Автор Тема: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution  (Прочитано 24491 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #60 на: 14 Ноември 2013, 14:15:38 pm »
Кој се сеќава за муабетот дека често се среќава поголеми дискови во дијаметар позади од оние напред?  ;)

Кратко објаснување за логиката позади ова, ќе може?
Пробав да го најдам најсоодветното, мислам дека ова е:  Rotor sizes is not the key to braking power, it is the pressure and the contact area. Rotors are just heat sinks.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #61 на: 14 Ноември 2013, 14:24:03 pm »
Пак не е малку. Очекував да е ~150-200 кила полесно.

Не е. И јас очекував тонипол преку сила.

Повеќето (не сите!) кросовери се кренати хечбеци. Нема зашто да тежи многу.
Oва е далеку подобро од повеќето кросовери. Најверојатно од сите, ама да оставам простор за грешка. Има поголем дизел од нив, и 4х4 систем како и автоматик. И е далеку подобро од повеќето кросовери. И има повеќе место од повеќето кросовери.
Јас би ја споредил со крената мазда 6, ако така сакаш да мериме. А може и 3 еве. Да не заборавиме дека Астра тежи колку CX5 а не е кросовер.

Нема споредба со Mazda 6. Таа сo истото ниво на опрема и истиот мотор со автоматски менувач тежи 200 кила помалку: http://www.cars-data.com/en/mazda-6-skyactiv-d-2.2-150hp-ts-lease-pack-specs/59362

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #62 на: 14 Ноември 2013, 14:45:11 pm »
Пробав да го најдам најсоодветното, мислам дека ова е:  Rotor sizes is not the key to braking power, it is the pressure and the contact area. Rotors are just heat sinks.

Благодарам, веројатно различни шепи се користат напред и назад. Hence the contact area и слично.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #63 на: 14 Ноември 2013, 15:26:16 pm »
Мислам дека Маздава е 1950кг, што всушност доведува до зголемената потрошувачка, и секако автоматскиот менувач. Би требало оваа бројка барем грубо да се става во тестовите. И згора на тоа и 4х4 погон.
За разлика од неа, 3ката е тешка 1250кг, а 6ката е околу 1500кг. Значи и тоа влегува во калкулации.

Ne e tolku teska, mnogu e toa, po tolku ne tezat pogolemite braka !

Eve ti go tezinite na site model!



http://www.mazda.com.au/vehicles/cx-5/specifications


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #64 на: 14 Ноември 2013, 16:05:13 pm »
Да не видел Дени максимална тежина, мада таа разлика е многу мала.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #65 на: 14 Ноември 2013, 16:11:17 pm »
sKYACtiV-d 2.2
diesel
standard power

Transmission type 6-speed automatic
performance
Top speed km/h 194
Acceleration 0-100 km/h* s 10.2
fuel consumption**
Urban l/100 km 6.4
Extra urban l/100 km 4.9
Combined l/100 km 5.5
CO2 emissions (combined) g/km 144

Emission rating Euro 6
Weight and payload
Min. kerb weight (without driver) kg 1,540
Min. kerb weight*** kg 1,615
Max. permissible weight kg 2,120
Permissible front axle weight kg 1,145
Permissible rear axle weight kg 1,085
Permissible tow weight, trailer without brakes kg 750
Permissible tow weight, trailer with brakes (12 % slope) kg 2,000
Permissible tow weight, trailer with brakes (8 % slope) kg 2,100
Max. roof load capacity kg 50

* Under Mazda test conditions
** According to EC 715/2007
*** Including 75 kg driver
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #66 на: 14 Ноември 2013, 19:31:42 pm »
У која класа на кросовери спаѓа маздава, односно на кои ќе им биде директен конкурент? Прашувам затоа што по изглед и димензии ми е во класа на АСХ, а по цена е во класа на Оутлендер.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Re: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #67 на: 14 Ноември 2013, 19:57:17 pm »
Нешто измеѓу, али и по мене повеќе е накај АSХ, отколку што е накај Аутлендер.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #68 на: 14 Ноември 2013, 20:05:18 pm »
У која класа на кросовери спаѓа маздава, односно на кои ќе им биде директен конкурент? Прашувам затоа што по изглед и димензии ми е во класа на АСХ, а по цена е во класа на Оутлендер.

