Едно е да продаваш добро, друго е да имаш профит. GM го работеше Opel многу „американски“. Играа на бројки на продадени возила наместо на одржлив профит. Играа на америчката карта на продавање многу коли со ниски маржи. А тоа не е оддржливо во Европа.
Плус, имаа погрешна дилерска стратегија, сами си пукаа во нога кога го донесоа Chevrolet во Европа и немаа конкретна визија за моделска понуда. Еден куп непрофитабилни модели, еден куп чудни ребрендирани возила преземени од сосем други производители, си го уништија имиџот со „класик“ варијанти итн, итн, итн.
Општо, GM го менаџираше Опел многу погрешно и го доведе до таа позиција до која го доведе...