но ти не го јаеш колачот цел туку само оној дел кој тебе ти помага да наметнеш нешто.

Зарем не е очигледно? На тривијално тврдење ти одговарам со тривијално тврдење за да ја согледаш тривијалноста. Мироринг. Преку имитирање на тежината на твојот аргумент сакам да ти помогнам да ја согледаш тежината на сопствениот.

Внимавај, тука сега не се расправаме дали е навистина вака како што велам јас или како што велиш ти што се однесува до бензинци и дизели. За тоа ќе зборуваме во соодветната „б вс д“ тема. Сега само ја анализираме структурата на нашето несогласување. Затоа ќе ги изоставам неколкуте „б вс д“ тврдења кои ги изнесе погоре и на нив ако сакаш ќе се навратиме во соодветната тема. Тука за друго збориме.

Сума сумарум, не мораш да смениш мислење ако не сакаш.

Точно. Тоа би било трагично за мене, но за среќа, ете јас сакам. И?

Можно е и да не мораш, бидејќи се сложуваш со истото. Ама ако сакаш да бидеш продуктивен дискутант, реален и „мажествен“ тогаш имај муда јади го колачот цел и немој да бидеш хипокрит.

Гледам и сакам да го јадам цел*, не се сеќирај. И хипокрит не сум повеќе од кој било рандом дискутант. Тоа што вам ви стана навика така да ме викате за да се ослободите од гневот од соочувањето со сопствените dh0-3 аргументи, тое е друга работа и мене не ме прави ни повеќе ни помалку хипокрит. Размисли: дали си хипокрит ако му викаш на син ти „сине, немој да пушиш, не чини“, а ти самиот пушиш? Си или не си?

Ги критикуваш сите и за најмалите пропусти

Ниту ги критикувам сите, ниту ги критикувам и за најмалите пропусти. Напротив, ги критикувам само оние кои сум оценил дека имаат нешто меѓу ушите и ги критикувам само за крупните, нааа оолкави дефекти во резонот ИЛИ за фактографски грешки поврзани со безбедноста во сообраќајот.

а и самиот не го практикуваш тоа за што даваш критика, што не е оикеј

Што тоа не практикувам, Миле? Кажи кратко и концизно, да се разбереме.

и затоа имаш толку противници.

Имам многу противници затоа што многу луѓе се научени само на dh0, 1, 2 и 3. На пример, за повеќето луѓе критиката „ти ли најде да збориш за брзо возење кога и самиот брзо возиш“ е суперлегитимна, најоправдана, крај-на-муабетот критика. Мисли дека ме закопал, дека немам право „а“ да кажам. Но, кога ќе приметат дека таквата критика мене не им вреди пет пари - нормално дека ќе се лутат. Сум навикнал. Овој форум не е ниту првото ниту последното место, не се сеќирај. Оваа „борба“ ја водам уште од средно школо. На повеќето луѓе не им го признавам маалско-семкарскиот начин на комуницирање кој е единствениот кој го познаваат, затоа што така се научени од мали, а преку телевизијата и медиумите само им се зацементирал. Она што ми влева надеж и ми дава сила е дека барем некој ќе сфати дека таквата комуникација е лоша и не води никаде, освен во чемер, непријателство и фрустрации.

едноставно нели.... иритантно е... не прифаќањето на другите забелешки и непофторливиот начин кој се практикува цело време... јас се знам... тоа иритира и тоа многу...

кој факинг број е тоа по скалата филипче? а?

кое?

__
*) Томе колт, еве ти уште еден брилијантен извадок за да си го стаиш у таглајн под пораките.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43952
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #54 на: 30 Ноември 2014, 17:05:42 pm »
OMFG, го папавме пошто се чуствува повикан (не знам кој те повика да работиш на свесноста на форумашите?!).
Пиши под постов кој DH e.

Го повлекувам зборот дека „го папавме“. Уствари, сеа ми е мерак за ваква тема. Се надевам другите теми нема да бидат отруени со „фактите за лошите дискусии“, па тука ќе се слее муабетот за тоа како „лошо дискутираат сите наоколу“ и другите теми ќе бидат полабави.

Успут, да помогнам на другите дискутанти да го сконтаат Филип и да не му се нафрлаат без потреба, нека го прочитаат овој quick guide:

http://www.wikihow.com/Become-a-Philosopher

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #55 на: 30 Ноември 2014, 19:27:46 pm »
под кое бројче сега да го туриме твојов пост од твојата модифицирана пирамида?

Под никое. Пирамидата се однесува на начините на несогласување, а конкретниот пост на дени и мојот одговор е проста низа „прашање-одговор“. Пирамидата се однесува на начините на кои оспоруваме нечие конкретно тврдење, а не прашање.