cx5 спаѓа во класата на компактни кросовери, какви што се спортаж, јети, бмв x1, кашкаи, куга, тигуан итн итн итн

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #69 на: 14 Ноември 2013, 23:11:39 pm »
Outlander 4,655mm

CX5 4,540mm

ASX 4,295mm

Yeti 4,223mm


Сам пресметај си до кое е поблиску. И колку е бољи и од двете.

Во класа на Аутледнер е очигледно.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #70 на: 15 Ноември 2013, 00:26:49 am »
Сеа ми текна, не треба CX-7 да биде у класа на Аутлендер? Иначе 5кава вака на изглед дефитивно ми спаѓа у претходно набројаната категорија на возила(Јети, Куга, АЅХ, Спортаж, ИХ35, Тигуан, Кашкаи, Рав4...), али по димензииве е измеѓу "маливе" и "големите", побслику до овие вторите, а и со цената е исто блиску до вторите како што напомнав претходно. Сепак можеби за некое време коа ќе спласне еуфоријата "тазе возило" и коа би се тргнал автоматскиот менувач и некои други премиум елемнти од опремата, верувам дека би се добила и цена што ќе биде измеѓу малите и големите и која што по мене и по досега прочитаните тестови и коментари за сите возила погоре споменати, ќе биде и те како коректна за маздулево.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #71 на: 15 Ноември 2013, 07:17:57 am »
Outlander 4,655mm

CX5 4,540mm

ASX 4,295mm

Yeti 4,223mm


Сам пресметај си до кое е поблиску. И колку е бољи и од двете.

Во класа на Аутледнер е очигледно.

Шознам...

Класата не е одредена само од простите димензии, ниту во рамките на една иста класа сите коли треба да бидат подеднакво „добри“.

како што читам на интернет, outlander демек спаѓа во „мидсајз кросовер“ а cx5 во „компакт кросовер“

Мада, што има везе у која класа било, како и да го наречеме нема ништо да се смени кај екшуал колата.
« Последно менување: 15 Ноември 2013, 07:32:49 am filipv »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #72 на: 15 Ноември 2013, 10:28:29 am »
Така де. Топло препорачувам кросоверџии да ја пробаат колава. Чим јас како нивен противник викам дека би ја купил... Што останува за вас? :)

Или што би рекол еден мој познаник, за (тогаш новата) Мерцедес Е АМГ. -Абе ај дојди да ја видиш! „Неќам да ја видам, после се друго нема да ми чини.“

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #73 на: 15 Ноември 2013, 10:40:46 am »
Така де. Топло препорачувам кросоверџии да ја пробаат колава. Чим јас како нивен противник викам дека би ја купил... Што останува за вас? :)

Или што би рекол еден мој познаник, за (тогаш новата) Мерцедес Е АМГ. -Абе ај дојди да ја видиш! „Неќам да ја видам, после се друго нема да ми чини.“


I cisto da se podsetime :) Testov go pravev inaku Juni 2012 godina :)

"Пред викенд: Mazda CX5 тест. Пред да пресечам за Волво -то, сакав да ја пробам и новата CX5. Во суштина CX5 ми беше интересно како потенцијално возило уште од првиот момент кога почнав да читам по нет за тоа што и како би било. Бев претплатен на еден куп форуми, newsleteri и слично и едвај чекав да излезе во живо.Инаку бев во комуникација со Мазда Хрватска, Словенија и Србија, бидејќи нашиве ми беа сомнителни, и добив и цени уште пред да се појави. Отидов кај нашиве, ама секое гледање ме убедуваа дека кај да е ќе добијат возило за тест, и дека ќе имаат одлични цени. Како тоа не се случи , се јавив во Ниш и си закажав тест возење.

