Пред викенд: Mazda CX5 тест. Пред да пресечам за Волво -то, сакав да ја пробам и новата CX5. Во суштина CX5 ми беше интересно како потенцијално возило уште од првиот момент кога почнав да читам по нет за тоа што и како би било. Бев претплатен на еден куп форуми, newsleteri и слично и едвај чекав да излезе во живо.Инаку бев во комуникација со Мазда Хрватска, Словенија и Србија, бидејќи нашиве ми беа сомнителни, и добив и цени уште пред да се појави. Отидов кај нашиве, ама секое гледање ме убедуваа дека кај да е ќе добијат возило за тест, и дека ќе имаат одлични цени. Како тоа не се случи , се јавив во Ниш и си закажав тест возење.
Отидовме во Сабота, и тоа неколку дена после возењето на Волво -то, па можев да споредам импресии (со новото што го тестирав до Охрид и назад во Скопје). Првиот впечаток на салонот во Ниш е дека е неугледен и не е шминкерски.Ама после тоа сваќаш дека луѓево се професионалци , многу искрени и еден од најдобрите салони што бевме). Не пречека еден од сопствениците, и прво седнавме да си помубаетиме и да продискутираме околу модели, опрема и слично. Набрзо после тоа ни понуди тест возење. Пробавме верзија со 2.0 Бензинец мотор, со 165 кс, погон на 4 тркала, автоматски менувач и Revolution ниво на опрема (кожа, систем за автоматско кочење при препрека (работи до 35 км/ч ако не се лажам), BOSE аудио систем, 19" бандажи, итн итн.. Прво надворешно мене CX5 -та ми се допаѓа ама ептен. Во живо изгледа многу поубаво од колку на слики, поготово таа плава боја што им е во промоциите. (Мене фаворит на бои ми беа или таа плава или сива).На прв поглед личи дека не е големо возило, а после некое време сваќаш дека е на ниво на ЦР-В. Исто дизајнот е многу вкусен. Не е нападен, а во исто време складен и барем мене убав (многу сакам дизајни што не се нападни а се вкусни). Мене лично CX5 ми се допаѓа многу повеќе од CX7 (плус иако CX7 e поголем надворешно по димензии, внатре CX 5 има поголем багажник, и во некои мерки дури и повеќе место за седење). Интериерот е исто вкусно уреден со квалитетни материјали, и да речеме спортска нота, а воедно тамам простор за ситници и слично. Седењето е фантастично, се наместив после многу кратко време во многу удобна позиција.
Планот за тест возење беше да го пробаме по автопат, како и по некои магистрални патишта со кривини, дупки и слично. Кога излегов на автопат, се зачудив колку удобно вози. Од една страна е прилично прецизен, стабилен, ама па во исто време удобен (го нема камионестото подскокнување од на пример оутлендер -от, или дури и волво -то). Прво го возев во автоматски мод, и ако не се лажам за разлика од волво -то, овде менувачот менува на висок вртеж (барем кај бензинецот). Моторот има спортски звук, и си е скроз тамам за ова возило. За разлика од ЦР-В -то или Волво -то, каде што возиш полека, господски , онака слушаш музика и уживаш, овде те тера да се тркаш
. Качив 180 км/ч и е ептен стабилно возило.. Воопшто не се чуствува лулање или нестабилно.. Некако го направиле да е СУВ а да има возење како кола, а во исто време да е удобно , а да не лула. Прејдов во мануелен мод, и истата прикаска.. Те тера да го газиш , ама во исто време се е некако удобно, тамам избалансирано. Од автопат отидовме по некои магистрални селски патишта, полни со кривини и дупки. Се сеќавам дека удрив огромна дупка, и пази чудо.. Ја изамортизира многу меко, не ко повеќето од СУВ -овите (на пример и Волво -то на дупките накај Визбегово подскокнуваше), и многу стабилно.. Ова ми е чудно бидејќи возев 19 ки бандажи, и очекував да е тврдо. По кривините држи неверојатно и те тера да го газиш на висок вртеж и баш поспортски да возиш (можеш и полека и на низок вртеж, ама баш прави ќеиф кога ке го возиш по спортски). Во тој момент сватив дека ова е колата што ја сакам.. Не можев да најдам маана ( а да.. БОСЕ аудио системот свири фантастично исто). Спој од удобно седење, добро држење при возење, добри перформанси (и многу малку троши), и многу простор, плус финти со задните седишта (се преклопува секое посебно и се први рамен под, и тоа со притискање на копче од багажник. Само стискаш копче и соодветното седиште се спушта и се прави рамен под). Багажникот е доста голем инаку, и има тамам форма.Требаше да се враќаме во салон, ама јас замолив ако може уште еднаш на автопат. Пак излеговме на автопат, и пак го стиснав, ептен ми праеше ќеиф како вози. На враќање решив да го пробам онака на ниски вртежи и полека.. Исто.. ЌЕИФ. Инаку автоматски менувач е одличен и далеку подобар од ЦРВ (светлосни години подобар), на ниво со Волво -то, со тоа што овде менува поспортски. Исто кај Мазда -ва немаше потреба во кривини да преоѓам на мануелен мод , исто стабилно вози и во автоматски и во мануелен мод, со тоа што во мануелен можда има повеќе кеиф ако сакаш поспортски да ги возиш.