Зошто мислиш дека е модифицирана? Неколку пати кажа дека сум ја менувал. Од каде тоа? Прашај некој што знае англиски дали е менувана ако веќе мене не ми веруваш. На форумов повеќе души знаат англиски и никој од нив не рече „да, модифицирана е“.

ова ли се аргументи? дискусија??

Да.

човекот те праша КОЈ е тој што ги одредува правилата (законите) за брзина на движење

Не. Дени праша точно тоа што праша:

Многу ме интересира кој ја одредува таа граница на кратење и продолжување.

На конкретно прашње доби конкретен одговор. Тоа што тебе можеби не те бендиса одговорот е друга работа.

а не која е равенката за безбедно возење...

Тоа е прилог кон дискусијата. Откако ќе одговориш тоа што те прашуваат, дозволено е и пожелно одговорот да го прошириш со свој прилог. Така дискусијата се збогатува, а некој што чита од страна ќе има повеќе што да прочита.

пак филозофија во твојот одговор

Онак, што е „филозофија“? Ве приметувам неколку души не ја извадивте од уста, а никаде нема ниту „ф“ од „филозофија“. Ако не знаеш што е - те советувам да не користиш изрази чие значење не ти е познато.

без конкретни аргументи, без конкретен одговор

Имаше и конкретни аргументи и конкретен одговор.

без никакви логични показатели

Повторно користење на изрази кои не ги разбираш ни самиот. Немој. Што се „логички показатели“? Имав 8 семестри „логика“, никад не сретнав „логички показател“.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #56 на: 30 Ноември 2014, 19:45:30 pm »
Што се „логички показатели“? Имав 8 семестри „логика“, никад не сретнав „логички показател“.

dh3?

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #57 на: 30 Ноември 2014, 19:50:38 pm »
Скалата е кој левел во Демир Хисар? Незнаев дека левели имало ;D

Инаку, за темава, мојата реплика засега е: Шта речи...коју поруку послати...
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #58 на: 30 Ноември 2014, 19:52:43 pm »
Што се „логички показатели“? Имав 8 семестри „логика“, никад не сретнав „логички показател“.

dh3?

повторнo: ова не е несолгасување, туку прашање. Прашувам: што се логички показатели. За прашања не важи dhx. Важи само и исклучиво за несогласување, за „не е така вака е“.

Ебем му матер, а баш се помачив да нацртам, преведам, постирам линкови, објаснам. Па прочитајте мајку му...  >:( Дваеспет пути пишав дека dhx е за несогласување, но, не, нема прием и тоа е.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #59 на: 30 Ноември 2014, 19:54:20 pm »
под кое бројче сега да го туриме твојов пост од твојата модифицирана пирамида?

Под никое. Пирамидата се однесува на начините на несогласување, а конкретниот пост на дени и мојот одговор е проста низа „прашање-одговор“. Пирамидата се однесува на начините на кои оспоруваме нечие конкретно тврдење, а не прашање.

Зошто мислиш дека е модифицирана? Неколку пати кажа дека сум ја менувал. Од каде тоа? Прашај некој што знае англиски дали е менувана ако веќе мене не ми веруваш. На форумов повеќе души знаат англиски и никој од нив не рече „да, модифицирана е“.

ова ли се аргументи? дискусија??

Да.

човекот те праша КОЈ е тој што ги одредува правилата (законите) за брзина на движење

Не. Дени праша точно тоа што праша:

Многу ме интересира кој ја одредува таа граница на кратење и продолжување.

На конкретно прашње доби конкретен одговор. Тоа што тебе можеби не те бендиса одговорот е друга работа.

а не која е равенката за безбедно возење...

Тоа е прилог кон дискусијата. Откако ќе одговориш тоа што те прашуваат, дозволено е и пожелно одговорот да го прошириш со свој прилог. Така дискусијата се збогатува, а некој што чита од страна ќе има повеќе што да прочита.

пак филозофија во твојот одговор

Онак, што е „филозофија“? Ве приметувам неколку души не ја извадивте од уста, а никаде нема ниту „ф“ од „филозофија“. Ако не знаеш што е - те советувам да не користиш изрази чие значење не ти е познато.

без конкретни аргументи, без конкретен одговор

Имаше и конкретни аргументи и конкретен одговор.

без никакви логични показатели

Повторно користење на изрази кои не ги разбираш ни самиот. Немој. Што се „логички показатели“? Имав 8 семестри „логика“, никад не сретнав „логички показател“.

дени те праша КОЈ Е ТОЈ што одредува колку ке се вози... а ти истресе еден куп гомна од коњ објаснувајки разни глупости само не одговор на конкретното прашање кое всушност не си ни должен да одговориш...

еве ти го прашањето на дени:
Многу ме интересира кој ја одредува таа граница на кратење и продолжување.

на тоа ти истресе како што реков куп гомна од коњ...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време