Отидовме во Сабота, и тоа неколку дена после возењето на Волво -то, па можев да споредам импресии (со новото што го тестирав до Охрид и назад во Скопје). Првиот впечаток на салонот во Ниш е дека е неугледен и не е шминкерски.Ама после тоа сваќаш дека луѓево се професионалци , многу искрени и еден од најдобрите салони што бевме). Не пречека еден од сопствениците, и прво седнавме да си помубаетиме и да продискутираме околу модели, опрема и слично. Набрзо после тоа ни понуди тест возење. Пробавме верзија со 2.0 Бензинец мотор, со 165 кс, погон на 4 тркала, автоматски менувач и Revolution ниво на опрема (кожа,  систем за автоматско кочење при препрека (работи до 35 км/ч ако не се лажам), BOSE аудио систем, 19" бандажи, итн итн.. Прво надворешно мене CX5 -та ми се допаѓа ама ептен. Во живо изгледа многу поубаво од колку на слики, поготово таа плава боја што им е во промоциите. (Мене фаворит на бои ми беа или таа плава или сива).На прв поглед личи дека не е големо возило, а после некое време сваќаш дека е на ниво на ЦР-В. Исто дизајнот е многу вкусен. Не е нападен, а во исто време складен и барем мене убав (многу сакам дизајни што не се нападни а се вкусни). Мене лично CX5 ми се допаѓа многу повеќе од CX7 (плус иако CX7 e поголем надворешно по димензии, внатре  CX 5 има поголем багажник, и во некои мерки дури и повеќе место за седење). Интериерот е исто вкусно уреден со квалитетни материјали, и да речеме спортска нота, а воедно тамам простор за ситници и слично. Седењето е фантастично, се наместив после многу кратко време во многу удобна позиција.

Планот за тест возење беше да го пробаме по автопат, како и по некои магистрални патишта со кривини, дупки и слично. Кога излегов на автопат, се зачудив колку удобно вози. Од една страна е прилично прецизен, стабилен, ама па во исто време удобен (го нема камионестото подскокнување од на пример оутлендер -от, или дури и волво -то). Прво го возев во автоматски мод, и ако не се лажам за разлика од волво -то, овде менувачот менува на висок вртеж (барем кај бензинецот). Моторот има спортски звук, и си е скроз тамам за ова возило. За разлика од ЦР-В -то или Волво -то, каде што возиш полека, господски , онака слушаш музика и уживаш, овде те тера да се тркаш Смешко. Качив 180 км/ч и е ептен стабилно возило.. Воопшто не се чуствува лулање или нестабилно.. Некако го направиле да е СУВ а да има возење како кола, а во исто време да е удобно , а да не лула. Прејдов во мануелен мод, и истата прикаска.. Те тера да го газиш , ама во исто време се е некако удобно, тамам избалансирано. Од автопат отидовме по некои магистрални селски патишта, полни со кривини и дупки. Се сеќавам дека удрив огромна дупка, и пази чудо.. Ја изамортизира многу меко, не ко повеќето од СУВ -овите (на пример и Волво -то на дупките накај Визбегово подскокнуваше), и многу стабилно.. Ова ми е чудно бидејќи возев 19 ки бандажи, и очекував да е тврдо. По кривините држи неверојатно и те тера да го газиш на висок вртеж и баш поспортски да возиш (можеш и полека и на низок вртеж, ама баш прави ќеиф кога ке го возиш по спортски). Во тој момент сватив дека ова е колата што ја сакам.. Не можев да најдам маана ( а да.. БОСЕ аудио системот свири фантастично исто). Спој од удобно седење, добро држење при возење, добри перформанси (и многу малку троши), и многу простор, плус финти со задните седишта (се преклопува секое посебно и се први рамен под, и тоа со притискање на копче од багажник. Само стискаш копче и соодветното седиште се спушта и се прави рамен под). Багажникот е доста голем инаку, и има тамам форма.Требаше да се враќаме во салон, ама јас замолив ако може уште еднаш на автопат. Пак излеговме на автопат, и пак го стиснав, ептен ми праеше ќеиф како вози. На враќање решив да го пробам онака на ниски вртежи и полека.. Исто.. ЌЕИФ. Инаку автоматски менувач е одличен и далеку подобар од ЦРВ (светлосни години подобар), на ниво со Волво -то, со тоа што овде менува поспортски. Исто кај Мазда -ва немаше потреба во кривини да преоѓам на мануелен мод , исто стабилно вози и во автоматски и во мануелен мод, со тоа што во мануелен можда има повеќе кеиф ако сакаш поспортски да ги возиш.

