Нема разбирачка...
Значи пример ти имаш ставено уље за 20 000 км, и си поминал 3000 км и сеа произведителот вика ново секоја година, ти ке го смениш
Промената на масло порано од пропишаното нема да и` наштети на твојата кола. А за мали пари (еве на пр. за алфата промена на масло со филтер ме чинеше под 3500 денари, на стилото 2л поефтино) еднаш годишно си купуваш мир на душата. Ако имаш кола што ја возиш 3000км годишно и плаќаш 200е регистрација и осигурување, најмал проблем ти е промената на масло.
За многу работи на колата има временски интервал, кој веројатно е предвиден поради одредени причини:
промена на кајши и затегачи, 3-5 години (зависи од модел на возило)
промена на „глицерин“ за кочници, 2 години
промена на антифриз 3-5 години (и покрај тоа што некои се рекламираат фор-лајф)
промена на хидраулична течност за серво.
промена на масло за автоматска трансмисија итн.
Хигроскопните својства на течностите и губењето на карактеристиките во зависнот од временскиот период не треба да го занемаруваме како фактор во одржувањето.
Некои автомобили имаат показател на квалитетот на маслото па ќе ти индицираат кога е за промена.