Автор Тема: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT  (Прочитано 2839 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #1 на: 30 Август 2024, 08:25:54 am »
Цитат
На хартија, 1.2-литарскиот турбо-бензинец можеби би звучел како да не е доволен, а скептиците најверојатно би реагирале. Сепак, вистината е малку поинаква.

Како тоа? Па има автомобили кои „се возат“ агресивно, со нагло забрзување и врескачки перформанси. Од друга страна, има автомобили кои се возат со одржување темпо, со посмирени, подостоинствени команди и поопуштен пристап кон нештата – и токму таков автомобил е новиот 3008.

Или во кратки црти, тиња мотор. За тие пари треба да е од првите, да вреска.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #2 на: 30 Август 2024, 08:38:39 am »
Тие секако си пресметале што и како треба да понудат. Сепак е во рангот на 10с до 100, како и 200км/ч. Сосема доволно за 95% од купувачите, по мене. Ова сигурно нема да го купи некој во 20 тите.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6671
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #3 на: 30 Август 2024, 08:40:24 am »
Зеро, си веруваш ли сам на себе околу напишаното за моторов и перформансите?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3720
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #4 на: 30 Август 2024, 09:30:09 am »
Овај дизајн со 1.5 ТСи и 2.0 ТСи од ВАГ и ќе растурат со продажба :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #5 на: 30 Август 2024, 10:13:55 am »
Вака.. Јас одамна имам став дека сè што е под 10 секунди до 100 е сосем доволно за просечен возач. Дали колата би била подобра со повеќе сила? Апсолутно, нема муабет. Ама дали е вака лоша? Не. Не е кола за урлање и летање, него е баш за поопуштено возење и има многу купувачи на кои тоа ќе им одговара. Дали е доволно брза за мене, субјективно? Не. Е сега, поентата е дека треба да пренесам објективно (колку што можам) мислење и да ја ставам колата во соодветен контекст.

Инаку, и јас мислам дека стратегијата на Stellantis со моторите е скроз погрешна. Самите си пукаат во нога и се ограничуваат.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #6 на: 30 Август 2024, 12:18:42 pm »
Вака.. Јас одамна имам став дека сè што е под 10 секунди до 100 е сосем доволно за просечен возач. Дали колата би била подобра со повеќе сила? Апсолутно, нема муабет. Ама дали е вака лоша? Не. Не е кола за урлање и летање, него е баш за поопуштено возење и има многу купувачи на кои тоа ќе им одговара. Дали е доволно брза за мене, субјективно? Не. Е сега, поентата е дека треба да пренесам објективно (колку што можам) мислење и да ја ставам колата во соодветен контекст.

Инаку, и јас мислам дека стратегијата на Stellantis со моторите е скроз погрешна. Самите си пукаат во нога и се ограничуваат.

Ѝ фали малце поголем мотор од аспект на комфор, не за да урла. За да може да товариш фамилија од 4 плус багаж и колата да не се мачи ако треба угорница да качиш или да претекнеш на автопат.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6671
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #7 на: 30 Август 2024, 15:38:27 pm »
Заборави со ова престигнување по планинскиве превои. Престигнување не рачунам ако изиграш педерски започнеш и возиш 3км/ч побрзо од камионот или автобусот. Таа димензија на возило треба да е минимум 180-200кс за да вози како што треба. Се друго е обид за самоубиство.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #8 на: 01 Септември 2024, 14:36:25 pm »
Тие секако си пресметале што и како треба да понудат. Сепак е во рангот на 10с до 100, како и 200км/ч. Сосема доволно за 95% од купувачите, по мене. Ова сигурно нема да го купи некој во 20 тите.

Јас не сум во 20тите и нема ни да го погледнам

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #9 на: 02 Септември 2024, 07:49:28 am »
Многу скап, затоа Спортаж народот одбира за 5 бона помалку.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #10 на: 03 Септември 2024, 16:36:35 pm »
Дали колата би била подобра со повеќе сила? Апсолутно, нема муабет. Ама дали е вака лоша? Не. Не е кола за урлање и летање, него е баш за поопуштено возење и има многу купувачи на кои тоа ќе им одговара.

Значи сакаш да кажеш дека на кола од 45.000 евра дури е и подобро што има послаб мотор за смирено возење? Како го спинуваше ова, па да имаше Грујо ваков јак ПР како тебе уште на власт ќе беше.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #11 на: 03 Септември 2024, 16:38:32 pm »
Заборави со ова престигнување по планинскиве превои. Престигнување не рачунам ако изиграш педерски започнеш и возиш 3км/ч побрзо од камионот или автобусот. Таа димензија на возило треба да е минимум 180-200кс за да вози како што треба. Се друго е обид за самоубиство.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Те видов јас прееска, урлаш и леташ во тоа Киата со 180 коња. Земи си едно Пежо да се смириш малце, фамилијарен човек си.

Да предупредам покасно околу 6 ќе возам на партизанска јас, затворете жени и деца, имам 185 коња на располагање 2.0 дизел AWD.

Свашта муабети.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #12 на: 03 Септември 2024, 16:40:23 pm »
Вака.. Јас одамна имам став дека сè што е под 10 секунди до 100 е сосем доволно за просечен возач.

А зашто тогаш се продаваат моделиве со посилни мотори? Тоа купците се рели возачи или едноставно глупи според тебе?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6671
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #13 на: 03 Септември 2024, 16:50:06 pm »
Е брза е кијата бато, не се држи, ќе ја смалуеме со несторо на 90кс софтверски, таман ќе биде за крузање, а и евтиниот зелен картон ќе го фатам.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2700
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #14 на: 03 Септември 2024, 16:58:31 pm »
Само софтверски ќе ја смалувате или ќе извадите еден клип механички за да го доловиш целиот благодет од возење трицилиндраш?