Така де. Топло препорачувам кросоверџии да ја пробаат колава. Чим јас како нивен противник викам дека би ја купил... Што останува за вас?
Или што би рекол еден мој познаник, за (тогаш новата) Мерцедес Е АМГ. -Абе ај дојди да ја видиш! „Неќам да ја видам, после се друго нема да ми чини.“
I cisto da se podsetime
Testov go pravev inaku Juni 2012 godina
"Пред викенд: Mazda CX5 тест. Пред да пресечам за Волво -то, сакав да ја пробам и новата CX5. Во суштина CX5 ми беше интересно како потенцијално возило уште од првиот момент кога почнав да читам по нет за тоа што и како би било. Бев претплатен на еден куп форуми, newsleteri и слично и едвај чекав да излезе во живо.Инаку бев во комуникација со Мазда Хрватска, Словенија и Србија, бидејќи нашиве ми беа сомнителни, и добив и цени уште пред да се појави. Отидов кај нашиве, ама секое гледање ме убедуваа дека кај да е ќе добијат возило за тест, и дека ќе имаат одлични цени. Како тоа не се случи , се јавив во Ниш и си закажав тест возење.
Отидовме во Сабота, и тоа неколку дена после возењето на Волво -то, па можев да споредам импресии (со новото што го тестирав до Охрид и назад во Скопје). Првиот впечаток на салонот во Ниш е дека е неугледен и не е шминкерски.Ама после тоа сваќаш дека луѓево се професионалци , многу искрени и еден од најдобрите салони што бевме). Не пречека еден од сопствениците, и прво седнавме да си помубаетиме и да продискутираме околу модели, опрема и слично. Набрзо после тоа ни понуди тест возење. Пробавме верзија со 2.0 Бензинец мотор, со 165 кс, погон на 4 тркала, автоматски менувач и Revolution ниво на опрема (кожа, систем за автоматско кочење при препрека (работи до 35 км/ч ако не се лажам), BOSE аудио систем, 19" бандажи, итн итн.. Прво надворешно мене CX5 -та ми се допаѓа ама ептен. Во живо изгледа многу поубаво од колку на слики, поготово таа плава боја што им е во промоциите. (Мене фаворит на бои ми беа или таа плава или сива).На прв поглед личи дека не е големо возило, а после некое време сваќаш дека е на ниво на ЦР-В. Исто дизајнот е многу вкусен. Не е нападен, а во исто време складен и барем мене убав (многу сакам дизајни што не се нападни а се вкусни). Мене лично CX5 ми се допаѓа многу повеќе од CX7 (плус иако CX7 e поголем надворешно по димензии, внатре CX 5 има поголем багажник, и во некои мерки дури и повеќе место за седење). Интериерот е исто вкусно уреден со квалитетни материјали, и да речеме спортска нота, а воедно тамам простор за ситници и слично. Седењето е фантастично, се наместив после многу кратко време во многу удобна позиција.
Планот за тест возење беше да го пробаме по автопат, како и по некои магистрални патишта со кривини, дупки и слично. Кога излегов на автопат, се зачудив колку удобно вози. Од една страна е прилично прецизен, стабилен, ама па во исто време удобен (го нема камионестото подскокнување од на пример оутлендер -от, или дури и волво -то). Прво го возев во автоматски мод, и ако не се лажам за разлика од волво -то, овде менувачот менува на висок вртеж (барем кај бензинецот). Моторот има спортски звук, и си е скроз тамам за ова возило. За разлика од ЦР-В -то или Волво -то, каде што возиш полека, господски , онака слушаш музика и уживаш, овде те тера да се тркаш Смешко. Качив 180 км/ч и е ептен стабилно возило.. Воопшто не се чуствува лулање или нестабилно.. Некако го направиле да е СУВ а да има возење како кола, а во исто време да е удобно , а да не лула. Прејдов во мануелен мод, и истата прикаска.. Те тера да го газиш , ама во исто време се е некако удобно, тамам избалансирано. Од автопат отидовме по некои магистрални селски патишта, полни со кривини и дупки. Се сеќавам дека удрив огромна дупка, и пази чудо.. Ја изамортизира многу меко, не ко повеќето од СУВ -овите (на пример и Волво -то на дупките накај Визбегово подскокнуваше), и многу стабилно.. Ова ми е чудно бидејќи возев 19 ки бандажи, и очекував да е тврдо. По кривините држи неверојатно и те тера да го газиш на висок вртеж и баш поспортски да возиш (можеш и полека и на низок вртеж, ама баш прави ќеиф кога ке го возиш по спортски). Во тој момент сватив дека ова е колата што ја сакам.. Не можев да најдам маана ( а да.. БОСЕ аудио системот свири фантастично исто). Спој од удобно седење, добро држење при возење, добри перформанси (и многу малку троши), и многу простор, плус финти со задните седишта (се преклопува секое посебно и се први рамен под, и тоа со притискање на копче од багажник. Само стискаш копче и соодветното седиште се спушта и се прави рамен под). Багажникот е доста голем инаку, и има тамам форма.Требаше да се враќаме во салон, ама јас замолив ако може уште еднаш на автопат. Пак излеговме на автопат, и пак го стиснав, ептен ми праеше ќеиф како вози. На враќање решив да го пробам онака на ниски вртежи и полека.. Исто.. ЌЕИФ. Инаку автоматски менувач е одличен и далеку подобар од ЦРВ (светлосни години подобар), на ниво со Волво -то, со тоа што овде менува поспортски. Исто кај Мазда -ва немаше потреба во кривини да преоѓам на мануелен мод , исто стабилно вози и во автоматски и во мануелен мод, со тоа што во мануелен можда има повеќе кеиф ако сакаш поспортски да ги возиш.