Конечно се вративме во салон, а мене ми сијаа очи Смешко, и не ми се излегуваше од колава... Човекот ми понуди да пробам и 150кс дизел верзија (која што ако добро разбрав е со две турбини), меѓутоа бидејќи не беше регистрирана не сакав да излегуваме на автопат, туку само по тој селскиот кривулест пат. И ова вози фантастично, да речеме помалку спортски од бензинецот, ама фантастично.. Снага колку сакаш, нема лаг, и ова вози по смирено (не те тера толку да се тркаш). Во овој случај нема кој е подобар мотор.. Прашањето е што повеќе сакаш? Смешко  Троши многу малку, има многу торк. Оваа верзија беше со помалку опрема. Да напоменам дека цената на CX -5 почнува д 21500 ЕУР и доѓа до 33000 ЕУР. Пакетите се така направени да за 2000 еур стално добиваш нешто што личи дека вреди и повеќе и јас стигнав до верзија од 32000 ЕУР (која што мислам дека си ги вреди парите).

Почнавме да размислуваме и правиме муабет за пост сервис, со оглед дека во МКД немаме сервис, и што би било ако не дај боже треба да поправам некој удес. Исто како би изгледало редовното сервисирање и слично. Од салон отидовме во кафана , баш фино се подруживме (човекот беше неверојатно срдечен, искрен и онака ко да сме пријатели цел живот. Самиот ги спомна сите компликации што би настанале, како и решенијата. Исто спомнав по кои цени би можел да купам некои други возила, и за една од марките кажа дека имаме ептен ниска цена и дека се исплати многу). Инаку прашував за купување на демо возилото што прво го пробав, ама не се исплатеше бидејќи на тоа веќе имаше платено данок при регистрација, и доаѓаше иста цена за ново (на новото добивав експорт цена). Покрај возилот не одушеви и салонот и луѓето таму.  Се поздравивме и се вративме во Скопје. Јас уште првиот работен ден отидов во нашиот салон (тогаш веќе преселени во салонот до Huyndai), и ме пречекаа во атмосфера без компјутери. Кажав дека сум возел Мазда CX5 , дека ги знам цените орентациони, и да ми направи понуда за купување. Бидејќи немаа компјутери, понудата ми ја направи на хартија, а слики ми покажуваа на мобилен Смешко. Ми побараа капар од 7000 еур, и дека колата би стигнала за месец-два.Јас се сложив да дадам капар од максимум 500-1000 еур, и тоа да направиме договор заверен на нотар колку пенали да плаќам јас ако не сум во состојба да платам до датумот што ќе го дефинираме , колку пенали ќе плаќаат тие ако возилото не е во Скопје и не можат да го испорачаат до одредениот датум. Исто без да биде заложено во Банка (така правеле на доста нови возила). Исто тој капар не би го оставил кај нив , туку би бил депониран кај нотар или адвокат или некако (не навлегувавме во деталите како тоа да се изведе).

Рекоа дека ќе се јават, и не се јавија. Јас во меѓувреме испитав и сватив дека од нив ништо не бидува, така да се помирив дека нема да може да се направи локално ништо. Во меѓувреме добив информација кои би биле потенцијалните нови застапници,  и ги исконтактирав. Си напраивме ептен отворен муабет, и решив да почекам уште кратко време. "


http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7217.315.html



Darko
« Последно менување: 15 Ноември 2013, 10:50:55 am krell »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Mazda CX-5 Skyactiv-D 2.2 4×4 Revolution
« Одговори #74 на: 15 Ноември 2013, 10:44:28 am »
Време е да го шитнеш ЦРВ-от :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.