Вака.. Јас одамна имам став дека сè што е под 10 секунди до 100 е сосем доволно за просечен возач. Дали колата би била подобра со повеќе сила? Апсолутно, нема муабет. Ама дали е вака лоша? Не. Не е кола за урлање и летање, него е баш за поопуштено возење и има многу купувачи на кои тоа ќе им одговара. Дали е доволно брза за мене, субјективно? Не. Е сега, поентата е дека треба да пренесам објективно (колку што можам) мислење и да ја ставам колата во соодветен контекст.
Инаку, и јас мислам дека стратегијата на Stellantis со моторите е скроз погрешна. Самите си пукаат во нога и се ограничуваат.