Конечно се вративме во салон, а мене ми сијаа очи
, и не ми се излегуваше од колава... Човекот ми понуди да пробам и 150кс дизел верзија (која што ако добро разбрав е со две турбини), меѓутоа бидејќи не беше регистрирана не сакав да излегуваме на автопат, туку само по тој селскиот кривулест пат. И ова вози фантастично, да речеме помалку спортски од бензинецот, ама фантастично.. Снага колку сакаш, нема лаг, и ова вози по смирено (не те тера толку да се тркаш). Во овој случај нема кој е подобар мотор.. Прашањето е што повеќе сакаш?
Троши многу малку, има многу торк. Оваа верзија беше со помалку опрема. Да напоменам дека цената на CX -5 почнува д 21500 ЕУР и доѓа до 33000 ЕУР. Пакетите се така направени да за 2000 еур стално добиваш нешто што личи дека вреди и повеќе и јас стигнав до верзија од 32000 ЕУР (која што мислам дека си ги вреди парите).
Почнавме да размислуваме и правиме муабет за пост сервис, со оглед дека во МКД немаме сервис, и што би било ако не дај боже треба да поправам некој удес. Исто како би изгледало редовното сервисирање и слично. Од салон отидовме во кафана , баш фино се подруживме (човекот беше неверојатно срдечен, искрен и онака ко да сме пријатели цел живот. Самиот ги спомна сите компликации што би настанале, како и решенијата. Исто спомнав по кои цени би можел да купам некои други возила, и за една од марките кажа дека имаме ептен ниска цена и дека се исплати многу). Инаку прашував за купување на демо возилото што прво го пробав, ама не се исплатеше бидејќи на тоа веќе имаше платено данок при регистрација, и доаѓаше иста цена за ново (на новото добивав експорт цена). Покрај возилот не одушеви и салонот и луѓето таму. Се поздравивме и се вративме во Скопје. Јас уште првиот работен ден отидов во нашиот салон (тогаш веќе преселени во салонот до Huyndai), и ме пречекаа во атмосфера без компјутери. Кажав дека сум возел Мазда CX5 , дека ги знам цените орентациони, и да ми направи понуда за купување. Бидејќи немаа компјутери, понудата ми ја направи на хартија, а слики ми покажуваа на мобилен
. Ми побараа капар од 7000 еур, и дека колата би стигнала за месец-два.Јас се сложив да дадам капар од максимум 500-1000 еур, и тоа да направиме договор заверен на нотар колку пенали да плаќам јас ако не сум во состојба да платам до датумот што ќе го дефинираме , колку пенали ќе плаќаат тие ако возилото не е во Скопје и не можат да го испорачаат до одредениот датум. Исто без да биде заложено во Банка (така правеле на доста нови возила). Исто тој капар не би го оставил кај нив , туку би бил депониран кај нотар или адвокат или некако (не навлегувавме во деталите како тоа да се изведе).
Рекоа дека ќе се јават, и не се јавија. Јас во меѓувреме испитав и сватив дека од нив ништо не бидува, така да се помирив дека нема да може да се направи локално ништо. Во меѓувреме добив информација кои би биле потенцијалните нови застапници, и ги исконтактирав. Си напраивме ептен отворен муабет, и решив да почекам уште кратко време.
Наредно: Да кажам што сум купил и зошто, или тест на СУБАРУ XV?
поздрав
Дарко