Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2174917 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1894
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14205 на: 06 Ноември 2025, 17:19:34 pm »
Значи се вежба човекот на народов...

Впрочем камерите на Скопје-Градско (и обратно) се поставени на истите места каде што сега стои полиција за да штанца казни.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14206 на: 06 Ноември 2025, 21:11:21 pm »
Цитат
Во моментов се тестира системот за казнување во Скопје и според податоците од СВР дневно би требало да се пишуваат од 5 000 до 11 000 казни. Најчесто се за брзо возење, за поминување на црвено и за погрешно паркирање. Според началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски ова е фрапантно и алармантно и доколку овој начин на возење продолжи и во периодот кога ќе се пишуваат казните полицијата ќе се затрупа со работа.

Ќе го контактираат сопственикот на возилото. Понатаму, сопственикот на возилото треба да пријави кој го направил прекршокот. Ако не пријави, тогаш сопственикот ќе ги сноси последиците. А не верувам дека некој ќе преземе одговорност и казни и одземање возачка за туѓи глупости.

Како ќе го контактираат? Колку луѓе во контакт центар ќе вработат за да опслужат?  :)
Што правиме кога ќе негира тој што јас како сопственик ќе го пријавам, пошто јас не сум направил прекршок? Или може сум направил, ама ќе играме пинг-понг :)
Ако сносам последици, а не сум направил, ќе обжалам и ќе чекам рочиште, Колку нови судии ќе вработат и колку нови судови ќе отворат? :)

Максимум 4 месеци, колку и да сакаме да се правиме држава каде нешто ќе функционира.
Ниту функционирало, ниту ќе функционира.

Во држава каде „сериозни“ фирми не одговараат на мејл, СМС не знаат во која апликација им е и единствен успех во животот е да напишеш sena под оглас, ние ќе очекуваме 10.000 казни дневно да се процесуираат.
 :D :D :D :D

Нема да има луѓе во контакт центар, сачувајбоже. Колку што јас разбирам, целиот систем би требало да е автоматизиран. Што би се случило при негирање не знам, ваљда ќе имаат некоја процедура и за тоа. Не знам дали кај нас камерите ќе сликаат фаци, или само таблици. На пример, на казната од Германија што ми ја препратија (и си ја платив) сум многу убаво искочен на сликата.

Нејсе... Ако не возел сопственикот, тогаш... Исто како што ќе функционира (и веќе функционира низ цела Европа) за рент-а-кар компании, фирми со службени возила, лизинг компании, итн. Казната ќе стигне до сопственикот на возилото и тој ќе има две опции - или да ја плати и да ги сноси последиците, или да каже во полиција кој го возел возилото во тој момент. Известувањето ќе биде со SMS/email и (колку што разбрав) плус по пошта. Ако не го видиш мејлот, или не ја прочиташ пораката и не ја платиш казната - незнаење не те ослободува од последици. Ќе те казнат по службена должност.

Не викам јас дека системот ќе им биде 100% функционален. Нема да биде. Даааааалеку од тоа. Ама дека е некоја виша математика, не е. Цела Европа функционира така побогу. Италија дури престана да слика лица поради „нарушување на приватност“ и директ праќа на сопственикот на возилото, па после он си решава што-како.

Како и да е... Сè ова што го зборуваме е шпекулирање. Искрено, мислам дека нема да се откажат од целава приказна, наааајвеќе поради финансискиот бенефит за буџетот од толку автоматизирани казни.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6326
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14207 на: 06 Ноември 2025, 21:16:51 pm »
Во Германија (имам добро искуство со казни, пишав во темата) доколку казната е на возило од фирма тогаш казната прво пристигнува на адреса и име на фирмата со формулар кој треба да се пополни со податоци за возачот. Откако ќе се испрати тоа писмо по пошта и го потврдат идентитетот на возачот пристигнува ново писмо со цена и IBAN број за плаќање (ако има пункт го пишува и него на задната страна) на име и адреса на возачот.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14814
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14208 на: 06 Ноември 2025, 21:57:43 pm »
Ако ги немаш пишано пола другари и роднини дека возеле наместо тебе и 3-4 казни да ти се застарено дело,немаш доволно искуство. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6326
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14209 на: 06 Ноември 2025, 22:00:19 pm »
Само што напишав, гледам ливче на шофершајбна со казна за паркинг (15цм "муцката" од комбето излегува на тротоар од дворот). Тоа би било уште 83.5€...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14210 на: 07 Ноември 2025, 08:52:33 am »
Цитат
Во моментов се тестира системот за казнување во Скопје и според податоците од СВР дневно би требало да се пишуваат од 5 000 до 11 000 казни. Најчесто се за брзо возење, за поминување на црвено и за погрешно паркирање. Според началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски ова е фрапантно и алармантно и доколку овој начин на возење продолжи и во периодот кога ќе се пишуваат казните полицијата ќе се затрупа со работа.

Ќе го контактираат сопственикот на возилото. Понатаму, сопственикот на возилото треба да пријави кој го направил прекршокот. Ако не пријави, тогаш сопственикот ќе ги сноси последиците. А не верувам дека некој ќе преземе одговорност и казни и одземање возачка за туѓи глупости.

Како ќе го контактираат? Колку луѓе во контакт центар ќе вработат за да опслужат?  :)
Што правиме кога ќе негира тој што јас како сопственик ќе го пријавам, пошто јас не сум направил прекршок? Или може сум направил, ама ќе играме пинг-понг :)
Ако сносам последици, а не сум направил, ќе обжалам и ќе чекам рочиште, Колку нови судии ќе вработат и колку нови судови ќе отворат? :)

Максимум 4 месеци, колку и да сакаме да се правиме држава каде нешто ќе функционира.
Ниту функционирало, ниту ќе функционира.