Конечно се вративме во салон, а мене ми сијаа очи Смешко, и не ми се излегуваше од колава... Човекот ми понуди да пробам и 150кс дизел верзија (која што ако добро разбрав е со две турбини), меѓутоа бидејќи не беше регистрирана не сакав да излегуваме на автопат, туку само по тој селскиот кривулест пат. И ова вози фантастично, да речеме помалку спортски од бензинецот, ама фантастично.. Снага колку сакаш, нема лаг, и ова вози по смирено (не те тера толку да се тркаш). Во овој случај нема кој е подобар мотор.. Прашањето е што повеќе сакаш? Смешко Троши многу малку, има многу торк. Оваа верзија беше со помалку опрема. Да напоменам дека цената на CX -5 почнува д 21500 ЕУР и доѓа до 33000 ЕУР. Пакетите се така направени да за 2000 еур стално добиваш нешто што личи дека вреди и повеќе и јас стигнав до верзија од 32000 ЕУР (која што мислам дека си ги вреди парите).
Почнавме да размислуваме и правиме муабет за пост сервис, со оглед дека во МКД немаме сервис, и што би било ако не дај боже треба да поправам некој удес. Исто како би изгледало редовното сервисирање и слично. Од салон отидовме во кафана , баш фино се подруживме (човекот беше неверојатно срдечен, искрен и онака ко да сме пријатели цел живот. Самиот ги спомна сите компликации што би настанале, како и решенијата. Исто спомнав по кои цени би можел да купам некои други возила, и за една од марките кажа дека имаме ептен ниска цена и дека се исплати многу). Инаку прашував за купување на демо возилото што прво го пробав, ама не се исплатеше бидејќи на тоа веќе имаше платено данок при регистрација, и доаѓаше иста цена за ново (на новото добивав експорт цена). Покрај возилот не одушеви и салонот и луѓето таму. Се поздравивме и се вративме во Скопје. Јас уште првиот работен ден отидов во нашиот салон (тогаш веќе преселени во салонот до Huyndai), и ме пречекаа во атмосфера без компјутери. Кажав дека сум возел Мазда CX5 , дека ги знам цените орентациони, и да ми направи понуда за купување. Бидејќи немаа компјутери, понудата ми ја направи на хартија, а слики ми покажуваа на мобилен Смешко. Ми побараа капар од 7000 еур, и дека колата би стигнала за месец-два.Јас се сложив да дадам капар од максимум 500-1000 еур, и тоа да направиме договор заверен на нотар колку пенали да плаќам јас ако не сум во состојба да платам до датумот што ќе го дефинираме , колку пенали ќе плаќаат тие ако возилото не е во Скопје и не можат да го испорачаат до одредениот датум. Исто без да биде заложено во Банка (така правеле на доста нови возила). Исто тој капар не би го оставил кај нив , туку би бил депониран кај нотар или адвокат или некако (не навлегувавме во деталите како тоа да се изведе).
Рекоа дека ќе се јават, и не се јавија. Јас во меѓувреме испитав и сватив дека од нив ништо не бидува, така да се помирив дека нема да може да се направи локално ништо. Во меѓувреме добив информација кои би биле потенцијалните нови застапници, и ги исконтактирав. Си напраивме ептен отворен муабет, и решив да почекам уште кратко време. "
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7217.315.htmlDarko