Имав А150, може имам некаде постирано слики. Колата нема мака, ама моторот е слаб и тромав. Одржувањата се доста евтини.
Во неколку години сменивме - дизна за плин, неколку мали сервиси комплет со филтри, свеќици, буфер на амортизер и задни спирали и миислам дека анласер (мораше вадење мотор само за ова и работната рака беше 6000 ден), другите делови филтри/масла/свеќици/буфери и останати работи се евтини и работната рака е евтина.
Исто така е мнооогу ниска и фаќа на секое можно шахтиче и тротоарче, ја возевме на 185/65R15.
Според мене не е баш премиум оваа на линкот - фали ел. стакла задни, темпомат, полукожени седишта и поголема навигација - јас би ставил плин.