Во држава каде „сериозни“ фирми не одговараат на мејл, СМС не знаат во која апликација им е и единствен успех во животот е да напишеш sena под оглас, ние ќе очекуваме 10.000 казни дневно да се процесуираат.
 :D :D :D :D

....целиот систем би требало да е автоматизиран....

Нејсе... Ако не возел сопственикот, тогаш... Исто како што ќе функционира (и веќе функционира низ цела Европа) за рент-а-кар компании, фирми со службени возила, лизинг компании, итн. ....

Не викам јас дека системот ќе им биде 100% функционален. Нема да биде. Даааааалеку од тоа....

тоа тоа - целосно автоматизиран систем - 10.000 прекршоци дневно ;D

споредувањето со како функционира во Европа е скроз нерелевантно затоа што треба да споредиме и како функционираат полиција и судови (односно институции) во Европа

системот ќе биде 100% функционален кога ќе треба да те казни тебе, мене, комшијата...ќе биде нефункционален кога ќе треба да казни борци за човекови права, вработени во милиција, па добар дел од колите се возат неригистрирани....ќе казнивал за погрешно паркирање ;D ;D ;D ;D

она што ме интересира е како ќе биде функционален кога 1 (ЕДЕН) шофер/кола, ќе треба да го санкционира во дистанца од 6-7 километри - во тие 6-7 километри ќе направи најмалку 8 прекршоци :)
дали на 9-тиот километар ќе го изм'кнат со свот тим од кола и ќе го спроведат директ во затвор

јас сакам и едвај чекам да се пушти во функција системот, ама да не се замајуваме дека ќе функционира
закони и сега има, ама тоа не спречува никого да ги прекршува на секој можен начин

ние сме единствена држава во светот каде ќе видиш пензионер дека не може да пооди 15 метри затоа што пешачкиот е подалеку и го болат колената, ама болката не го спречува со торбите да рипа преку жардињера на булевар
ЕДВАЈ чекам да добие на мејл дека е казнет

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2680
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14211 на: 07 Ноември 2025, 09:21:18 am »
Ако е автоматизиран системот и веднаш ти генерира казна со сериски број, со таблица, време, место, не знам кој би можел да се извлече (во смисла да ти избришат казна, ќе треба да чепкаат во системот, тоа сигурно остава трага, ако го прави некој ќе го прави на ризик, ама на ризик земаат и мито, така да).

Потенцијален проблем ќе бидат постарите лица што ставаа (или им ставаа) рендом мејлови ради реда и кога ќе му стигне казна, нема да знае, па нема да плати во рок од 8 дена, па после цел износ и евентуален прекршок, па уште ако стигне и до извршител за некоја година.

Изгледа ќе мора од исксутво да видиме дали ќе има некоја толеранција, пример градска во Скопје ако возиш 55 да не те чепкаат.....ќе знаеме за два месеци.
Своерачен потпис ;)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4436
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14212 на: 07 Ноември 2025, 09:23:58 am »
Дечки, без саглам пошта и вистински регистар на адреси на живеалиште ништо не може да функционира како што треба, не само ова со казниве.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 426
  • Macedonia
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14213 на: 07 Ноември 2025, 10:11:17 am »
Како би било за оние со странски регистарски таблички ме интересира?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14214 на: 07 Ноември 2025, 10:19:36 am »
Како би било за оние со странски регистарски таблички ме интересира?

На излез од држава, како што (треба да) е во Грција. Ма да и кај нив бар до Солун не знам дали една од камерите функционира. Најверојатно не.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14814
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14215 на: 07 Ноември 2025, 10:42:13 am »
Ќе ги тестираме дали ги препознаваат странските таблици.Во Ук мислам дека не ги препознаваат Германските таблици.Ако не сите камери,барем дел од нив или тие постатите.
Досега сум сликан над 10 пати и нема стигнато ниту една.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7547
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14216 на: 07 Ноември 2025, 11:11:07 am »
Дечки, без саглам пошта и вистински регистар на адреси на живеалиште ништо не може да функционира како што треба, не само ова со казниве.

Кај нас мртвите гласаат на избори, не па автоматизиран систем за казнување да неработел..

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2258
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14217 на: 07 Ноември 2025, 12:49:17 pm »
Во петокот пред хотел Карпош стојат џандари у Јети, пред нив поминуваат 2 мотори на фул црвено, а третиот мотор влегува десно па лево искача пак на Партизанска (буквално најсељачката финта) директно пред џандарите. Мува не ги полази у Јетито.

Секој петок и сабота долж цела Партизанска има трки со 100-120 на саат, од кај 17 докај 02-03 другиот ден. Исто и на Илинденска, исто и на Гологанов. 

Камери? ХАХА!

НИКОМУ НИШТО!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14218 на: 07 Ноември 2025, 13:07:13 pm »
теоретски:
партизанска = Х семафори
Х семафори + пречекорена брзина + непропуштање пешак + без кацига + нерегистриран = ќе му стигне на СМС координати од голи оток

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1420
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14219 на: 07 Ноември 2025, 13:29:59 pm »
После гоце накај реплек го минувам семафорот со 50 и стандард некој лик се улетува по десново лентиче и ме сече пред завршеток, овој пат старо рено клио беше во прашање, 100 метри подоле полиција шо претпоставувам ја видоа дешавкава ама исто никому ништо