Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2094303 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5475 на: 30 Ноември 2014, 17:02:25 pm »
Паааа, може да си ја проба среќата :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5476 на: 30 Ноември 2014, 17:04:45 pm »
Каде пишува колку возел? Он што пишал самиот на форум? Од каде знаеш дека е точно тоа што го пишал? Може бил дамла пијан и не памти колку возел. Може било 120, ама со тоа количество на халуциногени супстанци во крвта му се чинело 150. Можеби и не било куче, туку бил мравојад ама од што бил вознемирен од тоа што заклал 2ца автостопери сабајлето не обрнал внимание дека не е куче. Крај краева каде е кучето? Доказ нема. Може и му се дупнала гума и искочил да ја смени и колата се стркалала со 120кмч и сам се згазил себеси, ама не памти заради лоботомијата која му беше извршена вчерадента со цел да ги заборави траумите од лани кога му експлодираше нагазната мина додека ја местеше.
„Глос“ за сите жени е спас. „Глос“ мие садови, емајл, мебел, штоф, теписони, стакло, тоалети, дома станот ќе ви свети, со „глос“ рацете нежни се пак. Еколошка козметика за домаќинството“. А ако немал глос да измие садови пред да тргне? И ги остави да се закорават?

ј/к

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5477 на: 30 Ноември 2014, 17:10:42 pm »
Ајде да го уклучиме дигитронот.

Не знам колку било ограничувањето на патот по кој возел bramovsk, ќе претпоставам дека е 120. При брзина од 150 км/х возилото „транспортира“  речиси 2 ПАТИ повеќе енергија отколку ри 120 км/ч. Не е баш дупло, но скоро дупло. Тоа значи дека енергијата потребна за што било - кочење, вртење, и двете заедно, потребната тракција по која било оска, патот на кочење, апсолутно све, е речиси двојно поголемо при 150 отколку при 120.

Равенката за кин. ен. е квадратна. Тоа значи дека мали покачувања на брзината доведуваат до големи покачувања на ризикот. Има и добра вест, важи и обратното: мали намалувања на брзината, доведуваат до големи намалувања на ризикот. Затоа, намалете ја ебаната брзина.

Немој да се заебеш случајно Канадски пасош да бараш, таму ограничувањата на автопат се од 70 до 120. Да, убаво прочита, 70 на автопат. Ебате тоа правилата останати од времето на комунистите и фич... уствари не, чекај...

Ако треба да се движам со 100 ебани км/ч на АВТОПАТ, за да внимавам да не удрам некое куче или слон, ич не тргнувам на тоа скапано патување. Плаќаш патарина за да возиш по АВТОПАТ, со брзина 120-150км/ч (според километража).   Јас по обиколница кога нема многу коли си пичам 150км/ч, лабаво.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5478 на: 30 Ноември 2014, 17:16:15 pm »
Со 100кмч ако се движел немало да му се скрати новчаникот? Прашањето што го поставувам е: Кога е доста? Кога?

Кога ќе ти се продолжи новчаникот? Дали тоа е со 100кмч? Зошто не е со 90кмч? Ако е со 90кмч зотшто не е со 80кмч? Многу ме интересира кој ја одредува таа граница на кратење и продолжување.

До пред некое време беше возење по знаци, сега стана и поспоро од знаци да требало за да не ти се скрати? Мене ми е гајле и да се крати, од калабастер од 3 метра има што да се крати, ама еве некој со мала хренофка мора да пази. Колку да вози тој човек тогаш? Колку под знаци да вози за да не му се скрати новчаникот? Дали и тука важи -30 правилото? Или -50 на отворено?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5479 на: 30 Ноември 2014, 17:36:52 pm »
Со 100кмч ако се движел немало да му се скрати новчаникот? Прашањето што го поставувам е: Кога е доста? Кога?

Кога времето на пристигање на крајната дестинација ќе се продолжи значително. Колку точно е тоа „значително“? Не знам, но неколку минути - сигурно не.

Многу ме интересира кој ја одредува таа граница на кратење и продолжување.

Како кој? Законите и условите на патот. Пробај со оваа едноставна равенка:

b=z*u

каде што b е брзината со која треба да возиш, z е законското ограничување (знаците), а u се условите на патот изразени во децимална бројка од 0 до 1, при што 0 е „нема услови за никакво возење“, а 1 се „идеални услови за возење“.

