Во моментов се тестира системот за казнување во Скопје и според податоците од СВР дневно би требало да се пишуваат од 5 000 до 11 000 казни. Најчесто се за брзо возење, за поминување на црвено и за погрешно паркирање. Според началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски ова е фрапантно и алармантно и доколку овој начин на возење продолжи и во периодот кога ќе се пишуваат казните полицијата ќе се затрупа со работа.
Ќе го контактираат сопственикот на возилото. Понатаму, сопственикот на возилото треба да пријави кој го направил прекршокот. Ако не пријави, тогаш сопственикот ќе ги сноси последиците. А не верувам дека некој ќе преземе одговорност и казни и одземање возачка за туѓи глупости.
Како ќе го контактираат? Колку луѓе во контакт центар ќе вработат за да опслужат? 
Што правиме кога ќе негира тој што јас како сопственик ќе го пријавам, пошто јас не сум направил прекршок? Или може сум направил, ама ќе играме пинг-понг 
Ако сносам последици, а не сум направил, ќе обжалам и ќе чекам рочиште, Колку нови судии ќе вработат и колку нови судови ќе отворат? 
Максимум 4 месеци, колку и да сакаме да се правиме држава каде нешто ќе функционира.
Ниту функционирало, ниту ќе функционира.
Во држава каде „сериозни“ фирми не одговараат на мејл, СМС не знаат во која апликација им е и единствен успех во животот е да напишеш sena под оглас, ние ќе очекуваме 10.000 казни дневно да се процесуираат.

....целиот систем би требало да е автоматизиран....
Нејсе... Ако не возел сопственикот, тогаш... Исто како што ќе функционира (и веќе функционира низ цела Европа) за рент-а-кар компании, фирми со службени возила, лизинг компании, итн. ....
Не викам јас дека системот ќе им биде 100% функционален. Нема да биде. Даааааалеку од тоа....
тоа тоа - целосно автоматизиран систем - 10.000 прекршоци дневно

споредувањето со како функционира во Европа е скроз нерелевантно затоа што треба да споредиме и како функционираат полиција и судови (односно институции) во Европа
системот ќе биде 100% функционален кога ќе треба да те казни тебе, мене, комшијата...ќе биде нефункционален кога ќе треба да казни борци за човекови права, вработени во милиција, па добар дел од колите се возат неригистрирани....ќе казнивал за погрешно паркирање

она што ме интересира е како ќе биде функционален кога 1 (ЕДЕН) шофер/кола, ќе треба да го санкционира во дистанца од 6-7 километри - во тие 6-7 километри ќе направи најмалку 8 прекршоци

дали на 9-тиот километар ќе го изм'кнат со свот тим од кола и ќе го спроведат директ во затвор
јас сакам и едвај чекам да се пушти во функција системот, ама да не се замајуваме дека ќе функционира
закони и сега има, ама тоа не спречува никого да ги прекршува на секој можен начин
ние сме единствена држава во светот каде ќе видиш пензионер дека не може да пооди 15 метри затоа што пешачкиот е подалеку и го болат колената, ама болката не го спречува со торбите да рипа преку жардињера на булевар
ЕДВАЈ чекам да добие на мејл дека е казнет