Во моментов се тестира системот за казнување во Скопје и според податоците од СВР дневно би требало да се пишуваат од 5 000 до 11 000 казни. Најчесто се за брзо возење, за поминување на црвено и за погрешно паркирање. Според началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски ова е фрапантно и алармантно и доколку овој начин на возење продолжи и во периодот кога ќе се пишуваат казните полицијата ќе се затрупа со работа.
Ќе го контактираат сопственикот на возилото. Понатаму, сопственикот на возилото треба да пријави кој го направил прекршокот. Ако не пријави, тогаш сопственикот ќе ги сноси последиците. А не верувам дека некој ќе преземе одговорност и казни и одземање возачка за туѓи глупости.
Како ќе го контактираат? Колку луѓе во контакт центар ќе вработат за да опслужат? 
Што правиме кога ќе негира тој што јас како сопственик ќе го пријавам, пошто јас не сум направил прекршок? Или може сум направил, ама ќе играме пинг-понг 
Ако сносам последици, а не сум направил, ќе обжалам и ќе чекам рочиште, Колку нови судии ќе вработат и колку нови судови ќе отворат? 
Максимум 4 месеци, колку и да сакаме да се правиме држава каде нешто ќе функционира.
Ниту функционирало, ниту ќе функционира.
Во држава каде „сериозни“ фирми не одговараат на мејл, СМС не знаат во која апликација им е и единствен успех во животот е да напишеш sena под оглас, ние ќе очекуваме 10.000 казни дневно да се процесуираат.

Нема да има луѓе во контакт центар, сачувајбоже. Колку што јас разбирам, целиот систем би требало да е автоматизиран. Што би се случило при негирање не знам, ваљда ќе имаат некоја процедура и за тоа. Не знам дали кај нас камерите ќе сликаат фаци, или само таблици. На пример, на казната од Германија што ми ја препратија (и си ја платив) сум многу убаво искочен на сликата.
Нејсе... Ако не возел сопственикот, тогаш... Исто како што ќе функционира (и веќе функционира низ цела Европа) за рент-а-кар компании, фирми со службени возила, лизинг компании, итн. Казната ќе стигне до сопственикот на возилото и тој ќе има две опции - или да ја плати и да ги сноси последиците, или да каже во полиција кој го возел возилото во тој момент. Известувањето ќе биде со SMS/email и (колку што разбрав) плус по пошта. Ако не го видиш мејлот, или не ја прочиташ пораката и не ја платиш казната - незнаење не те ослободува од последици. Ќе те казнат по службена должност.
Не викам јас дека системот ќе им биде 100% функционален. Нема да биде. Даааааалеку од тоа. Ама дека е некоја виша математика, не е. Цела Европа функционира така побогу. Италија дури престана да слика лица поради „нарушување на приватност“ и директ праќа на сопственикот на возилото, па после он си решава што-како.
Како и да е... Сè ова што го зборуваме е шпекулирање. Искрено, мислам дека нема да се откажат од целава приказна, наааајвеќе поради финансискиот бенефит за буџетот од толку автоматизирани казни.