Ако треба да се движам со 100 ебани км/ч на АВТОПАТ, за да внимавам да не удрам некое куче или слон, ич не тргнувам на тоа скапано патување. Плаќаш патарина за да возиш по АВТОПАТ, со брзина 120-150км/ч (според километража).   Јас по обиколница кога нема многу коли си пичам 150км/ч, лабаво.

Toгаш немој да возиш во Канада и во многу други земји - таму на некои АВТОПАТИ ограничувањето е дебело ПОД 100, плус плаќаш патарина, плус дерат без пардон и прошка за надминување - како безумни роботи, по формула.

А избегавај го и Тетово - Гостивар. Ограничување е 80, џандари со радари има секој ден на барем 2 места. Избегавај го и Барселона - Париз: ограничувањето е воглавно 100, на некои места и 70, а камери има на секој чекор. A патот - маме му ибам - широк и мазен ко маса за билијард. Абе плаче да нагазиш. Сите кривини фино ќе ги фатиш и со 200, а не па со 120. Ама џабе, те фатија ли - го еба ежот.

Терминот „автопат“ е по дефиниција неповрзан со ограничувањата. Некаде може над 100, некаде не може. Deal with it.

http://en.wikipedia.org/wiki/Speed_limits_by_country

EDIT Интересен податок кој го најдов за Канада:

Цитат
Tickets can be given from 1 km/h more than speedlimit
« Последно менување: 30 Ноември 2014, 17:50:45 pm filipv »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5480 на: 30 Ноември 2014, 17:52:51 pm »
Во многу случаи слободно може тоа "u" да иде преку 1.5. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5481 на: 30 Ноември 2014, 18:22:59 pm »
Само доколку условите на патот го дозволуваат тоа, инаку не.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5482 на: 30 Ноември 2014, 18:32:33 pm »
Тоа не се идеални услови, тоа се „Услови, у пичку матер!“ ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5483 на: 30 Ноември 2014, 18:53:53 pm »
Toгаш немој да возиш во Канада и во многу други земји - таму на некои АВТОПАТИ ограничувањето е дебело ПОД 100, плус плаќаш патарина, плус дерат без пардон и прошка за надминување - како безумни роботи, по формула.

А избегавај го и Тетово - Гостивар. Ограничување е 80, џандари со радари има секој ден на барем 2 места. Избегавај го и Барселона - Париз: ограничувањето е воглавно 100, на некои места и 70, а камери има на секој чекор. A патот - маме му ибам - широк и мазен ко маса за билијард. Абе плаче да нагазиш. Сите кривини фино ќе ги фатиш и со 200, а не па со 120. Ама џабе, те фатија ли - го еба ежот.

Терминот „автопат“ е по дефиниција неповрзан со ограничувањата. Некаде може над 100, некаде не може. Deal with it.

http://en.wikipedia.org/wiki/Speed_limits_by_country

EDIT Интересен податок кој го најдов за Канада:

Цитат
Tickets can be given from 1 km/h more than speedlimit
под кое бројче сега да го туриме твојов пост од твојата модифицирана пирамида? ова ли се аргументи? дискусија??

човекот те праша КОЈ е тој што ги одредува правилата (законите) за брзина на движење, а не која е равенката за безбедно возење... пак филозофија во твојот одговор, без конкретни аргументи, без конкретен одговор, без никакви логични показатели без ништо нормално...

и мене ме интересира КОЈ Е ТОЈ што одредува која би била законската граница за возење.. она што во твојата равенка е означено со  Z т.е. кој одредува колку ке биде Z?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5484 на: 30 Ноември 2014, 19:32:01 pm »
и мене ме интересира КОЈ Е ТОЈ што одредува која би била законската граница за возење.. она што во твојата равенка е означено со  Z т.е. кој одредува колку ке биде Z?

Законодавната власт.

Извршната власт, во консултации со стручни лица (тнр. сообраќајни инженери) предлага закони, а законодавната власт на седници ги отфрла или усвојува предлозите.

Така да, de jure, колку ќе биде Z одредува законодавната власт. De facto, колку ќе биде Z одредуваат дипломираните сообраќајни инженери за патен сообраќај кои науката ја учат на некој од техничките факултети.

