Interesno
По 40 години присуство во Европа, Mitsubishi и натаму ја одржува перцепцијата меѓу купувачите како квалитетна автомобилска марка за што сведочи и последното истражување на ADAC.
Резултатот од најновото истражувањето на задоволство спроведено од германското здружение за помош на пат, ADAC, вели дека Mitsubishi бележи позизитвни оценки меѓу пребирливите германски купувачи.
Во истражувањето на ADAC, 20.000 сопственици на возила биле прашани да дадат проценка на својата автомобилска марка, во однос на самиот продукт, но и во донос на услугата што ја добиваат.
ADAC е најголемиот автомобилски клуб во Европа со над 18 милиони членови кои позитивно се искажале за вредноста на Mitsubishi кој според Квалитетот на сервис е трет на листа меѓу марките
Што се однесува до Перцепцијата на марката Mitsubishi e 11-ти на листата од вкупно 25 тестирани марки. Кога се работи за Задоволство од производот Mitsubishi ASX е рангиран на 8-мо место, веднаш зад европските премиум модели.
A, новиот Mitsubishi Space Star е избран за најдобра понуда на градско возило од магазинот „ADAC Motorwelt” заради ниската потрошувачка на гориво, како и заради други предности на возилото.
Izvor;
Vozi.com.mk