Не е еден човек. Стручњаците на седници се консултираат меѓу себе, дискутираат на таа тема и предлозите ги доставуваат до соодветните државни органи. Откако ќе се достават, државните органи носат политички одлуки и закони, најчесто усогласени со меѓународните искуства и легислативи (да не измислуваат топла вода).

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5485 на: 30 Ноември 2014, 19:43:43 pm »

Toгаш немој да возиш во Канада и во многу други земји - таму на некои АВТОПАТИ ограничувањето е дебело ПОД 100, плус плаќаш патарина, плус дерат без пардон и прошка за надминување - како безумни роботи, по формула.

А избегавај го и Тетово - Гостивар. Ограничување е 80, џандари со радари има секој ден на барем 2 места. Избегавај го и Барселона - Париз: ограничувањето е воглавно 100, на некои места и 70, а камери има на секој чекор. A патот - маме му ибам - широк и мазен ко маса за билијард. Абе плаче да нагазиш. Сите кривини фино ќе ги фатиш и со 200, а не па со 120. Ама џабе, те фатија ли - го еба ежот.

Терминот „автопат“ е по дефиниција неповрзан со ограничувањата. Некаде може над 100, некаде не може. Deal with it.

http://en.wikipedia.org/wiki/Speed_limits_by_country

EDIT Интересен податок кој го најдов за Канада:

Цитат
Tickets can be given from 1 km/h more than speedlimit

Во ред. Тогаш, зошто побогу автомобилските производители прават автомобили кои лагано може да крузаат со 220км/ч ???  Дфак, многу нелогичности ми се собраа тука.  

Шо ги вртам, ќе си крузам со скутерчето по Партизанска и Илинденска со 80км/ч, штом на автопатите е забрането над 100км/ч ;D :D :D
Оф мајко, што не ме роди потомок на Хитлер ? Живела Немачка и нејзините закони ! ;D :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5486 на: 30 Ноември 2014, 19:46:31 pm »
Која е таа кола што лагано круза на 220?

„Лагано“ е со bold

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5487 на: 30 Ноември 2014, 19:47:49 pm »
Phaeton, BMW 7, А8, S-Class, RR Phantom, Bentley Brooklands, итн.

Овие се ептен лагано. За лагано.. Ехеее..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5488 на: 30 Ноември 2014, 20:02:33 pm »
Во ред. Тогаш, зошто побогу автомобилските производители прават автомобили кои лагано може да крузаат со 220км/ч ???

Затоа што автомобилот кој може да оди 220 на 120 СПИЕ и плус претица сигурно и безбедно, дури и ако е оптоварен. ПРИЈАТНО е да се вози моќно ауто, дури и кога возиш по знаци. Башка во ненадејни ситуации имаш огромна резерва на снага. Башка целиот склоп мотор-мењач ќе биде многу малку оптоварен во однос на она што навистина може, па и подолго време ќе трае, патувањата се по безбедни. Дрн дрн дрн... има мал милион пријатни погодности на возење моќно возило, дури и ако ниту еднаш не ги надминеш ограничувања.

Зошто corel draw ми дозволува да опнам фонт 270? Тоа што можам не значи и дека треба да користам фонт 270.

Зошто прават појачала за дома од 500 вати? Тоа што можам да искршам прозори на пола комшилук не значи и дека треба да искршам прозори на пола комшилук.

Оф мајко, што не ме роди потомок на Хитлер ? Живела Немачка и нејзините закони ! ;D :D

И у немачка на повеќето патишта не смееш да писнеш над ограничување иначе те дерат.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5489 на: 30 Ноември 2014, 20:38:09 pm »
Мислам отиде дискусијата кај што не треба. Тоа колку сум возел само јас знам. Е сега и вие може моето признание да го искористите против мене. Јас никаде не реков правев се по пропис, освен на суд.

Муабетот е како е донесена пресудата, како е напишана и како е спроведена. Тука не е земена во пред вид мојата изјава( не пишува поради што, оти судот ќе кажел експлицитно заради тоа, па јас ќе го тужам концесионерот на автопатот), не е повикан совозачот како сведок и нема доказ дека сум направил прекршок пред да се случи тоа.